Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

26.06.2012, 18:14
Идинината е во „дот.ком“ генерацијата, а не во пропагандите од 19 век
Силвана Бонева му одговара на бугарскиот европратеник Димитар Стојанов кој тврди дека таа му рекла дека е Бугарка
На претпоследниот Мешовит Парламентарен Комитет ЕУ - Република Македонија, кој се одржа во Скопје пред 6 месеци, како член на Комитетот од македонска страна, разговарав со бугарските европратеници, членови на Комитетот, за нивното барање во завршната декларација да се осуди говорот на омраза кон Бугарија, кој според нивно мислење, го спроведуват некои медиуми од РМ и за кршењето на човековите права на луѓето што се изјаснуват како Бугари во РМ.

За жал, на некои политичари, како младиот бугарски европратеник Димитар Стојанов, единствено нешто што им е важно е манипулирање со вистината, за да ги убедат граѓаните дека само нивниот светоглед е израз на правилниот поглед во минатото, сегашноста и иднината, веројатно мислејќи дека така повторно ќе ја добијат довербата од граѓаните..

При првата наша средба пред 6 месеци, му кажав дека сум зачудена од тоа како може млад човек како него, толку многу да биде отруен со невистини и омраза кон Македонија, како да е инструмент во рацете на политиките од 19-тиот и 20-тиот век. Му посочив дека прави огромна штета издигнувајќи поединечни проблеми и судбини, како судбината на Спаска Митрова, на ниво на меѓудржавен проблем. На неговото тврдење дека Спаска води 5 годишна битка за своето право само затоа што е Бугарка, му кажав дека, од една страна, во Република Македонија никој не им пречи на граѓаните слободно да ја искажуват својата припадност и немаат никакви последици за тоа, а од друга страна, дека државата не смее да се меша во работата на судската власт.

Во овој контекст, му направив паралела со случајот со мојот син, кон кого бугарската држава прави очигледна дискриминација со тоа што повеќе од 6 години, иако нема никаква законска пречка, му го попречува правото да добие студентска, работна виза или престој во Бугарија. Проблемите со неговиот престој во Бугарија започнаа набргу откако поднесов тужба за клевета против Владо Бучковски заради неговата злонамерна изјава дека имам бугарски пасош. Тоа за мене беше време пред почетокот на новите парламентарни избори 2006 година, а за мојот син време кога требаше да дипломира на Факултетот за информатика на Софискиот универзитет. Чудна некоја коинциденција! После тоа на мојот син иако му следува како студент дозвола за престој, престана да му се одобрува истата и оттогаш има право само на 90 дена континуиран престој во Бугарија во рок на 6 месеци. Тој во Бугарија има свои колеги од факултет, Македонци, Бугари, Грци, со кои сложно работеа за остварување на својата егзистенција.

Додека тој студираше и работеше во Софија, сме разговарале зошто толку му се допаѓа да учи и да работи таму и какви му се односите со колегите, а неговиот одговор секогаш се сведувал на едно: „ние сме ’дот.ком’ генерација, нас не' интересира да научиме да создаваме нови вредности кои може да се продадат на пазарот... студираме, работиме, се дружиме и не сме заглавени како вашите генерации во политизација, историја и меѓунационални омрази“.

Но, мојот син веќе 6 години во Бугарија има право само на туристички престој. Прашуваше во амбасадата на Република Бугарија во РМ, но со години нема одговор зошто сето тоа му се случува, а и надлежните институции во Бугарија не му даваат официјално објаснение зошто не му се дозволува подолг престој во Бугарија. Некои службеници му укажувале дека ако потпише дека има бугарски „происход“, нема да има никакви проблеми ни за виза, ни за престој, ни за било што друго! Тогаш јасно му кажав на господин Стојанов дека јас, како Македонка, мајка на две деца, ако тргнам од моето искуство, треба секој ден да зборувам за дискриминаторската политика што се спроведува од одредени структури во Бугарија врз мојот син, но за разлика од некои луѓе во Бугарија што го злоупотребуваат случајот со Спаска Митрова за дневно политички цели, јас не го направив истото, иако можев да го генерализирам проблемот и секојдневно да говорам како бугарската држава ги дискриминира Македонците во Бугарија и ги принудуват да се пишат како Бугари! Во името на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија одлучив да не го правам тоа и му предочив на господинот Стојанов, кој според возраста е генерација на мојот син, дека такви поединечни случаи не треба да се злоупотребуват од политичарите за сеење на омраза и за правење делби помеѓу нашите две земји и народи.

Мојот разговор со него, го завршив со зборовите: никогаш нема да дозволам моите деца да бидат злоупотребени како што Вие ја злоупотребувате Спаска Митрова за дневно-политички потреби на поединци и структури кои не сакаат добрососедски односи помеѓу Република Македонија и Република Бугарија!

На последниот 11-ти Мешовит Парламентарен Комитет ЕУ-Македонија кој се одржа во Брисел овој месец, иако беше најавен да учествува европратеникот Стојанов, тој не дојде на состанокот, па очигледно фрустриран од донесената Декларација, која е пораз на неговата националистичка политика кон Македонија, се нафрлува дури и на нашиот амбасадор во Бугарија, со барање тој да биде прогласен за персона нон грата.

Малку треба за лошо, велат старите, па по неговите изјави денес читам изјави од академици на нашиот сосед, земја членка на Унијата, кои велат дека Софија треба да му покаже заби на Скопје!

Сакам да ја прашам академската јавност на Бугарија, дали некогаш ќе се оствареше сонот на Аденауер и Шуман за обединета Европа, ако Германија и Франција продолжеа да си ги покажуват забите една на друга?!

До кога национализмите на Балканот ќе го поматуват умот на народите и ќе ги држат заробеници на омразата, која не' дели и уништува сите?! Каде ја оставаме заеднички декларираната цел - подобрата иднина на генерациите по нас?

Ако се уште сме за тоа, да продолжиме заеднички да работиме на градење на доверба, разбирање, пријателство и толеранција, вредности кои ќе ги оставиме во наследство на нашите поколенија, за да им овозможиме сигурна иднина!

Силвана Бонева

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...E0C54B3BC7
26-06-2012, 10:55 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 26-06-2012, 10:55 PM