Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Прва билатерална средба Иванов - Плевнелиев
15.06.2012 - 17:27 |


Македонија

Претседателот Ѓорге Иванов денеска на маргините на Самитот на шефови на држави и влади во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Белград, оствари прва билатерална средба со неговиот бугарски колега Росен Плевнелиев.

Средбата помина во исклучително конструктивна и пријателска атмосфера, фокусирана на економијата и инфраструктурата.

Иванов ја истакна потребата од поголема фокусираност на економски проекти, инвестиции, на инфраструктура, заеднички настап пред ЕУ фондовите и прекуграничната соработка. На средбата беше искажан и интерес за продлабочување на билатералните односи во сите сфери, и потреба од интензивирање на политичкиот дијалог, за што е потребен заеднички ангажман и почести средби на сите нивоа. Во тој контекст и е очекувањето на Иванов, дека во најскоро време ќе биде остварена и официјална посета на највисоко ниво. Шефот на државата упати покана и за манифестацијата Охридско лето.

- Токму конкретните проекти од регионален интерес, ќе бидат во фокусот на Македонија како идни домаќини на УНЕСКО Самитот и ПСЈИЕ, рече Иванов.

Во однос на разликите за одредени прашања, шефот на државата истакна дека Македонија опстојува на определбата за градење на добрососедски односи и се залага низ отворен дијалог со Бугарија да се бараат решенија и да се надминуваат разликите кои влечат корени од минатото.

Претседателот Плевенелиев истакна дека Бугарија и натаму ќе продолжи да ги поддржува македонските евроинтеграции.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/p...plevneliev

кухи фрази
Без Ботев няма България
15-06-2012, 04:36 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 15-06-2012, 04:36 PM