Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

МНР на Бугарија реагира за „антибугарски пројави во Македонија“

16.06.2012 - 20:09 |

Македонија

Министерството за надворешни работи на Бугарија денеска реагира на, како што се наведува, последните антибугарски пројави во Македонија.

- За жал, повторно на јавни настани во Скопје беше употребено името на Бугарија и на Бугарите во негативен контекст. Загрижени сме од некои пројави во соседна Република Македонија, се вели во писмената реакција објавена на веб страницата на бугарското МНР.

Таквите пројави, стои во реакцијата, “противречат на европските принципи и норми на политичко поведение, демонстрираат стереотипи од минатото и не се во согласност со стремежот на македонското општество да ги сподели европските вредности и да се присоедини кон заедничкото европско семејство“.

Бугарските медиуми посочуваат дека реакцијата на Софија следува по политичките расправии во Скопје предизвикани од преименувањето на некои улици, меѓу кои и по Тодор Александров, и одржаните јавни протести организирани од опозицијата на кои во негативен контекст се спомнувале Бугарија и Бугарите.

Реакцијата доаѓа само ден и по првата средба на претседателите на двете земји Ѓорге Иванов и Росен Плевнелиев на Самитот на ПСЈИЕ во Белград, на која заеднички се заложија сите проблеми и отворени прашања да се решаваат преку отворен дијалог и меѓусебно разбирање.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/m...a%E2%80%9C
Без Ботев няма България
17-06-2012, 05:11 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 17-06-2012, 05:11 AM