Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9




24.06.2012, 16:54
Бугарија подготвува црвен картон за Македонија во ЕУ



„Горчлив е заклучокот дека Скопје не разбира добри зборови. Бугарија во Скопје во некои случаи се третира полошо и од Грција, иако прва ја призна Република Македонија“, е заклучокот од тркалезната маса во Софија

Слободанка Јовановска


Во петокот во Софија се одржа тркалезна маса на тема „Каде оди Република Македонија“, на која учествуваа европратеници, пратеници, историчари, амбасадори и политиколози. Оваа тркалезна маса дојде по острите изјави на бугарскиот премиер Бојко Борисов дека Софија е против името „Северна Македонија“, за нашата држава затоа што тоа ќе изразувало територијални претензии. Станува очигледно дека односите со Македонија, инсистирањето на бугарскиот карактер на македонското население, повторно станува важна тема во бугарското општество. Пренесуваме еден значаен дел од таа расправа.



Да и покажеме на Македонија жолт картон и да и поставиме услови за членство во Европската унија. Ваква порака произлезе од петочната тркалезна маса во Софија на тема "Каде оди Македонија", на која учествуваа четворица европратеници, заменикот-претседател на бугарското собрание, пратеници, поранешни амбасадори во Скопје, истакнати историчари и експерти.

"Да се краде историја е како да се краде територија", истакнал Љубомир Иванов, претседател на фондацијата "Манфред Вернер", на адреса на Македонија. Како што пренесува бугарската агенција Фокус, тој категорично побарал Бугарија да постави два услови за влегување на Македонија во Европската унија. Прво - во македонските учебници по историја да се признае бугарската идентитет на Самуил и другите Бугари, за кои во Софија се тврди дека ние сме ги прогласиле за Македонци; и второ, да се прекине наводната дискриминација на Бугарите во Македонија со македонскиот устав. Според него, учебниците и уставот треба да станат бугарската црвена линија со што јасно ќе се кажело дека ако Македонија не ги исполни - не одговара на европското барање за добрососедски односи. По неколку жолти картони, треба црвен, инсистирал Иванов.

"Да престанат да плакнат мозоци на младите генерации преку фалсификување на историјата. Тоа води до една историска дијагноза - да се биде Македонец по националност. Тие се раздвоени - секое утро зборуваат во огледало 'Јас сум Македонец. Јас ја мразам Бугарија", истакнал академик Георги Марков.

Тој нагласил дека македонска нација била создадена по Втората светска војна од Тито по коминтерновски рецепт, вклучувајќи анти-бугарска основа. Марков на собирот во Софија побарал да прекинело фалсификувањето на фалсификувањето на историјата.

"Не им треба да фрлаат 80 милиони евра, кога имаат 30 проценти невработеност и држава што едвај дише. Само еден споменик треба да издигнат - на маршал Тито - тој е таткото на македонската нација", категоричен бил академикот.


Тој исто така побарал Македонците да ги менуваат учебниците по историја. "Самуил, Кирил и Методиј, Гоце Делчев, браќата Миладиновци, Пајсиј Хилендарски - тоа се македонски Бугари. Тие се самоопределуваат како Бугари, а тоа дека некој се определува сега во Скопје како Македонец - тоа е негов проблем", додал Марков. Според него, во Софија има повеќе Македонци отколку во Скопје, а кај нас да си Македонец било прашање на професија - многу атрактивна за политичари и академици.

Потпретседателот на бугарското собрание, Георги Пирински, предложил да се иницира заеднички состанок на парламентарните комисии за европски прашања и за надворешна политика на која ќе се разгледаат прашањата за односите на Бугарија со Македонија.

Долгогодишниот дописник на Бугарската телевизија во Скопје, Коста Филипов, тврдел дека во Македонија има медиумски мрак во однос на прашањата со Бугарија и дека препораките на Европскиот парламент за почитувањето на Бугарите и на бугарската историја воопшто не се познати во Македонија.

Сепак, потребно било "да и се помогне на Македонија да ги надмине своите проблеми, а не да се гледа на нивната самосвест со потсмев", бидејќи само така можат и двата народа да одат напред, рекле учесниците. Некои од нив зборувале дека ако Македонија се пушти во ЕУ, ќе станеле три пати побрутална и дрска. Според лидерот на софиското ВМРО, Красимир Каракачанов, бесмислено било зборувањето за темата, ако бугарската политичка елита не формулирала неколку едноставни нешта.



"Треба да си одговориме на прашањето дали имаме интерес Македонија да биде обезбугарена, албанизирана и србизирана. Дали имаме интерес по 40 години на нашата граница сосед да ни биде албанското население", порачал Каракачанов. "Албанците имаат многу јасна стратегија, не си прават илузии и зборуваат многу јасно за еден народ, една држава - Голема Албанија", коментирал лидерот на ВМРО.

"Ако отворите веб-сајтот на Министерство за надворешни работи, ќе видите темите за Мјанмар, Сирија и какви ли не други глупости за кои ни најмалку не сме заинтересирани, но нема да видите проблемот со ниту еден Бугарин, кој е смачкан во Македонија. Ние правиме конференции и зборуваме празни приказни ", нагласил Каракачанов.

"Бугарија, која прва ја призна Република Македонија, не се третира подобро од Грција, а во некои случаи и полошо", се пожалил европратеникот Евгениј Кирилов. "До нас живеат браќа. Прашањето каде оди Република Македонија си го поставивме сите ние, си го поставуваат сите наши граѓани. Треба да дадеме одговор. Не само на прашањата поврзани со минатото, туку да дадеме една основа за односите со Република Макдонија", рекол Кирилов.

"Горчлив е заклучокот дека Скопје не разбира добри зборови. Ајде - не сме како Грците да им извадиме црвен картон, но крајно време е да им извадиме жолт картон, да ги предупредиме дека тоа не е европско однесување", коментирал академик Георги Марков, директор на Институтот за историја на Бугарската академија на науките. Според Марков, Македонците можат да се потпрат на поддршка од страна на Бугарија за членство во Европската унија, но таа поддршка не смее да биде безусловна, бидејќи се злоупотребува.

"Пред 12 години амбасадорот Ѓорѓи Спасов уште од вратата ми замавна со прст и ми рече: 'Професоре, јас сум Македонец. Имам право на самоопределување'. Јас му велам - убаво, имате право на самоопределување како Македонец, но тоа не значи дека вашиот дедо не бил Бугарин. Оваа историска дијагноза ги раздвојува и затоа паднаа во крајност да се убедат дека имаат некоја нов национален идентитет, па отидоа дури во антиката и градат споменици за 80 милиони евра и Триумфалната порта. Историјата таму стана голема политика", изјавил академик Марков.

Некои од учесниците во дискусијата биле поумерени. "Рано е уште да даваме дури и жолти картони на Македонија. Треба да ја разбереме драмата на оние кои ги прекоруваме - дали се преправаат или се уплашени", рекол историчарот Андреј Пантев, пратеник од Коалицијата за Бугарија.

"Пред да ги потврдиме работите кои се повторуваат на сите конференции, треба да си го поставиме прашањето - зошто нешто не оди? Можно ли е 45 години култивирање на антибулгаризам да избришат векови заедништво, судбина, јазик, култура, менталитет? Како е можно? Ова прашање треба да си го поставиме на нас. Очигледно е дека дебатирањето какви Македонци се, каков дијалект зборуваат не функционира", изјавил Антев. "Тие историски се Бугари, но има метаморфоза, една еволуција, која треба да ја имаме предвид и тоа е прашање на суптилност од наша страна", рекол Пантев. "На оваа земја треба да се помогне, но да и се потсмевате, бидејќи резултатите се контрапродуктивни", заклучил Пантев.

"Нека прават што сакаат, нека се делат, нека се федерализираат, но да не посегнуваат по нашата територија и нашата историја", беше следната порака во дебатата. Според овие оценки, по Самуил и Гоце Делчев, се посегнувало и на историски дејци кои до вчера биле табу кај нас, па се именувала улица и се подготвувал споменик на Тодор Александров и на Симеон Радев. "Прашање на време е кога ќе стигнат до Александар Протогеров и Дрангов, а нема да изненади ако еден ден и Ванчо Михајлов осамне со споменик во Скопје", бил еден од коментарите на собирот.

"Бугарската политика се соочува со еден исклучително сложен тест, бидејќи ако е тврда, предизвикува антибугарски кампањи, а ако е мека, промовира притискање на македонските Бугари. Потребен е исклучителен такт и не жолти картони туку да се охрабруваат бугарскиот бизнис и бугарската телевизија, весници", истакнал политикологот Емил Митев.

Според поранешниот амбасадор на Бугарија во Македонија, Александар Јорданов, порано бугарската политика во однос на Македонија се засновала на тезата дека сите Македонци се Бугари. Сега, пак, се гледала промена и се слушаат изјави за заштита на Бугарите во Македонија. "Тогаш треба да прифатиме дека и во Бугарија има македонско малцинство. Оваа нова позиција бара анализа со учество на државното раководство", рекол Јорданов.

Според европратеникот и кусо време известувач за Македонија, Кристијан Вигенин, Бугарија има интерес нашата држава да ги започне преговорите на ЕУ "бидејќи во рамките на преговорите за поединечни глави имаме можност да отвориме цел спектар на прашања". "Премиерот на Македонија Никола Груевски со неговата партија и Бојко Борисов со ГЕРБ да седнат и да размислат што може да се направи, да ги стават на принципиелна европска основа овие проблеми и да се обидат да ги решат, а не да нафрлаат реплики во медиумите, што е несериозно", искоментирал Вигенин. Според него, ако пристапот на Бугарија е премногу агресивен, тоа им помага на властите во Македонија да се самозатворат, а тоа ја лишува Бугарија од можноста да има нормален дијалог не само на владино туку и на сите други нивоа. Тој објави дека БСП и Социјалдемократскиот сојуз на Македонија планираат серија иницијативи за создавање на нормална атмосфера на дијалог.



Статијата е прочитана 554 пати.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...9EEB07DE38

Без Ботев няма България
25-06-2012, 04:35 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 25-06-2012, 04:35 AM