Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Чекајќи ја Атина, се разбуди Софија

нтеграциите




Дипломатските напори на МНР се насочени кон деблокирање на евроинтеграциите без решение на спорот за името за што постои распположение и во Брисел

МАКЕДОНИЈА ДО БРИСЕЛ ПРЕКУ ДВА ФРОНТА

По самитот на НАТО во Чикаго на кој Македонија повторно остана надвор од Алијансата и блокираните евроатлантски интеграции поради спорот за името со Грција, македонската дипломатија е насочена кон деблокада на процесот за приближување кон ЕУ без да се постигне конечен договор меѓу Скопје и Атина. Ваквата разврска како единствена опција на случајот со Македонија станува сѐ поизвесна откако на власт во Грција дојде конзервативецот Андонис Самарас, човек со тврди ставови за прашањето за името, со што сѐ појасно станува дека во скоро време речиси постои никаква можност за постигнување компромис. За оваа варијанта, како што дознава „Нова Македонија“ од високи извори во македонското министерство за надворешни работи, постоело расположение и во Брисел.

Можноста Грција да ѝ дозволи на Македонија да ги почне преговорите за влегување во Унијата без решен спор со тоа што ќе ѝ остане механизмот да нѐ блокира во процесот на преговори по поглавја, се смета за добра шанса и за Атина. Јужниот сосед, кој во моментов е преполн со внатрешни проблеми предизвикани од економската криза, на тој начин би покажал конструктивност пред европската јавност и се оценува дека така топката тогаш би ја префрлил во македонскиот двор, од каде што подоцна би се очекувал позитивен потег кон компромисно решение. За Македонија, пак, почеток на преговорите би било добар чекор, бидејќи со тоа ќе му се даде значаен поттик на запрениот процес на евроинтеграциите, но и на преговорите за разликите за името, а и ќе се зголеми довербата меѓу двете земји, нешто што се оценува дека во периодов најмногу недостига.

Со Самарас тешко

Почетокот на преговорите би бил позитивен сигнал, смета Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи.

- Прво, затоа што преговорите ги заслуживме, потоа ќе биде позитивно и за кредибилитетот на Европската комисија, која трипати по ред препорачува земјава да ги почне преговорите за членство, но и затоа што процесот ќе се помрдне од мртва точка, состојба што кај некои сегменти во општеството предизвика фрустрации - изјави Милошоски.

Од една страна, олеснителна околност за политички жешката атмосфера во Атина би можел да биде фактот што во владата за национален спас се сите покрупни партии освен левичарската СИРИЗА, која е и полиберална во однос на спорот за името. Тоа би значело дека доколку дозволи ЕУ да ѝ даде датум за почнување на преговорите за членство, грчката влада не би имала сериозна опозиција (освен нацистичката Златна зора), која одвај би чекала да ја растргне владата на националистички прашања.
Сепак, и покрај позитивните ефекти што се очекуваат од ваквата отстапка од Атина, изборот на Самарас за премиер на грчката влада не ветува многу.

- Самарас не е политичар од европски калибар. Тој нема визија за регионот и Европа. Тој е производ на внатрешниот грчки национализам граден преку процесот на образование. Јас не би бил изненаден ако тој и во овој момент покаже недостиг од визија - вели Милошоски.

Слично размислува и аналитичарот Јоргос Пападакис. И тој не очекува од Самарас желба за помрднување на процесот во кој Македонија е заглавена поради неговата земја.

- Самарас е тврд националист и секогаш ќе го користи спорот за името како внатрешно оружје во грчката јавност и општество. Тој се пофали и за континуитетот на неговите ставови, истакнувајќи дека истото тоа го зборувал од 1992 година до денес - вели Пападакис.

Тој смета дека, и доколку хипотетички дојде некој друг политичар кој не би имал толку цврсти ставови кон Македонија, грчката јавност не би можела да прифати таква отстапка.

- Грчките политичари ѝ презентираат на грчката јавност дека се цврсти во однос на спорот за името со Македонија. Иако решението за кое зборувате би било поелегантно за нив, сепак тоа во очите на грчката јавност би значело пораз за тамошните политичари - вели Пападакис.

Можноста за блокирање на речиси секое поглавје од процесот на преговори за пристапување кон Европската Унија ја искористи Словенија за својот сосед Хрватска поради спор околу меѓусебната граница. Идејата за деблокирање на добивањето датум за почнување на преговорите за влегувањето на земјава во ЕУ, пак, се појави во јавноста непосредно по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг дека Македонија е во право. Како порака до Атина дека се во врска со македонските евроатлантски интеграции не зависи од неа се толкуваше и дијалогот на високо ниво што државава го почна по идеја на бриселските дипломати. И германската канцеларка Ангела Меркел во февруари годинава по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски посочи дека треба да се почитува Привремената спогодба, нешто што се толкуваше како прозивка до официјална Атина, за која и судот во Хаг пресуди дека не ја почитувала спогодбата.

Бугарија ќе се нафрли врз судството и медиумите

Додека, од една страна, дипломати од Брисел притискаат врз Грција за Македонија наесен да добие датум за преговори, од друга страна се побуни Бугарија. Тамошни аналитичари предупредуваат дека поглавјата за судството и за медиумите се први со кои Бугарија може да спори за македонското влегување во ЕУ. По последната изјава на премиерот Бојко Борисов дека официјална Софија ќе ги испорача ставовите и забелешките за судството во Македонија, не стивнуваат дебатите во бугарската јавност. Внатре во Бугарија се засилува тезата дека треба да се искористи нејзиното членство во ЕУ за да се остварат интересите кон Македонија. Денеска во Софија ќе се одржи експертска конференција на тема „Каде оди Република Македонија?“, за која иницијатор е европратеникот Евгениј Кирилов.

На дебатата ќе присуствуваат академикот Георги Марков, професорот Андреј Пантев (историчар) и уште неколку европратеници, академици и универзитетски професори.

За бугарските историчари проблем е и тоа како е обработено македонското прашање во новата хрватска енциклопедија, објавена по повод 25 јуни, Денот на независноста на Хрватска. Историчарот Светлозар Елдров во интервју за агенцијата „Фокус“ вели дека „југословенското наследство продолжува да тежи и да ја менува историската вистина за македонското прашање“.

- Во статијата за Бугарија се зборува за македонско малцинство во пиринскиот крај, така е означено и на картата. Во редица други статии целата историја на Самуилова Бугарија, на бугарската преродба и на ВМРО е преиначена на штета на историската вистина и во корист на Скопје. Не чини да ги обвинуваме само хрватските историчари. Близу четири децении тие проблеми беа премолчувани и преиначувани и од бугарската историографија - вели Елдров.

Според Милошоски, толерирањето на една земја-членка преку неразумни спорови да ги попречува европските перспективи на други земји може да биде лоша препорака за другите земји-членки на Унијата да го применат тој принцип.

- Билатералните спорови треба да ја држат билатералната димензија и не треба да се европеизираат - вели Милошоски.

Изјавите на Бојко Борисов се редат еднаподруга. Прво дека Бугарија не го прифаќа името Северна Македонија. Потоа дипломатски објасни дека Бугарија ќе биде многу конкретна кога ќе се донесуваат критериумите за пристапување на Македонија кон ЕУ. Реагираа и кога се скандираше „Бугари“ пред Советот на Скопје во екот на расправата за преименување на улиците. Тогаш Софија порача дека ѝ е повредено националното достоинство.


Автор: Фросина Димеска / Сунчица Стојановска Зоксимовска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22611
Без Ботев няма България
22-06-2012, 04:45 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 22-06-2012, 04:45 PM