Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Мислења
Бугарија и спорот околу името
Ѓорѓи Спасов
Изјавата на бугарскиот премиер е извонреден подарок за Македонија
Клучниот доказ за тоа дека Љупчо Георгиевски не е експонент на бугарската политика во Македонија е изјавата на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, во која вели дека името Северна Македонија (кое за Љупчо е прифатливо), за Бугарија е целосно неприфатливо. Според Борисов, таа географска одредница во името може да го опфати и Благоевград и затоа ако токму тоа име биде решение за спорот меѓу Грција и Македонија, Бугарија ќе стави вето на членството на Северна Македонија во НАТО и во ЕУ додека не изнајдеме заеднички прифатливо решение околу името, овој пат со Бугарија.

Македонија на таа изјава треба да и' даде што е можно поголем публицитет. Со вклучувањето на Бугарија во овој спор, неговата апсурдност добива на тежина. Светот ќе сфати дека пред речиси 20 години, за да стане членка на Обединетите нации Македонија прифати да биде примена под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“ и под покровителство на ОН да води разговори со Грција за разликите околу името. Тогаш Бугарија, која прва ја призна Македонија како независна држава под името Република Македонија, немаше какви било забелешки, а не беше ниту членка на НАТО ниту на ЕУ.

Македонија објаснуваше дека токму поради можното противење на Грција околу името, земјата ја нарековме „Република Македонија“, а не само Македонија. Дававме пример, од меѓународната пракса, дека во 1949 година кога Ирска стана независна држава, Велика Британија, која војуваше против неа, како услов за нејзиното признавање бараше таа да се нарече Република Ирска, бидејќи делови од Ирска останаа во составот на Обединетото кралство (на Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска). Објаснувавме дека нам не ни пречи Грција себеси да се нарече Обединето кралство на Грција и Северна Македонија. Ниту ни пречи Бугарија да се нарече Обединето кралство на Бугарија и Западна Македонија. Објаснувавме дека името Република Македонија прави јасна дистинкција од поимот Античка Македонија, дека 50 години во составот на СФРЈ таа земја опстојувала како Народна Република Македонија и како Социјалистичка Република Македонија и дека се јасни нејзините граници, територија и население уште од периодот по балканските војни. Но, Грција успеа да не' принуди, како нова членка на Обединетите нации, да членуваме во сите меѓународни организации под привремената референца и да водиме разговори за разликите околу името.

За да ја одоброволи Грција, по блокадата која ни ја воведе Грција против сите меѓународни правни норми, Македонија прифати да ги смени Уставот и знамето, а во замена доби привремена спогодба во која Грција се обврза да не го оневозможува интегрирањето на Македонија во меѓународните организации под привремената референца. Но кога дојде денот Македонија да почне разговори за членство во ЕУ и да стане полноправна дел од НАТО, Грција како членка на тие организации, во кои одлуките за прием се донесуваат со консензус се спротивстави и побара изнаоѓањето заедничко решение за разликите околу името да биде услов за членство. На тој план не помогна ниту одлуката на Меѓународниот суд во Хаг, кој донесе пресуда во која се вели дека Грција со ветото за интегрирање на Македонија во НАТО го прекршила меѓународното право.

И таман кога некои во земјава и во странство почнаа да шпекулираат со можноста Грција и Македонија да се согласат околу замена на референцата Поранешна Југословенска со Северна, се јави поранешниот бодигард на Тодор Живков и сегашен премиер на Бугарија Бојко Борисов со веќе спомената изјава.

Таа изјава, според мене, е извонреден подарок за Македонија. Сега Македонија треба да ги информира ЕУ и НАТО дека во врска со спорот околу името се појавува уште една членка на ЕУ и на НАТО која ни се заканува со вето ако постигнатото решение не биде во согласност и со нејзините интереси. Тоа ги прави беспредметни натамошните разговори на Македонија со Грција за разликите околу името. Затоа Македонија треба да им предложи на членките на ЕУ и на НАТО, најпрво Грција и Бугарија да почнат разговори за изнаоѓање заеднички прифатливо решение околу името на нашата земја, а потоа, врз основа на тоа нивно заеднички прифатено решение да продолжат разговорите со Македонија. Бидејќи е познато дека Албанија не би се согласила со име како Славо Македонија или Христијанска Македонија, треба да се сугерира и таа како членка на НАТО да биде вклучена во тие претходни разговори. За секој случај треба да се предложи, во тие разговори околу нашето име да биде консултиран и Томислав Николиќ, но и Турција за да не се случи, откако ќе го промениме името, Анкара да каже дека ќе ни стави вето за членство во НАТО бидејќи сме прифатиле промена на името под притисок на Грција.

Сето ова треба да им се соопшти на членките на ЕУ на НАТО и на светските медиуми и да им се каже дека тоа го правиме поради нашето големо почитување кон нашите соседи и поради тоа што искрено жалиме што им создаваме толкави грижи со уставното име на нашата земја. Треба да изјавиме дека Македонија и натаму ќе остане посветена на решавањето на овој проблем. Македонија треба да изрази надеж дека Бугарија, Грција и Албанија со соседните држави во разумен рок ќе најдат заеднички прифатливо решение околу нашето име кое нив нема да ги загрозува и потоа ќе седнеме на заедничка маса да ги видиме разликите околу името.

Но за да не бидеме обвинети дека не сме предупредиле на деликатноста на проблемот, треба да побараме при разговорите на нашите соседи околу името на нашата земја да ги имаат предвид и следниве информации.

Во некои туристички водичи за Бугарија може да прочитате дека трите лава на државниот грб на Република Бугарија ги симболизира трите бугарски земји: Мизија, Тракија и Македонија и дека современата бугарска нација настанала со спојувањето на трите племиња, Мизијци, Тракијци и Македонци. Од Мизијците Бугарите го научиле земјоделството, од Тракиците уметност, а од Македонците вештината за војување. Во Грција за грчка Македонија, за грчките Македонци и за тоа што се' е македонско може да прочитате уште повеќе работи.

Во градот Сандански секоја година се одржува прекрасен фестивал на македонски народни песни. Тие се сметаат за најубав дел од бугарскиот фолклор. Тоа го отвара и прашањето за придавката. Кога веќе ќе почнат да разговараат Грција и Бугарија нека се договорат и околу придавката. Дали ќе може секој да ја користи како до сега, и ние по можност „во согласност со Уставот“ во меѓународната комуникација. Откако ќе се договорат со кои имиња и придавки не им го загрозуваме територијалниот интегритет, не им ја крадеме нивната историја и не ги нервираме, нека ни го соопштат нивното заеднички прифатливо решение. До тогаш ние ќе почекаме. Сега Грција веќе не е единствената пречка. Груевски треба да престане да го брани името. Ќе ни го одбранат соседите.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DB61C...69F4109E4D

Сарказмът в оригиналното иначе произведение на професора може и да е уместен донякъде - но определено не се вписва в контекста на скандиранията пред, до и в Съвета на Скопие...
16-06-2012, 09:30 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 16-06-2012, 09:30 AM