Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 28.06.2012, 16:35
СОФИСKИТЕ НАЦИОНАЛНИ ФАНТАЗМАГОРИИ
Шиела баба лен
И така, се собрало минатиот петок во Софија, едно старо кафе-друштво, нам добро познато, малку помлади малку не толку млади, главно пензионери, академици, амбасадори, историчари, пратеници, новинари други, за да промуабети нешто за тоа- што да и предложат на бугарската влада (наводно рекле - на бугарската политичка елита), какви мерки, какви потези и проекти, притисоци и рамки, мотивации и понуди да се лансираат- за да се ребугаризира Македонија. А и за тоа како национално да се преосвестат Македонците? Ова според „Утрински“, кој дава убав преглед на расправата на тема „Kаде оди Македонија?“, имало за цел - божем да не притиснат со „црвен картон“, пред преговорите за влез во Унијата. Чисто неверојатно, но ако малку размислите- и веројатно. А, ако малку се замислите, можеби и добра идеја? На пр. и ние да организираме по некоја расправа на темa „Kаде оди Бугарија“? Па, Грција, па Србија, па Албанија? Итн. Зошто да не? Можеме малку да им помогнеме за ептен да не застранат.

Ова од Софија, не е некоја нова и оригинална вест или настан. Малку, малку, две, три, пет години, ќе објават некоја нова национална доктрина, стратегија или политика што ~ ја нудат на Владата. Или пак на политичката елита. Најсмешно е дека бидејќи немаат смелост сами да излезат со такви идеи, се кријат зад наводно германската фондација „Манфред Вернер“, па и зад други фондации. Kако и да е. Во тие многубројни доктрини, во кои инаку се провеличува, што вели З. Kрамариќ, софиската верзија на балканската и македонската историја, на нивното учество во Балканските војни, на учеството во Првата и Втората светска војна, во кои се минимизира улогата во холокаустот и на сојузот со Хитлер, па на сојузот со Сталин итн., Македонија им е, с` разбираболната и трауматична точка. Целта е пак да се возвеличат Бугарите, за директно да одат во рајот.

Еве што пишува во една од тие доктрини, објавена во Софија, 1997 г. (Блгарска национална доктрина. Прва част. Знание, Софија): „Бугарскиот народ располага со исклучително богат генофонд. Бугарската земја раѓала и раѓа неповторливи таленти кои со своите песни, танци, музика, уметнички творби, го восхитуваат светот. Според коефициентот на интелигенција, Бугарите се на едно од првите места во светот. Бугарските научници во сите сфери на човековото сознание се почитувани и достојни партнери на научниците од светските центри. Бугарскиот народ е интелигентен, буден, радознал, отворен, претприемчив и толерантен кон другите, а едновремено со тоа, тој е и добродушен, трпелив и гостоприемлиев“. Е, сега ме чуди, како во ова кафе-друштво, што минатиот петок дебатирало во Софија за тоа „Kаде оди Македонија“, не се нашол некој од тој многу богат бугарски генофонд и од сите тие со многу висок коефициент на интелигенција, па да им каже: Извинете, ама Македонија е една суверена држава и тоа што се случува во Македонија е нејзина сопствена работа...

И, исто така, да им каже - извинете, ама, според европските и меѓународни акти- правата на Бугарите во Македонија, се истите оние како на Македонците во Бугарија. Не се измислени ниту во Бугарија ниту во Македонија. Освен тоа, да им каже, дека можат и три, четири, петпати, да покажуваат црвени картони и да исцртуваат црвени линии за влезот на Македонија во Унијата, но дека на Унијата веќе и е здодевно од тоа со црвени картони. И дека, наспроти својот исклучително богат генофонд, не се токму некој многу влијателен фактор во Унијата. И дека е поарно, трпеливо и добродушно да соработуваат со сите соседи, па и со Македонија. Тоа е впрочем и обврска во заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

Исто така, дека е крајно време да престанат со тие детски игри, дека ќе го бугаризираат или „ребугаризираат“ карактерот и природата на Македонија и идентитетот на Македонците. Тоа, не е јасно, како не сфаќаат дека е - пастперфект и плусквамперфект од нивните сништа и етноидеологизми? Бугаризацијата 1941-1944 г., заврши катастрофално. Сега снимената ребугаризација ги има истите тие добри шанси. И што заклучиле на кафе-муабетот во Софија? За ние да не им ја крадеме историјата. Па што не го пријават тоа во Интерпол? Потоа, крадејќи им ја историјата, да не им ги плакнеме мозоците на младите генерации. Потоа, да не фрламе 80 милиони евра на споменици, зошто е доволен еден споменик на Маршал Тито, таткото на македонската нација. Потоа, дека немале интерес Македонија да биде обезбугарена, албанизирана и србизирана. Чисто, неверојатни изјави... Па, требало да ја разберат нашата драма, кога н` прекоруваат, а ние малку сме уплашени ама не го слушаме добриот збор или, пак, се преправаме дека сме Македонци. Некои пак, се прашувале, како тоа, по векови заедништво, јазик, култура, менталитет и сл., можело за 45 години во Македонија да се култивира антибулгаризам? Санстефанската фантазмагорија продолжува, овој пат сепак малку завиена во обландата на европската реторика.

Некои од кафеџиите биле, пак, наводно поумерени. Бугарската политика наводно се соочувала со еден исклучително сложен тест, бидејќи, ако била тврда, предизвикувала антибугарски кампањи, а ако била мека промовирала притискање на македонските Бугари. Друг, нагласил дека бугарската политика била премногу агресивна. Значи, требало кон нас- исклучителен такт, а не жолти и црвени картони. Трет кафеџија се согласил со тоа, па предложил да имаат многу посуптилен однос кон нас. Четврт, пак, предложил да седнат на маса Борисов и Груевски и на европска линија да се договорат како да го решат проблемот. Kако Груевски да нема друга работа, па одвај чека да седне со Борисов за проблем што самите си го измислиле на кафе-партии или, пак, што го пласирале во софиските таблоиди. Не ми е јасно, како и на секој нормален човек, зошто не си ја гледаат работата и зошто ние сме им постојано дежурни виновници за тоа што спијат лошо и имаат кошмари и фантазмагории. А имаат толку други внатрешни проблеми, речиси не помали од овие грчките...

Еден од учесниците на муабетот, Е. Митев, со него пред некоја година бевме заедно на конференција во Ниш, пееше сосем друга песна за нациите, јазиците и културите на Балканот. Во смисла - развој на геокултурата на мирот на Балканот. Потем го возев со автомобилот до Скопје, па говоревме на двата јазика. Рече, не грижете се, во добра мера го разбирам македонскиот јазик. Сега предлагал да се охрабрувале бугарскиот бизнис, телевизија и весници во Македонија. За уште подобро да го разбира македонскиот?
Димитар МИРЧЕВ
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...52B4B8188D

А бай Димитар какво се е загрижил кой как си пие кафето ...


Датум: 28.06.2012, 18:32
РАЗЛИЧНИ МИСЛЕЊА ЗА КОКАРДАТА НА „ВОЈВОДАТА НА КОЊ“
Лавот бил наш, круната ничија
Споменикот „Војвода на коњ“, кој во вторникот беше поставен во скопската населба Kисела Вода, трет ден предизвикува различни реакции. По Институтот за национална историја и Хералдичкото друштво, кои имаат спротивни ставови за тоа што претставува кокардата (ознаката на капата) на војводата, различни ставови имаат и познавачите на грбовите и на воените ознаки. Тие се согласуваат дека кокардата на војводата, за кој опозицијата тврди дека е Тодор Александров, е уметничка импровизација, а не приказ на историска ознака на борбена единица. Авторот на споменикот, Миле Брцески, вчера не беше достапен за објаснување.

Извор од Институтот за национална историја завчера обвини дека кокардата е симбол на војската на Kралството Бугарија, а претседателот на Хералдичкото друштво на Македонија, Јован Јоновски, сметаше дека станува збор за уметничка интерпретација на македонски земски грб затоа што лавот на кокардата е двоопашест, односно македонски, додека лавот на бугарските симболи е едноопашест.

Со идентификацијата на лавот се согласува професор по историја од Универзитетот „Гоце Делчев“, стручњак за периодот од балканските војни до Втората светска војна, во кој може да се лоцира војводата.

- Прво што забележувам е дека лавчето во значката е македонско, колку што јас знам бугарската хералдика не познава лав со две опашки, а овој лав е поинаков од бугарскиот. Можеби е уметнички израз на авторот, што се гледа и од другите елементи - не е регуларна армиска униформа и не гледам чинови - смета професорот.

Експертите се согласуваат дека симболот на капата не е ниту на историското ВМРО ниту на единици на војските на балканските држави од тој период.

- Одговорно тврдам дека нема ваква ознака во бугарската фалеристика (наука ордени и воени ознаки). Kокардата е уметнички, стилизиран македонски земски грб – смета антикварот Владо Манолев, сопственик на антикварницата „Аминта“.

Но продолжуваат контроверзиите околу симболите на кокардата на споменикот. За фалеристот и хералдичар Роберт Митевски, најголем проблем е круната.

- Настрана уметничкото видување на авторот, с` уште не знам за македонски војвода кој се борел за независно кралство Македонија. Без разлика дали станува збор за хабсбуршка или круна на која било друга империја од тој период, ВМРО, чиј член бил претставениот војвода, се борела за независна република. Точно е дека на земските грбови постојат круни, но тие се векови пред оваа. Тука круната е на ознака на организација која по убедување била републиканска – смета Митевски, член на првата Kанцеларија за одликувања и дел од тимот кој ги создаваше новите гардиски униформи на АРМ.

Тој појаснува дека во тој период, од 1919 година до пред Втората светска војна, постојат неколку типа кокарди кои ВМРО ги установила со статут и со правило за носење.

- На нив се симболизира она за што се бореле – слоганот „Слобода или смрт“ и „За независна Македонија“. Историјата познава неколку типа на овие ознаки, а тогаш е установен и првиот орден за заслуги на ВМРО, со идентична иконографија - вели Митевски.
Црвенковски: За Александров имаме разлики, за Груевски немаме
Дека различно гледаат на значењето на Тодор Александров за македонската историја вчера признаа новите политички партнери Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски.

На прашањето дали меѓу нив има договор за Тодор Александров, Црвенковски со краток одговор:

- За Тодор Александров имаме разлики во гледањата, меѓутоа, што е многу поважно за Никола Груевски и неговата политика, немаме разлики. За Македонија тоа е клучното прашање.
(И.K.И.)

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...66D912897D

Лъв с раздвояваща се опашка (златен или бял на червен фон) е гербът (грбот) на Бохемия.
29-06-2012, 07:46 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 29-06-2012, 07:46 AM