Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Студент препишал научен труд, го фатиле во Бугарија

Студент во втора година ги избришал другите автори потпишани на трудот, и само со своето име го испратил на објавување во бугарското едукативно-научно списание (Bulgarian journal of chemical education), по што тамошните рецензенти откриле дека делото е плагијат




Примерок од трудот на професорката (лево) и плагијатот на студентот

ОТКРИЕН ПЛАГИЈАТ НА ИНСТИТУТОТ ПО ХЕМИЈА

„Определување на карактеристиките на параметрите во процесот на промена на системот–зеолит“ е насловот на научниот труд, што студент во втора година на Институтот по хемија го претставил како свој, а всушност е напишан од професорка по хемија што предава во средно хемиско училиште. Станува збор за авторско дело што таа, во 2005-та година, го презентирала на конференција во Романија, а во кое студентот учествувал само во делот на техничката подготовка.

Препишувачот нема да биде казнет за ова дело и нема да биде отстранет од универзитетот. Неговото име ќе стои на „ѕидот на срамот“, во случајов на огласните табли низ факултетот, и тоа ќе биде казната за делото што го сторил.

Универзитетските професори досега многупати укажувале дека има студенти кои често се обидуваат или препишуваат цели семинарски, па и академски трудови, но ова е прв случај досега студент да препише научен труд.

Плагијатор со деветки и десетки

Бугарските рецензенти, кога го добиле трудот на студентот пред тој да се објави, увиделе дека се работи за дело што е многу слично на она на професорката. За случајот веднаш го известиле раководството на нашиот Институт по хемија на Природно-математичкиот факултет.

- Интересно е што тој е многу добар студент, има доста висок просек. Кога тој бил ученик во средното хемиско училиште, соработувал со професорката што предавала таму. Затоа таа му го дала својот труд да го среди технички и да го приспособи, па затоа го ставила и неговото име меѓу авторите. Потоа, тој ги избришал другите автори и коавтори потпишани на трудот, и само со своето име и презиме го испратил на објавување во бугарското едукативно-научно списание (Bulgarian journal of chemical education) – објаснува Љупчо Пејов, шеф на Институтот по хемија.

Откако разбрал од Бугарите за ова, Пејов разговарал со студентот, кој упорно не ја признавал вината.
- И покај сите докази и документи што ги имаме, тој и натаму тврди дека некој влегол во неговата електронска адреса и некој друг во негово име го дал трудот за објава. Колегите на овој Институт се состанаа и јасно укажаа дека вака не се игра академската игра. Научната етика е на завидно ниво на нашиот Институт. Ваквите немили настани не ги премолчуваме, туку сакаме да ги расчистиме, не со цел некого да обележиме, туку со цел младите да ги научиме дека пробивот во науката оди на друг начин – додава Пејов.

Казни за препишување

Во овие случаи, кога се нарушува научната етика, има три вида казни според правилникот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои студентот може да ги добие. Првата предвидува студентот да добие писмо со препорака да не му се случи повторно да препишува, втората казна е неговото име да биде објавено на огласните табли на факултетот и третата е забрана за полагање испити до крајот на академската година.

Во Ректоратот објаснуваат дека овие правила не може да се менуваат и не можат да се воведат поригорозни мерки, сѐ додека не се измени Законот за високо образование.

- Нема казнени одредби за плагијати. Во Уставот и законите јасно стои дека не можете никому да му го одземете правото на образование и затоа овде не доаѓа предвид отстранување од универзитетот како една од можните казни – објаснуваат во Ректоратот.


Автор: Антонија Поповска Христов

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22604
Без Ботев няма България
14-06-2012, 06:22 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 14-06-2012, 06:22 PM