Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 17.06.2012, 18:10
Плевнелиев стави еколошко вето на скијачкиот закон
Претседателот на Бугарија стави вето на новите мерки што треба на инвеститорите да им ја олеснат изградбата на скијачки патеки и ски-лифтови по тридневните протести на екологистите, кои сметаат дека таквиот чекор е закана за шумите. Мерките, кои беа усвоени од парламентот во средата, имаат цел да го зајакнат зимскиот туризам и да иницираат бум во градежништвото со тоа што ќе им се овозможи на инвеститорите да купат земја или да можат да извршат пренамена, а за тоа ќе платат одредени суми.

Но претседателот Росен Плевнелиев, кој лани во октомври победи со гласовите на десничарската ГЕРБ на премиерот Борисов, рече дека става вето на законот за да им овозможи на владата и на екологистите повеќе време за да постигнат компромис околу прашањето. Неговата интервенција следуваше по тридневните протести, кога беа уапсени 30 лица затоа што ја блокираа најважната раскрсница во Софија. Екологистите тврдат дека со новиот закон ќе профитираат само неколкумина во скијачкиот бизнис, а тие на евтин начин ќе ги уништат државната шума и дивиот свет.

Премиерот Бојко Борисов го поздрави ветото и побара од пратениците да размислуваат за промени, при што ќе ги земат предвид забелешките на мештаните и на активистите.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...0B83FC0189
19-06-2012, 04:52 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 19-06-2012, 04:52 PM