Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

29.06.2012, 18:47

Мислења

Улицата на непознатиот војвода на коњ

Ѓорѓи Спасов

Груевски и Трајановски веројатно не се свесни во која насока ги движат работите со политички интервенции во историјата кога се промовираат незнајни воини и војводи
Во Македонија веќе никој не ја споменува поговорката - Викај ме и грне. Само немој да ме скршиш. Напротив. Го браниме принципот: Името е се'. Името е светост. Името е идентитет. Името е она по што другите не' препознаваат. Без име сме никој и ништо. И тој што сака да ни го смени името е наш најголем душман. Тој сака да не' обезличи. Тој сака да не постоиме.

Но, дали така се однесуваме кон туѓите имиња и идентитети? Дали Никола Груевски и Коце Трајановски можат да разберат колку е болно за луѓето да им го менуваат без прашање и согласност името на улицата на која тие се родиле, името на улицата на која тие живеат со години, името на улицата во која го минале своето детство, младост во која прв пат се заљубиле и која на некој начин станала дел од нивниот идентитет. Како тоа за се' друго ги прашуваат граѓаните, организираат отворени денови на Владата за идеи, за името на земјата ќе се решава на референдум, а за ова прашање донесуваат одлука врз основа на своите идеолошки преференции. Дали Груевски и Трајановски можат да сфатат колку многу сопствената земја ја изложуваат на потсмев со тоа што под споменикот на Александар Македонски ќе напишат дека е тоа „Воин на коњ“, а под споменикот на Тодор Александров ќе напишат дека е тоа споменик на „Непознат војвода на коњ“.

Можеби на Груевски и Трајановски вистина им се непознати овие личности и споменици и можеби, како што објаснуваат, вајарите случајно ги избрале ликовите на Александар Македонски и на Тодор Александров за своите скулптури „Воин на коњ“ и „Непознат војвода на коњ“, но Владата и Градот, со овој стил на однесување создаваат преседан кој може нив лично да ги изложи на јавен подбив.

Се прашал ли Груевски, на пример, што ќе се случи ако, да кажеме, Бојко Борисов, поради мајтап, постави споменик со ликот на Груевски во Софија и под него напише „Непознат Бугарин од соседна Македонија“. Истото тоа би можел да го направи и Самарас кој би поставил споменик во Солун со ликот на Груевски под кој би напишал: „Непознат националист од соседството“. Со други зборови, да градите споменици со ликови на познати личности од историјата, независно од нивната заслуга и да ги именувате како „воин на коњ“ или „непознат војвода на коњ“ не е политичка мудрост, мимикрија или итрина на умот. Тоа е сквернавење на ликови со јасен историски идентитет и обид за убедување на своите граѓани дека тоа што го гледаат не е тоа што го гледаат, туку тоа што Владата сака да го гледаат.

Груевски и Трајановски веројатно не се свесни во која насока ги движат работите со вакви политички интервенции во историјата. Ако тие сметаат дека секоја власт има право по свој избор да зема познати ликови од историјата и на тие ликови и личности да им прави споменици, па потоа тие споменици да си ги именува како што сака; или да ги менуваат имињата на улиците само затоа што географските одредници, како што се Бихаќ, Мексико или Водно, не и' се допаѓаат на актуелната власт, тогаш треба да бидат свесни дека некоја следна влада може да се мајтапи на истиот начин со нив.

По промената на оваа власт, врз основа на овој принцип и право утврдено од оваа Влада, некој би можел да предложи гробиштата во Бутел да добијат име „Булевар на преродбата во 100 чекори - надградена и проширена“; улицата на која живее Никола Груевски да се вика „Улицата на непознатите војводи Љупчо и Бранко“. А улицата на која живее Коце Трајановски да се вика „Улицата на непознатиот градоначалник на магаре“.

Во големите светски метрополи вистина постојат споменици на незнајниот јунак. Со таквите споменици им се оддава признание на сите што ги дале животите за слободата и независноста на својата татковина. Кога странските државници доаѓаат во посета на такви земји, протоколот предвидува тие да положат цвеќе на споменикот на незнајниот јунак. Во земја со многу споменици на незнајни воини, војводи и јунаци треба да се размисли што е тоа што би можел да го предвиди државниот протокол. Можеби идејата на Груевски е кога ќе имаме во посета висока државна делегација од Бугарија, таа да полага венец пред непознатиот војвода на коњ. Кога ќе имаме висока делегација од Грција, таа да полага венец пред незнајниот воин на коњ. Кога ќе има делегација од Албанија, таа да полага венец на споменикот на непознатата Мајка, а за потребите на делегациите од земјите што настанаа од поранешна Југославија можеби ќе направи и споменик на непознатиот маршал со познат лик. Се стекнува впечаток дека во земја со толку познат премиер сите стануваат непознати.

Груевски, кој ветуваше дека за време на својот мандат ќе и' се посвети само на економијата, очигледно сака да остане запаметен и по други нешта. Тој успешно го наметна денот на основањето на ВМРО (23 октомври) за национален празник, нарекувајќи го Ден на македонската револуционерна борба. Му поминуваат и луксузите Денот на дрвото да се прогласува за неработен ден, а да се одработува во празничен ден кој Владата ќе го определи; улицата на која се наоѓа седиштето на опозициската партија да ја преименува во Павел Шатев, според името на својот омилен институт, и' останува само уште својот роденден да не' натера да го славиме како Ден на младоста. Интересно е само зошто кога веќе му е срам споменикот на Тодор Александрв да го нарече со вистинското име не ја нарече и улицата Тодор Александров „Улица на непознатиот војвода на коњ“. Или - зошто кога веќе не сака да ги лути Грците, улицата „Филип Втори Македонски“ на која се наоѓа седиштето на Министерството за надворешни работи не не ја нарече „Улица на татко му на воинот на коњ“. И пак се' ќе биде јасно. Улицата „Максим Горки“ нека ја нарече „Улица на напознатиот автор на романот ’Мајка‘“, а улицата Салвадор Алјенде „Улицата на непознатиот социјалист кој беше соборен од храбриот конзервативец Густаво Пиноче“.

На прашањето од новинарите дали станува збор за споменик на Тодор Александров или случајно е одбран неговиот лик за скулптурата „Непознат војвода на коњ“, истакнатите историчари што ја опслужуваат сегашната власт немаат одговор. Но, тие имаат дилема дали лавчето од капата на Тодор Александров е бугарски лав или двоопашест лав од земските грбови на Македонија. Според темпото на оваа важна дебата, големи се шансите тие да се договорат околу етничкото потекло на лавот, но не и околу заслугите на Тодор Александров, кој дотогаш ќе остане „Непознат војвода на коњ“.

Не дај боже некој да го препознае, како што ја препозна неговата биста во Велес, поставена во еден двор, па на некој да му текне да го урива. Веднаш ќе се отвори дебата за тоа дали бил урнат споменик на некој непознат војвода или некој имал нешто против делото на Тодор Александров. Тоа тешко и полицијата ќе може да го докаже.

Деновиве бев во Црна Гора и се сретнав со некои мои пријатели. Слушнале за спомениците и улиците во Скопје и ме прашаа дали знам како се вика копиле на црногорски. Откако им реков дека не знам, ми рекоа: „Ми то зовемо, пријатељу, дјете незнаног јунака“.

И додаваат нашега - на Балканот имаме идиоти. Ни недостига само Достоевски.

(Авторот е универзитетски професор)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=913A8...21A1D451B4
30-06-2012, 06:23 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 30-06-2012, 06:23 AM