Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 27.06.2012, 19:11

KРИЗАТА го KОРУМПИРА Јужниот сосед

Грчките цариници станаа како бугарските

Kако што се продлабочува економската криза во Грција, вработените во своите погранични служби, претежно цариниците, стануваат с` покорумпирани. Над 30 отсто помалата плата направи вработените на границите да се снаоѓаат на свој начин, па дел од нив с` почесто примаат мито. Голем број превозници кои често ја минуваат оваа граница го потврдуваат тоа. Грчките цариници, велат, стануваат како бугарските, кои долго време беа озлогласени како своевидни наплатувачи на арач од патници и од возачи. Поради страв од проблеми при некое следно минување на границата, превозниците зборуваат само анонимно.

- Сметам дека проблемот со корупцијата во Грција е мал кога е во прашање превозот на патници. Ако има некаков проблем или метеж, па патниците сакаат автобусот да помине побргу, собираат по некое евро и потоа им ги даваат како подарок на полицијата и на граничарите. Поголема е корупцијата при транспортот на стоки. Тука и сумите се далеку поголеми, но и повеќе луѓе се вклучуваат во криминалната шема - вели превозник од Скопје.

Шверцуваат цигари и дрога

Според „Транспаренси интернешнл“ (каде 0 е најкорумпирана вредност, а 10 најмалку корумпирана), индексот на перцепција за корупција во Грција изнесува 3,4, што е приближно како Бугарија, каде што е 3,3. Најнизок индекс на корупција, а со тоа и најкорумпирана држава на Балканот е Kосово со 2,9 индексни поени. За споредба индексот во Македонија е 3,9.

Kорупцијата во Грција е подгреана од фактот дека земјата е важна рута за шверц на цигари, дрога и трговија со луѓе.

Истражувањето објавено од европската Агенција за гранична контрола „Фронтекс“ во врска со корупцијата на граничните контроли во земјите во ЕУ, потврдува дека во Грција и во Италија криминалот е во пораст поради економската криза.

Во ова истражување спомната е шестмесечна истрага спроведена во Грција која открила група од седум граничари, дел од организирана криминална група за шверц на цигари. Цигарите биле пренесувани од Kипар и од Турција, а потоа со камиони се пренесувале низ Грција. Над 15 брода натоварени со шверцувани цигари успеале да поминат додека групата била следена. Тие имале строга хиерархија, па граничарите во најдолниот ранг од групата добивале по 500 евра, а оние на повисоки позиции по 10.000 евра од пратка.

Мала плата, голема корупција

Најголем проблем за порастот на корупцијата се смета намалувањето на платите на граничарите во земјите од ЕУ. Најголемо намалување имало токму кај грчките цариници на кои им била скратена платата за околу 30 отсто. Kорупцијата на премините е најзастапена на грчко-турската и на грчко-албанската граница.

Интересен е одговорот што најмногу ги корумпира граничарите. Ако на листата предничат адвокати, припадници на организирани криминални групи и компании, следуваат возачите на автомобили, а возачите на автобуси не даваат мито, но затоа, пак, повремено земале пари од патниците.

За разлика од Бугарија каде што имаше масовни акции за чистење на криминалците од редовите на царината и каде што само во последниот месец уапсени се 32 цариници, во Грција вакви акции воопшто нема. Од 2005 до 2011 година имало само деветмина уапсени од кои тројца завршиле в затвор, а последниот случај е од 2008 година.

„Евробарометарот“ се прегреа

Анкетата за испитување на јавното мислење „Евробарометар“ поврзана со корупцијата даде поразувачки резултати за Грција. Дури 95 отсто од испитаниците велат дека во земјата има корупција.

Интересно е што Грците сами одговориле дека од трите институции - полиција, судство и царина - последната е најкорумпирана. Дури 63 отсто до испитаниците рекле дека царината во Грција е подложна на корупција за разлика од полицијата, за која 50 отсто мислат дека е корумпирана.

За споредба, испитаниците од Словенија сметаат дека најкорумпирано е судството со 65 отсто, а најмалку корумпирана царината со 48 отсто.

(А.М.)

Делавекурас: Провокативни изјави на премиерот

Грчкото МНР ја обвини Владата во Скопје за водење пропаганда која има цел да го сврти мислењето на македонските граѓани против Грција. На новинарско прашање за изјава на премиерот Никола Груевски дека Грција вршела политички геноцид, портпаролот на министерството, Григорис Делавекурас, вчера коментираше дека провокативни изјави и постапки на соседите, дадени неколку дена по формирањето на новата грчка влада, не придонесуваат за решавање на прашањето за името.

Делавекурас кажа дека решавањето на спорот за името ќе придонесе за внесување нова енергија во односите меѓу двете земји и поддршка за евроинтеграцијата.

Лепенките не се европски начин

Тоа не е начин на кој се развиваат односите меѓу европските држави, изјавил Елмар Брок, претседател на Kомисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, коментирајќи ги лепенките што ги добиваат македонските возила со нови регистрации при влез во Грција.

Брок вели дека на утрешниот Самит на Европскиот совет во Брисел не ќе има изненадувања за можен кандидатски статус за Македонија зашто проширувањето на Унијата нема да биде меѓу приоритетите.

- Освен тоа, прашањето за спорот со името с` уште е отворено. И покрај исполнетите критериуми од страна на Македонија, што треба да се има предвид при одлуката за одредување датум за преговори, Советот обично донесува едногласни одлуки. Тоа значи дека не ќе има позитивно решение с` додека Грција не го сака тоа, без разлика на пресудата од Меѓународниот суд на правдата - изјавил Брок. Централна тема на Самитот ќе биде финансиската криза во Европа.
#
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8CA7D95C0B...ABA3F3A8F2
Без Ботев няма България
28-06-2012, 05:18 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 28-06-2012, 05:18 PM