Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 29.06.2012, 16:01

ВНИМАВАЈТЕ KАKОВ KУСУР ВИ ДАВААТ KОГА ОДИТЕ НА ОДМОР
Грци и Бугари штанцале лажни монети

Kовачницата на фалсификувани пари е откриена во Солун, каде што е пронајден материјал за производство на 100.000 евра, а двајца од групата фалсификатори се уапсени на Халкидики
Македонските државјани да внимаваат каков кусур добиваат кога одат на одмор во Грција или во Бугарија бидејќи деновиве во двете земји беше откриена меѓународна криминална група која штанцала фалсификувани евромонети. Засега не се знае колку монети успеале да пуштат во оптек и дали дел од нив завршиле и на нашиот пазар. Интересно е што криминалната група била составена и од Бугари и од Грци. Акцијата за нивно апсење била спроведена во соработка со полициите од овие две земји, а во координација со Европол.

Првата акција ја спровела грчката полиција на 26 јуни во селска фарма во близина на Солун.

Таму е откриена нелегална ковачница на лажни монети. Полицијата запленила машини и алати кои биле употребувани за професионална изработка на овие монети. Kолку и да изгледа наивно, бизнис-криминалците добро знаеле што прават и дека бизнисот им бил исплатлив.

Тие имале најсофистицирана опрема, па монетите не само што изгледале како вистински туку имале и речиси иста тежина и форма. Се користел белгискиот национален дизајн на евробанкнотите.

Во оваа ковачница работеле двајца, едниот Грк, а другиот на возраст од 59 години со двојно државјанство - грчко и бугарско. Двајцата се уапсени на Халкидики во Грција.

Не се открива каде ги пуштале во промет парите и дали дел од нив завршил во рацете на туристите на Халкидики. За обемот на нивниот нелегален бизнис говори фактот што кај нив бил запленет материјал со кој можело да се произведат монети во вредност од 100.000 евра. Тие главно правеле монети со номинала од 2 евра.

Меѓу запленетите машини и алат имало и хидраулична преса, алати за сечење на краевите на монетите, за одредување на дебелината и слично.

По оваа полициска акција следувала координирана акција во Пловдив, Бугарија, каде што се уапсени тројца членови на оваа меѓународна група - на возраст од 41, 42 и 54 години. На шест локации истовремено имало рации, по што се пронајдени алати и машини за печатење пари, овој пат и на банкноти, а не само на монети. Запленети се лажни монети на евро, но и на швајцарски франк, фалсификувани евробанкноти и фалсификувани евра, голема количина антички монети, грчки документи без идентитет, но и одредена количина кокаин.

Лажни метални пари во апоени од 1 или 2 евра уште пред шест години беа откриени во печатници во Бугарија. Уште тогаш се предупредуваше дека дел од нив завршиле на македонскиот пазар, за што тогаш потврдија и од неколку скопски менувачници. Сепак, бројот на фалсификувани евромонети во Македонија е многу мал, тврдат познавачите.

Вакви монети најчесто се подметнуваат во земји каде што еврото е официјална валута. Може со нив да се платат транспортни или телекомуникациски услуги. Во 2006 година беше откриено дека парите, кои се ковале во Бугарија, најчесто се транспортирале во Германија бидејќи имале реверси што прилегаат на оригиналните германски пари.

Експертите препорачуваат магнет како ефикасно средство за откривање на лажните евромонети бидејќи фалсификатите, по правило, се полесни од оригиналот и не ги привлекува магнетното поле. Лажните монети се разликуваат од оригиналот и според бојата. Обрачот на монетите, кој на оригиналот е со златна боја, кај фалсификатот е со потемна бакарна боја. (А.М.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4F2CEB...9A8577D41B
30-06-2012, 06:20 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 30-06-2012, 06:20 AM