Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Самарас има територијални претензии и кон Бугарија

Со тоа што повторно го врати Министерството за Македонија и за Тракија, новиот грчки премиер јасно укажува дека овие две области во северна Грција ќе имаат посебен третман. Според логиката на официјална Атина, која ни забележува дека со употребата на името Македонија имаме терито­ријални претензии кон Грција, Самарас пројавува аспирации кон Македонија и кон Бугарија




Истата година кога Павлос Мелас, еден од главните грчки вооружени пропагандисти против Македонците, го завршил военото училиште и ја почнал својата воена кариера, Италијанецот Виталиано Посели комбинирал различни архитектонски стилови за да ја изгради палатата во Солун позната како Резиденција.

Во таа зграда, изградена во 1891 година, дваесет години подоцна ќе се смести таканаречената Генерална администрација за Македонија, денес именувана како Министерство за Македонија и за Тракија. Односно, истото кое новиот грчки премиер Андонис Самарас завчера одлучи повторно да го стави во функција.
Со Министерството за Македонија и за Тракија ќе раководи солунецот Теодорос Караоглу, еден од оние кои жестоко го критикуваа поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу кога во 2009 година го укина ова министерство.

Одлуката на Самарас не е изненадување

Грчките медиуми јавуваат дека повторното оживување на министерството предизвикало позитивни реакции, особено меѓу Грците што од пред некоја година, по примерот на Константин Караманлис, се нарекуваат и Македонци, а кои живеат во тој дел од државата.
Павле Воскопулос е Македонец што живее во грчка северна Македонија, но не е од оние што на ваквата одлука гледаат позитивно. Членот на Виножито, партијата на Македонците во Грција, на возобновувањето на министерството гледа како на чекор преземен од националистички побуди.

- Основање вакви административни единици и министерства е обид на Грција да го засили грчкиот карактер во проблематичните региони. Грција си ја има мувата на капата. Ако не беше така, ќе немаше потреба да прави такви административни региони. Овие министерства не ги прават од економски причини, туку тргнуваат од националистички побуди - вели Воскопулос.
Според него, новата грчка влада ќе ја продолжи старо-новата политика кон Македонија.
- Нема реформа, нема прогрес во грчката национална идеологија. Треба чудо за нешто да се смени - додава Воскополус.

Враќањето на Министерството за Македонија и за Тракија не предизвика изненадување во Македонија, особено затоа што тоа е одлука на Самарас, познат по своите тврди ставови за разликите за името. Претставниците на владејачките партии се внимателни - велат да се почека, да се види курсот што ќе го заземе новата грчка влада.

Според Александар Спасеновски, пратеник од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, независно од историјата на политиката во однос на Македонија, на владата на Самарас треба да ѝ се остави простор за да се види во која насока планира да ги развива односите со Македонија.

- Што значи враќањето на Министерството за Македонија и за Тракија во голема мера ќе зависи од основните ставови што ќе ги има и ќе ги спроведува новиот грчки премиер. Природно е за политичарите да манифестираат позитивни очекувања во однос на развојот на македонско-грчките односи, иако изјавите за време на последната кампања, како и минатите политички потези на Самарас, можат да предизвикуваат сомневање во позитивен исход - изјави Спасеновски.

Павле Трајанов од Демократскиот сојуз е дециден дека ваквиот потег на Самарас нема да влијае врз барањето решение за проблемот поради кој се блокирани македонските евроатлантски интеграции.

- Внатрешна работа на Грција е какви министерства ќе има и кого ќе постави за министри. Тоа нема да влијае врз спорот за името. Решението на спорот ќе зависи од политиката што грчката влада ќе ја води во иднина - вели Трајанов.
За разлика од власта, опозициските партии во овој потег на Самарас веднаш препознаа лош сигнал.

- Овој потег е очекуван од влада предводена од Нова демократија и покажува уште еднаш колку Македонија загуби што не беше поактивна кога Папандреу беше премиер - изјави Радмила Шекеринска, пратеничка од СДСМ.

Лош сигнал за преговорите

Слично размислува и опозиционерот Тито Петковски.
- За мене тоа не е ништо ново кога станува збор за Самарас, кој останува доследен на своите ставови. Тој е еден од грчките политичари со најригидни ставови во однос на македонското прашање. Дефинитивно лош сигнал за нас. Ова е директна провокација за Македонија, тука нема дилема - вели Петковски.

Официјална Атина постојано тврди дека со користењето на уставното име Македонија покажува територијални претензии кон нив. Доколку таквите тврдења на јужниот сосед ги пресликаме на овој случај, тогаш дали може да се смета дека со возобновување на Министерството за Македонија и за Тракија Грците покажуваат територијални претензии кон нас?

Според професорот Јове Кекеновски, со повторното враќање на министерството, новиот грчки премиер испраќа сериозен сигнал за разговорите за името.
- Факт е дека по ова нема да се интензивираат преговорите, барем во првите шест месеци или една година. Ова е уште еден индиректен доказ дека Грција нема да дозволи името Македонија да биде содржано во евентуално новото компромисно име.

Со тоа што институционализира посебно министерство за северна Грција, Самарас јасно укажува дека овие две области ќе имаат посебен третман во неговите политики - вели Кекеновски.

Министерството за Македонија и за Тракија го укина Папандреу во 2009 година, при формирањето на новиот кабинет. Тој го скрати бројот на министерства од 16 на 14. Токму укинувањето на ова министерство се сметаше за најголемо изненадување. Социјалистот одлучи понатаму тоа да продолжи да функционира како секретаријат во рамките на Министерството за внатрешни работи.

Посебна единица што би се грижела за тој дел од територијата на Грција е формирана уште во 1912 година и се викала Генерална администрација за Македонија. Тоа име го носела сѐ до педесеттите години на минатиот век, кога била преименувана во Министерство за северна Грција. Третата промена на името е три години пред осамостојувањето на Македонија, кога Атина одлучи да го преименува во Министерство за Македонија и за Тракија.
Во описот на надлежностите стои дека ова министерство е одговорно за спроведување на владините политики во Македонија и во Тракија. Исто така, собира информации за заедниците што потпаѓаат под негова јурисдикција, предлага и дискутира за закони и политики што се однесуваат на овој регион.



Автор: Фросина Димеска и Сунчица Стојановска -Зоксимовска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22612
Без Ботев няма България
23-06-2012, 01:17 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 23-06-2012, 01:17 PM