Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 15.06.2012, 17:16
KАKО СЕ ПРЕГОВАРАШЕ ВО БУKУРЕШТ
Сe се реши на 6 јули


Kлучниот ден на дванаесетдневните преговори, кои му претходеле на самиот чин на потпишување на Букурешкиот договор, според историските документи што се веќе општо познати, бездруго бил 6 август, кога веќе се постигнал конечниот договор што кому ќе припадне. Србија ги доби Штип, Kочани, Радовиш и Гевгелија, а Грција - Kавала. Тој ден, само за краток период градовите Струмица и Kсанти ~ биле оставени на Бугарија бидејќи набрзо првиот ~ беше даден на Србија, а вториот на Грција. И со тоа, во периодот од 16 до 20 часот тој ден, биле отстранети најголемите територијални проблеми, односно било пресечено која држава ќе ги добие овие делови од македонската територија и од нејзиниот народ. Веќе за утредента било договорено да почне конечното составување на финалниот договор за мир, кој официјално би бил потпишан. Во српската делегација се ликувало. Се потсетувале на Букурешкиот договор од 1812 година кога руските војски се повлекле од Балканот, по што турската војска повторно воспоставила власт врз Белград.



Мир без хармонија

Делегациите на петте земји, Романија, Србија, Црна Гора, Грција и поразената Бугарија, меѓутоа, и утредента не можеле мирно да го скицираат договорот. Голем немир кај сојузниците внела веста дека Австро-Унгарија и Русија ќе бараат ревизија на договорот. Забуна внела и информацијата дека бугарските претставници на фронтот најавиле дека непријателствата ќе продолжат. А во тие денови романската влада веќе почнала со демобилизацијата на војската. Црногорскиот претставник Матановиќ прочитал мемоар со барањата на оваа држава. Во него било наведено дека во моментот кога Црна Гора стапила во војна, не знаела дека постои договор за поделба на територии меѓу Србија и Бугарија (од февруари 1812 година). А, со оглед на тоа дека во војната оваа држава загубила 17.000 луѓе, што било многу за земја која имала само 300.000 жители, и Црна Гора побарала територии кои ќе ~ овозможат посигурен развој. Тој ден официјална Франција брзо им одговорила на Русија и на Австро-Унгарија дека ќе биде против каква и да е ревизија на договорот.

Во сабота, на 8 август, веќе биле определени и новите граници меѓу Романија, Србија, Грција и Бугарија. Било утврдено дека финалниот договор нема да има никакви дополнителни клаузули и протоколи. Во договорот не била внесена бугарската желба за негова ревизија, а Софија прифатила и прашањето за Едрене да им се остави на големите сили бидејќи се надевала дека тогаш ќе се вмешаат Русија и Австро-Унгарија, па ќе се случи и некаква промена во основниот договор. Не успеал ниту рускиот обид Бугарија да го добие градот Kавала бидејќи тоа наишло на отпор од британската страна, а нашиот источен сосед потоа останал и без малиот излез што го имал на Егејското Море.

Бранко Ѓорѓевски

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...ABD86F0C27

Датум: 15.06.2012, 17:11
Расчистување со рецидивите од минатото

Балканот, со Македонија во средишниот дел, имаше посебна стратегиска важност за поларизираните империјални европски сили. Во 1878 година беше спречена Русија со војната да воспостави еднострана доминација со создавањето голема бугарска држава од Бугарија и од Македонија. Но не за да се реши прашањето на Македонија со нејзино организирање како самостојна држава, единствената солуција за мирен развиток на балканските држави. Со Берлинскиот договор, Македонија привремено беше оставена под власта на османлиската држава за добивање време до конечното затворање на прашањето согласно со нивните долгорочни политики на Балканот. Kонтинуирано ги милитаризираа протектираните мали балкански државички за нивно вклучување како сојузници во подготвуваната голема војна за колониите и за сферите на влијание.

Во 1903 година кога македонскиот народ со Илинденското востание манифестираше решеност да се избори за ослободување и државност, поддржаа употреба на дозволени и недозволени средства за задушување на востанието, да се зачува статус-кво. Нивните цивилни и воени претставници во Македонија, распоредени на целата нејзина територија, беа само набљудувачи на инвазијата на вооружените пропагандни чети од балканските држави за борба против Револуционерната организација и за подготвување терен за планираната војна за поделба на Македонија.

Србија и Бугарија на 30 март 1904 година потпишаа таен договор за Македонија да спречат создавање „четврта словенска државичка на Балканот (Никола Пашиќ)“.

Истите, во почетокот на 1912 година, по неколкумесечни преговори и договарања под покровителство на руската дипломатија, потпишаа (на 29 февруари/13 март) договор за воен сојуз, со таен анекс за поделба на Македонија. По пристапувањето на Грција и на Црна Гора, Балканскиот сојуз беше создаден, војната општоизвесна.

Македонскиот народ беше затекнат неорганизиран, без водство (по поделбите во Револуционерната организација и загинувањето на нејзините водечките авторитети). Мораше да се определува: да се присоедини на сојузниците или да застане против, а тоа значеше да ја брани државата против чии владејачки режими се бореше и крвавеше со децении. Тоа го имаа предвид сојузниците, кои пропагираа ослободителна војна.

Македонците масовно учествуваа во војната организирани во доброволни единици и во армиите на Бугарија, Србија и Грција. Дејствуваа како претходница на сојузничките армии. Месни вооружени чети и одредот на Јане Сандански самостојно се бореа и ослободија повеќе населени места. Народот се самоорганизираше и ја отстрануваше отоманската власт. Сандански со својот одред влезе во Солун во исто време со единиците на сојузничките армии. Тука ги претстави очекувањата на македонскиот народ за организирање на Македонија како самостојна држава.

Бугарија, Грција и Србија на освоените територии воспоставија военополициски и административни власти, кои со жестоки прогони спречуваа организирање отпор и акции за поставување на македонското прашање на Амбасадорската конференција на претставниците на европските големи сили, што се одржуваше во Лондон паралелно со мировните преговори на војувачките држави. Затоа, пак, претставници на македонската колонија во Петроград упатија (на 1 март 1913 год.) до Лондонската амбасадорска конференција меморандум за независноста на Македонија. Европските големи сили не го признаваа македонскиот народ, македонското барање го игнорираа. Се договорија за создавање албанска држава, официјализирано со формално решение на Амбасадорската конференција, и да ги задоволат сојузените балкански држави препуштајќи им самите да ја договорат поделбата на Македонија. Следуваа втората балканска војна и поделбата на Македонија според Букурешкиот договор потпишан на 28 јули/10 август. Истите и по распарчувањето на Македонија продолжија со својата децениска антимакедонска политика.

Македонскиот народ ја продолжи борбата, при поповолна меѓународна констелација се избори за своето ослободување и создаде (на дел од етничката територија) самостојна, потоа и независна држава. На нова Европа ~ претстои да расчисти со рецидивите од минатото, да ја исправи децениската неправда кон македонскиот народ.

Проф. д-р Михајло Миноски

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...A5B744DA5B



Датум: 15.06.2012, 17:09
Војни што не решија ништо

Говорејќи за балканските војни од 1912 и 1913 година, британскиот министер за надворешни работи Едвард Греј забележал дека „војната почна како војна за ослободување, стана војна за анексија, а заврши како војна на истребување“. Навистина, кога балканските војски во октомври 1912 година ја нападнаа османлиската држава, помеѓу населението, војниците и политичарите владеело убедување дека војната ќе донесе слобода на потчинетите сонародници во државата на султанот. Улиците на балканските престолнини биле полни со демонстранти, кои ја одобрувале почнатата војна и ги поздравувале амбасадорите на сојузничките сили, како и војските што заминувале на фронтовите.

На теренот, сојузничките војски релативно брзо ја истиснале османлиската воена сила, која во претходниот период по еднаш ги преслуша српските (1876 г.) и грчките војски (1897 г.). Европските политичари, „по правило“, биле изненадени од успехот на малите балкански држави. Заборавиле дека непосредно пред нападот на здружените сили на Бугарија, Србија, Грција и на Црна Гора, османлиската држава била поразена од Италија во војната за Либија. Оваа војна покажала дека турската армија веќе не била сила што треба да се почитува. Меѓутоа, додека се славеле победите, ослободувањето, додека мајките и татковците ги оплакувале своите загинати чеда, а муслиманското население панично бегало пред победничките војски, кои во тој момент добиле можност да се одмаздат за петте века османлиска власт, меѓу политичарите на балканските држави дошло до недоразбирање во врска со поделбата на територијата на Европска Турција. Војната меѓу сојузниците, која ја замени соработката, била продолжеток на меѓусебните односи од претходниот период. Македонија била причината за недоразбирањата. Секоја од трите балкански монархии ја сметала Македонија како дел од своето историско наследство и право. Верувајќи дека можеби ќе дојде слободата, Македонците, за жал, во Втората балканска војна станаа третиот дел од мислата на Греј.

Непосредно по почетокот на Првата балканска војна, рускиот воен аташе во Париз, Игнатиев, пророчки забележал дека не треба да се има никаков сомнеж оти по војничката победа над Османлиите, повторно ќе се појават ривалствата помеѓу балканските држави и „ништо стабилно нема да биде изградено на Балканот додека не поминат многу години“. Дали бил во право? Политичката карта на Балканот денес е многу различна од таа по Букурешкиот мировен договор. На неа гледаме и држави што стратезите на балканските националистички идеи не ги планирале, а уште помалку сакале да ги видат. Република Македонија е една од тие држави.

Еден век по почетокот на Првата балканска војна во регионот с` уште постојат нерешени прашања, недоразбирања, различни погледи на одредени минати настани што предизвикуваат тензии, обвинувања за кражби на историјата, иредентизам и територијални претензии. Стабилноста и нормалните добрососедски односи, за кои политичарите толку многу говорат, а сосема друго прават, с` уште се далеку од реалноста. За жал, Игнатиев бил во право. Настаните во поранешна Југославија, кои некои ги нарекуваат трета балканска војна, се само една потврда на размислувањето на рускиот воен аташе.

Проф. Далибор Јовановски

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...4EFDBCA425

Датум: 15.06.2012, 17:13
Македонското прашање обвиено со „конспиративна тишина“


Ирскиот новинар и политички активист Џејмс Дејвид Барчија (James David Bourchier), во статијата под наслов „Македонското прашање“, која ја објавил во весникот „Манчестер гардијан“ на 30 јули во 1919 година, констатирал „конспиративна тишина“ по македонското прашање на Париската мировна конференција. Тој соопштува дека територијалните прашања во врска со Македонија останале исти - биле потврдени решенијата од Букурешкиот договор. Сметаме дека тишината не би била толку „гласна“ доколку „вревела“ територијално-политичката содржина на македонското прашање. Kонспиративноста (или консензусот) на големите сили по македонското прашање е од постара дата и се однесува на неговата национална содржина. Изворната граѓа укажува дека македонското прашање уште од средината на 50-тите години на 19 век почнало да се изразува како јазично, културно и етничко во настапите на македонските внатрешни структури пред јавната власт - конкретно пред духовната власт на Цариградската патријаршија, односно на Бугарската егзархија од 1870 година.

Во периодот што следувал, споменатава содржина на македонското прашање се интензивирала манифестирајќи се како „движење“ со „јасна прецизна мисла“ за „независно национално и црковно ослободување“. Но, како што пишува П.Р.Славејков од цариградскиот круг на бугарската преродба, македонското прашање не требало да „излезе на пазарот“, туку требало да остане зад сцената на актуелните меѓуетнички и политички односи во османлиската држава, но и пошироко. Во актуелниот момент антиципирањето на македонските особености не било одредница ниту во османлиската државна политика (која дури и формирала нови територијално-администаративни единици - вилаети за да го истисне името Македонија) ниту на европските сили, во прв ред на царска Русија и на Австро-Унгарија. Сите тие, политичката конструкција Бугари ја користат како етноним заради конкретните интереси. Во третираниот период, судбината на земјите и на народите од источниот дел на Балканот била под постојан притисок и влијание на Русија. Западниот дел на Балканот, вклучително и на солунското пристаниште, Русија често го препуштала како сфера на влијание де на Австрија де на Франција или, пак, на Англија. Респективната делба на османлиската територија на Балканот, а во тој ред и на Македонија, била константа во политиката на Русија, која ја карактеризираат два модела. Првиот, уништување на османлиската држава и создавање една голема и доминантна балканска држава (Грчка Империја, Голема Србија, Голема Бугарија), како моќен и лојален медијатор на нејзините стратегиски интереси. Вториот модел се состоел од формирање сојуз на балканските држави против османлиската држава (прв балкански сојуз 1862/67 и втор балкански сојуз 1904/12) и кој би ги посредувал руските интереси на Балканот. Во споменативе политики, Македонија фигурирала единствено како територијална варијабла, а националната содржина била апстрахирана, што најдобро го потврдуваат последиците од балканските војни (1912/13).

Проф. д-р Наташа Kотлар-Трајкова

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...EB55EE0693

История, войни, победители, победени; неслучайно Сандански и Чернопеев застават на страната на младотурците;
Българската приказка - до 1925 г. България приема около 260 хиляди семейства от Македония, Тракия и Добруджа; до началото на ВСВ - това са около 900 хил. души; а от страната се изселват около 1 млн. души - турци, помаци, татари, черкези, гърци...;
Най-доброто нещо на една война е никога да не започва...

19-06-2012, 04:44 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 19-06-2012, 04:44 PM