Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 16.06.2012, 13:58
69 години од масакрот врз 12 Ваташки младинци
69 години од масакрот врз 12 ваташки младинци беа одбележани денес во историското Ваташа, во присуство на роднините на стреланите скоевци и многубројни гости од земјава и странство. Говорејќи за големината на делото на ваташките ученици градоначалникот на Кавадарци Александар Панов нагласи дека тие денешната слобода ја платија со сопствената крв.
Историски час пред споменикот на стреланите момчиња во месноста Моклиште одржа Ристо Трајков, виш кустос историчар при кавадаречкиот музеј. Тој потсети дека 12 другари имале само по 16 до 18 години и иако млади ги помагале партизаните. Критичното утро бугарските фашисти нив ги излажале дека ќе ги носат на сликање. Ниту оние што не поверувале во приказната за сликањето и се обиделе да се спасат, не спасиле глава. Сите биле стрелани и масакрирани. Иако првично наредбата била да се убијат и неколку нивни другарки, девојчињата биле поштедени од крволочното зверство.
Најголемиот виновник за трагедијата во Ваташа бил полковникот Љубен Апостолов кој бил Македонец од Крива Паланка но како дете бил однесен да живее во Бугарија и подоцна станал поголем злосторник дури и од Бугарите. Во 1945 година главните актери на ваташката трагедија биле ликвидирани. Тоа како што рече Трајков е мала сатисфакција за македонците но тоа воопшто не ја намалува нашата болка кон оние кои прерано ги загубија животите а нивната крв ги закрвави и сонцето и блиската река.
Бројни делегации положија свежо цвеќе, а беше изведена и културно уметничка програма.
(С.Д.)
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...BB791F4F26
19-06-2012, 04:51 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 19-06-2012, 04:51 PM