Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

26.06.2012, 18:03
Едиторијал
Берлински Ѕид на Деве Баир

Љупчо Поповски

Еве, 23 години по уривањето на железната завеса во Европа, еден берлински ѕид, ѕид на предрасуди и стереотипи, се' уште цврсто стои во Софија, а и во Скопје. Некогаш е необјасниво како уште можат да се слушаат толку патерналистички пораки од Софија за наводните заблудени деца што живеат во македонската држава, на кои 60 години им се миеле мозоците со српски сапун за да станат посебна нација.

Овде, пак, се' уште се мисли на Бугарите како на наши посиромашни братучеди. Тоа го мислат дури и оние илјадници луѓе кои секоја зима ги опседнуваат луксузните хотели во Банско или Сандански. Стереотипот за помалкуте вредни соседи со кои илјада години ни се мешала историјата доминира и денес – Бугарија влезе во ЕУ и НАТО, но ако нас не' прашаат, тие не ја заслужиле пропусницата за напредок.

Жално е што овие стереотипи доминираат во односите меѓу двете држави и двата народи. Нам ни изгледа чудно, дури и претенциозно, кога во Софија се одржуваат тркалезни маси на кои се расправа за патот по кој оди Македонија (како онаа во петокот) и сме подготвени тоа да го сместиме во графата на мешање во внатрешните односи. Овде нема да најдете ниеден податок дека такви тркалезни маси се одржуваат еднаш годишно и за другите соседи на Бугарија и дека тоа е дел од бугарската перцепција за развојот на балканските држави. Само малку посериозно да се замислиме ќе видиме дека во Скопје не се одржал ниту еден собир за патеките по кои чекорат Бугарија или Грција. Во нашата опседнатост со самите себеси, со нашите стравови, лажни или вистински митови, заборавивме на соседите.

Во Софија како да не можат да се помират целосно со фактот дека од 1944 година постои држава Македонија, во која народот целосно ја изградил својата национална свест. Затоа изгледа парадоксално што умни луѓе во Софија, како историчари и академици, горчливо ќе воздивнуваат тврдејќи дека ние, од оваа страна на Деве Баир, крадеме нечија историја. Еден наш колумнист, одличен познавач на бугарската стварност, вели дека овој патернализам врз „заблудените синови“ е во согласност со стереотипот кој што со векови е инсталиран во Бугарија – дека Македонците се Бугари со ариевска крв, дека тоа се најхрабрите луѓе на бугарските простори, но дека под влијание на Белград и со јазикот како стожер се создала националната свест на Македонците.

Битката со предрасудите и стереотипите е како битка со ветерници. Кога во Советот на Скопје се менуваа имињата на улиците надвор неколку стотици луѓе на цел глас викаа „Бугари, Бугари!“ (алудирајќи на експресното инсталирање на Тодор Александорв во врвот на македонската херојска историја). Тоа не значи дека оние што гласаа внатре во салата беа инструирани во Софија, но тоа до срж ја соголува недовербата што постои и од оваа страна на границата. Педесет години потпомогнати и од идеолошкиот образец, овде се зборуваше за Бугарите како за сиромашни луѓе, заробени во еден режим кои едвај чекаат да ти дојдат на гости. Што знаевме тогаш за бугарската култура, уметност, за бугарскиот филм, архитектура, наследство, за јазикот. Ништо – како што речиси ништо не знаеме ни сега. Како никогаш да не сме ја делеле историјата.

Оттаму Деве Баир ќе зборуваат како изневерени татковци, за Македонија како најромантичниот дел од бугарската историја, ќе зборуваат за можното идно име на нашата држава (како премиерот), за жолти и црвени картони, а нема да се обидат да изградат пошироки трансверзали за подобро разбирање на двата народи. Бугарија и Македонија никогаш не биле подалеку една од друга за последниве 20 години. Време е за студени глави и разговор на искрени соседи.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=78D22...977E8D6EC4
26-06-2012, 11:17 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 26-06-2012, 11:17 PM