Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Жежок ветар на Балканот

Димитар Чулев

13.06.2012, 18:20

Едиторијал

Сигнали на дипломатска еквилибристика, а не пораки за добрососедство испратија лидерите од земјите на бивша СФРЈ кои не присуствуваа на инаугурацијата на новиот српски претседател, Томислав Николиќ.

Нема да навлегуваме во детали кој колку од шефовите на државите од бивша Југославија се најдоа затечени и изненадени од вербалните излети на Николиќ околу Сребреница и Вуковар. Ниту околу тоа колку новите советници во кабинетот го подучија „тазе“ претседателот со многу незгодни изјави во минатиот труд, да олабави...

По се' што се случи и по стерилната инаугурација, впечаток е дека Балканот се' уште не не' сфати целосно дека треба да се надмине минатото и да се работи за иднината.

Присуството на еврокомесарот Штефан Филе на инаугурацијата беше порака до Балканците дека проблемот со Балканот се' уште е на ниво на заостанат дел од Европа, каде што соседите живеат и ги „надградуваат“ своите таканаречени вредности и позиции само врз основа на омраза и омаловажување на другиот.

Само као дигресија, никој на Оланд по победата на претседателските избори во Франција нема да му ги брои децата од претходните и сегашните бракови, но еден хрватски медиум публикуваше текст дека Томислав Николиќ ја почнал кариерата како гробар на гробиштата во Крагуевац и дека прекарот Томо Гробар му останал до денес.

Постои едно правило на дипломатски бон-тон кое претпоставува дека ако во една држава се избере раководство врз принципите на демократско изјаснување на граѓанството, ред е соседите и меѓународната заедница да го прифатат тоа.

Но, сосема друго е кога тој нов претседател уште во првата изјава ќе направи таков фаул како оној за Сребреница, кој не се простува. Лесно изговорените зборови на Балканот лесно палат огнови.

Требаа 15 години да се залечат раните од крвавите војни и затоа сите треба да бидат одговорни за она што го кажуваат.

Регионот не треба повторно да се вознемирува со пораки кои не повикуваат на добрососедство, туку на нова скептичност. Балканот не може да апсорбира нови трауми, нови поделби, нови закани. Потребно е да гледа во иднината, во европските вредности.

Затоа најголемата грешка на легално избраниот српски претседател е што не сфати дека веќе не е претседател на партија која е во изборна трка, туку веќе шеф на државата и дека сите соседи внимателно ќе ја следат секоја негова изјава.

И бугарскиот премиер со неговата изјава околу името на Македонија ги вознемири Македонците затоа што пројави желба да се меша онаму каде што не му е местото.

И таа негова изјава влегува во летните фрустрации кои испраќаат пораки за поделби наместо за заедништво. Каков би бил резултатот од овие изјави со лош електрицитет.

Враќање кон заблудите од минатото: Албанија смета дека Ниш, што во албанскиот јазик значело прво, е најсеверната граница во новата географско-топографска карта на земјата на Албанците; За Унгарците, Војводина е поранешна австроунгарска територија под привремена контрола на Белград; Романија побара признавање на влашкото романско население во Србија, а Бугарија смета дека до Ниш преку Димитровград живее бугарско малцинство.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=98AE44F6B...BA6C23BE70

Цялата статия е пропита с трогателна загриженост за србите - авторът почти в прав текс ни казва , че сите други са лоши и сакат нещо туго само сърбите чинат.
Без Ботев няма България
14-06-2012, 06:18 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 14-06-2012, 06:18 PM