Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 19.06.2012, 15:17
Поради Спаска Митрова построги оценки од Софија за евроинтеграциите на Македонија
Бугарија ќе биде исклучително строга кога ќе се донесуваат критериумите за пристапување на Македонија кон Европската заедница, вели премиерот Бојко Борисов, одбивајќи да ја коментира одлуката на Врховниот суд на РМ со кои и се одземаат родителските права на Спаска Митрова, објавува бугарскиот портал "Дарик нуз".
- Кога ќе дојде ред да го коментираме судскиот систем во Македонија, ќе го коментираме според европски критериуми, додава бугарскиот премиер, откако Врховниот суд ја отфрли одлуката на Апелациониот суд од Скопје од пред една година, ќерката на Митрова да биде вратена мајка си.

По одлуката на последната судска истанца, Митрова треба да го предаде детето на поранешниот сопруг Воислав Савиќ.

-Не поминува ни ден или недела да не добиеме сигнали или однос што најмалку го заслужува бугарскиот народ. Први ги признавме, секогаш сме им помагале во се, секогаш сме биле отворени и побратски народ од македонскиот на Балканот ние немаме. Но што ги тера да го прават тоа, не знам. Нема да го кажам на глас, но тие кога ќе проценат, добредојдени се во Бугарија. Знам што ќе кажат, дека најнезависниот суд проценил така. Добро, не коментираме судска одлука. Но, кога дојде ред да ви го коментираме судскиот систем, ќе го коментираме како што ние ќе процениме. А ние ќе процениме дека тој треба да е независен, демократски, европски, толерантен, заштитувајќи ги интересите на сите граѓани. Ќе судиме според европски критериуми - вели Борисов за "Дарик нуз".
Митрова, која има бугарско државјанство, води судски битки за враќање на својата ќерка со помош на бугарските власти веќе неколку години. Старателството над ќерката Сузана и беше одземано повеќепати, додека детето беше префрлано меѓу двајцата родители, пренесува бугарскиот портал.

(Ж.Ц.)
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...B330D1CD19
19-06-2012, 04:53 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 19-06-2012, 04:53 PM