Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија гради (анти)грчка позиција

Апсурдна е најавата од Бугарија за давање политички азил на Спаска Митрова бидејќи никој не дава азил на сопствена државјанка

Слободанка Јовановска


Драмата со Спаска Митрова се врати на голема врата во односите меѓу Македонија и Бугарија. Освен заканите од Софија дека е можно Митрова да добие политички азил во оваа соседна држава, што е апсурд кога веќе има бугарски пасош и тамошно државјанство (кој дава политички азил на свои граѓани!), стигна и најава дека е можно случајот да заврши во Судот за човекови права во Стразбур, каде што во најголема мера и се води дипломатската борба за споровите на релација Бугарија и Македонија.

Откако бугарскиот премиер Бојко Борисов се прогласи за компетентен да решава во чии раце ќе биде подобра иднината на едно дете и кој родител треба да ја добие битката, Стразбур изгледа како најпосакувано решение за маглата што бугарската политичка елита ја шири последните години, а со цел што им е јасна на сите - да направи случај за ставање вето на Македонија во ЕУ. Проблемот е што, и според оцена на Божидар Димитров, Македонија не се брза којзнае колку за прием во Унијата, па ваквите закани се' уште стигаат со половина уста, додека евроинтеграцијата не стане сериозна опција на некоја идна македонска гарнитура.

Нова ли е оваа бугарска политика или само одново спакувана, има ли драма или само политички фолклор во односите на Македонија и Бугарија и зошто Софија го спори името што прва го призна, спорејќи го идниот договор меѓу нашата држава и Грција? Впечаток е дека за овие дилеми има големо разногласие, пред се' бидејќи тезите врз кои Софија го гради ветото против Македонија се толку застарени за современа Европа, што и самите си ставаат сопки во однос на она што сакаат да го постигнат, а сите заедно паѓаат во вода со едно барање за реципроцитет.

Според Ѓорѓи Спасов, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија, изјавата на Бојко Борисов за неприфаќањето на името Северна Македонија ќе се сметаше за голем успех на нашата дипломатија ако во него замешал прсти и нашиот амбасадор таму. Таа изјава, според него не и' штети, туку напротив и' помага на Македонија во докажувањето колку е апсурден спорот за името, па треба да и' се даде публицитет. Според него, исто како и во Македонија, и во Бугарија политичкиот естаблишмент кога има внатрешни проблеми посочува на надворешни непријатели, како сега наводните можни територијални претензии од нашата држава.

„Ова е дел од традиционалниот политички фолклор. Нема никаква драма меѓу двете земји. Од самиот почеток Бугарија е заинтересирана Македонија што побргу да стане членка на НАТО и на ЕУ и целата политика е насочена кон тоа. Така ќе биде поголема шансата нашата држава да се отргне од влијанието на Србија и повеќе да се интегрира со Бугарија“, смета Спасов. Сепак, и тој оценува дека внатре во Бугарија се засилува тезата дека треба да се искористи нејзиното членство во ЕУ за остварување на интересите кон Македонија, а еден од нејзините приврзаници е и премиерот Бојко Борисов, чија изјава требаше да ги задоволи токму овие очекувања.

Се наоѓа ли Софија изневерена од македонското барање на античките корени кое не' оддалечува од заедничкото словенско потекло? Според Спасов, реално да, бидејќи тоа е негирање на она што тие го нарекуваат бугарска национална свест во Македонија.

За ексминистерот Слободан Чашуле, нема нов тон во обраќањето на Софија кон Скопје и очекувањата се, како ќе се приближува Македонија кон ЕУ, така Бугарија да ги згуснува своите барања, т.е. претензии. „Не ме изненадува што ја користат секоја пригода да ги лансираат претензиите кои немаат основа како вредност на Европа.

Тие веќе изградија нешто налик на грчката позиција и тоа со сета сила ќе се покаже на прагот на решението на спорот за името“, предупредува Чашуле, додавајќи дека не верува дека оваа бугарска елита на власт ќе си дозволи да ја пропушти таа шанса.

„Не велиме дека Бугарите се фашисти, но нивната фашистичка политичка елита беше кај нас. Тие беа окупатори. Немам ништо против заеднички да славиме празници, да ги чуваме нивните гробови, но претходно нивниот претседател треба да дојде во Прилеп, Ваташа и Музејот на холокаустот и да се извини за жртвите“, порача тој, посочувајќи го како пример искуството на Барак Обама неодамна, кој мораше дури и за јазички лапсус да и' се извини на Полска за тема од војната.

Интересно е што дури и во Бугарија нема ист став за „гревовите“ на Македонија, кои ја прават Софија толку навредена. Минатата недела Красимир Каракачанов, инаку најгласен околу ова прашање, оцени дека Софија, всушност, нема што да коментира околу спорот за името бидејќи прва ја призна Македонија под уставното име. Вистински проблем со нашата држава, според него, не е името, туку обидите на пројугословенски и просрпски кругови да ја потхрануваат антибугарската политика во нашата држава. Димитар Бечев од Европскиот совет за надворешна политика пак оценил дека ниту Македонија има територијални претензии кон Бугарија, ниту обратно.

По скандирањата „Бугари“ пред Советот на град Скопје околу одлуката за именување на улица според Тодор Александров, Софија повторно порача дека и' е повредено националното достоинство, а еден од пратениците за време на расправа во парламентот побара да се испрати Христо Стоичков за амбасадор во нашата земја - бидејќи е веројатно единствениот што нема да биде избркан од церемонијата на полагање цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

Спасов смета дека, и покрај сите овие случувања, односите меѓу Македонија и Бугарија се добри, а изненадување ќе биде само ако излезе Борисов и надвор од овој политички фолклор каже дека меѓу двете земји нема проблеми.

Најдобра илустрација за тоа е Божидар Димитров, кој со секоја своја наредна изјава се обидува да биде што е можно понавредлив кон Македонија, а медиумите таму го пренесуваат иако не е веќе релевантен како политичка фигура ни во сопствената држава.

Деновиве тој порача дека спорот за името може да се реши многу лесно, и дека името не е ни важно, па може и да не го вклучи зборот Македонија, да биде Дарданија, Илирија или слично, само да и' отвори пат на Македонија да влезе во ЕУ. (С.Ј)

Бидете внимателни - Софија нема црвена линија!

Охрид - „Бидете особено внимателни со Бугарите. Тие немаат дефинирано своја црвена линија. Затоа мора да се изработи посебна стратегија и да се обрне особено внимание на односите со Бугарија. Тоа што Македонци земаат бугарски пасоши не е мала работа“, порача вчера од Охрид универзитетскиот професор и писател од Бугарија Стефан Влахов-Мицов. Тој говореше на отворањето на Меѓународната научна конференција за македонски јазик, која е дел од Семинарот за македонски јазик, литература и култура.

„Со Грците, Македонија има црвена линија, но со Бугарите нема. Поголеми проблеми може да има, зашто кога некој е отворенo против вас со сите ставови, вие знаете како ќе реагира. Тука во Македонија секој знае како ќе реагира Грција. Со такви можеш да кажеш - мојата црвена линија е дотука. Со Бугарите не можете така, зашто тие немаат јасен став“, порача Влахов.

Неговото укажување доаѓа само на еден ден откако бугарскиот премиер Бојко Борисов ја искористи судската разврска со гевгеличанката Митрова да порача дека официјална Софија ќе ги испорача ставовите и забелешките за судството во Македонија. (В.М.)

Статијата е прочитана 3093 пати.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...07D81491C7
Без Ботев няма България
21-06-2012, 04:54 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 21-06-2012, 04:54 PM