Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

20.06.2012, 18:03
Софиската филхармонија вечерва го отвора „Скопско лето“

На свеченото отворање му претходи изложба на цртежи на автори од Скопје, Ниш и од Софија

Тина Иванова

На Светскиот ден на музиката и првиот ден на летото, 21 јуни, следејќи ја традицијата, почнува и годинашното 33. издание на културната манифестација „Скопско лето“. Свеченото отворање вечерва ќе се случи во Македонската опера и балет, кога во 21 часот концерт ќе одржи Софиската филхармонија под диригентство на нашиот Борјан Цанев. Како солист ќе се претстави виолинистката Ана Кондратенко, а на програмата се дела од бугарски и македонски композитори - „’Рченица“ од суитата „Тракијски танци“ од Петко Стајнов и Македонски танц бр. 3 од Александар Лековски, потоа Седмата симфонија од Бетовен, како и Концертот за виолина и оркестар во а-мол од Александар Глазунов. Софиската филхармонија досега гостувала неколку пати во Македонија во полн состав. Овој пат, оркестарот досаѓа со свои 70 членови. Софиската филхармонија е најстариот и најголемиот бугарски симфониски оркестар кој се стекна со признание на водечка институција во музичкиот живот на земјата. Виолинистката Ана Кондратенко, на вчерашниот прес истакна дека за неа е голема чест што вечерва ќе настапи на отворањето на „Скопско лето“, особено со оркестар каков што е Софиската филхармонија. „Пробата која што завчера ја одржавме во Софија помина одлично, па се надевам дека вечерва ќе се претставиме во исто такво светло.“

На вечерашното свечено отворање му претходи изложба на цртежи под наслов „Поврзувања - Скопје, Ниш, Софија“, која ќе биде поставена во Културно-информативниот центар од 20 часот. Изложбата опфаќа дела од 15 уметници од Македонија, Србија и Бугарија, поточно по пет учесници од секоја земја. Изборот на уметниците се базира врз нивниот интерес за цртежот како автономна категорија.

Годинашното „Скопско лето“ кое, како што рече неговиот директор, Мирко Стефановски, е неизбришлива трага за културното живеење на Скопје, носи 65 програми од областа на музиката, сликарството, театарот, филмот.

„Програмите се обидовме да ги конципираме во согласност со потребите на градот. Ќе претставиме преку 26 меѓународни концерти на преку 20 локации, односно на сите оние места кои ги етаблиравме, а сакавме да го доближиме и културниот живот на регионот. Затоа, ќе имаме програми од Србија, Хрватска, Босна, Романија, Унгарија, потоа и од Централниот дел на Европа, од Германија, Шпанија, Данска, како и од прекуокеанските земји, Канада и Австралија“, рече Стефановски.

Веќе следниот ден, во петок, концерт ќе имаат солистите од оркестарот на Македонската опера и балет. Директорот на Македонската опера, Александар Котевски, рече дека покрај тоа што оваа институција традиционално ја продолжува соработката со „Скопско лето“, овој пат ќе понуди нешто поинакво. „Решивме да избегаме од стандардните граници на Операта, па затоа направивме концерт на кој ќе свират музичари од оркестарот како солисти, кои ги избравме по пат на аудиција. Намерата ни беше да покажеме дека имаме и добри музичари од оркестарот, а не само оперски солисти.“

Во петок се отвора и Меѓународниот фолклорен студентски фестивал - АКУД „Мирче Ацев“, кој е формиран во 1967 година. Тоа е фестивал на солидарноста кој им се заблагодарува на земјите кои му помогнаа на Скопје по земјотресот во 1963. Програмата на овој фестивал годинава ќе се реализира во повеќе градови.

Во рамките на „Скопско лето“ концерт ќе имаат и учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, кој директорот, Јован Боцевски, го најавува како несекојдневен. „Голема чест е за нас што и ДМБУЦ ’Илија Николовски-Луј‘ ќе се вклучи во програмата на ’Скопско лето‘. Концертот е мошне впечатлив. Ние сме училиште за класична музика, но овој пат решивме да понудиме поинаква програма, да вклучиме и рок-елементи. На сцената ќе има 120 музичари, како и рок-бенд“, рече Боцевски.

Од театарските проекти, на вчерашниот прес беше издвоено гостувањето на Прилепскиот театар кој изминатава година се закити со бројни меѓународни награди. Стојан Дамчески, неговиот директор, рече дека Прилепскиот театар, кој во Скопје ќе ги изведе „Антица“ на Ристо Крле, во режија на Бранко Брезовац и „Змејовата невеста“ на Димитар Молеров, во режија на Нела Витошевиќ, е едно од врвните театарски збиднувања не само во Македонија, туку и пошироко, со оглед на тоа како поминува на престижните меѓународни фестивали.

„Скопско лето“, до 31 јули, односно до крајот на своето годинашно патување, чиј организатор е Дирекцијата за култура и уметност на Скопје,

ќе понуди бројни настани, меѓу нив и театарските претстави „Грев или шприцер“, „Еколошка бајка“, „Празен град“, премиерата на „Госпоѓица Јулија“, потоа концерти на повеќе ансамбли на народни игри и песни, на оркестарот „Маракеш“ од Дрезден, на музичарот Васко Серафимов кој наедно ќе го промовира и својот најнов компакт диск, концерт на новата македонска група „Кабадајас“, на пијанистките Јасна Аврамовска и Славица Мицевска, на групата „Фабула Раза“ од Унгарија итн., а ќе бидат поставени и неколку македонски и странски изложби. И годинава е содржана традиционалната манифестација „Кафе кино“ која ќе се одржува во Забавниот парк „Луна“.

„Скопско лето“ завршува со концертот „Симфони“ на групата „Леб и Сол“ и „Jeunesses moving orchestra“, под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар. Клавијатуристот и композиторот Кокан Димушевски, вели дека „Леб и Сол“ ќе понуди една поинаква визија. „Дојде време да покажеме едно ново ниво, со камерен оркестар составен од 20 гудачи и 10 дувачи и ние како бенд. Концертот ќе биде интересен, но засега е рано да ги откриеме сите детали“, рече Димушевски.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...0950FD067A

21.06.2012, 17:26
Наградени вината на „Тиквеш“

Пет вина на винарската визба „Тиквеш“ добија медали на првиот Балкански интернационален вински натпревар што се одржа во Софија, Бугарија.

Со златен медал се закити црвеното вино „барово“ од бербата 2010. Со сребрен медал беше наградено белото вино „бела вода“ од бербата 2011, а уште три вина „александрија куве“ бело, „александрија куве“ розе и „барово“ бело, сите од бербата 2011, добија бронзен медал.

„Горди сме на фактот што квалитетот на вината на ’Тиквеш‘ во континуитет се потврдува на сосема различни вински натпревари. Квалитетот е она што ја гради довербата кај потрошувачите“, изјави Игор Илиевски, генерален директор на Винарската визба „Тиквеш“. (Ек.Р.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...338716113A
22-06-2012, 07:11 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 22-06-2012, 07:11 AM