Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Борисов во Земјата на чудата

Она што мене особено ме весели во тирадата на Борисов е неговиот ранет восклик: „Кај ја најдовте таа тема?“. Значи тој не негира дека тоа се случило – тој само ми замерува зошто јас за таа случка решив да снимам филм, рече Дарко Митревски кога го замоливме да ги прокоментира изјавите на Бојко Борисов за „Трето полувреме“.



„Пред сè, морам да напоменам дека фрустрациите на Бојко Борисов поврзани со (повеќедецениското) фалсификување на историјата на земјата на чиешто чело се наоѓа тој немаат никаква врска со мојот филм“, рече за МКД.МК Дарко Митревски, режисерот и сценарист на филмот „Трето полувреме“, во врска со обвинувањата на бугарскиот премиер Борисов дека филмот е хитлеровски.

„Од една страна – да, точно е дека Бугарија била член на Силите на оската и земја со пронацистички режим во текот на Втората светска војна, земја одговорна за депортацијата на 11.000 Евреи од Македонија и Тракија во гасните комори на конц-логорот Треблинка. Тоа не е податок што јас го обелоденувам, тоа е податок што можете да го најдете на интернет-страниците на американскиот Меморијален музеј на холокаустот, центарот Симон Визентал, израелскиот музеј Јад Вашем… Зошто тогаш премиерот Борисов не ги прозива нив, туку мене? Затоа што не може да удри по магарето, па удира по самарот. Тоа зборува многу за неговиот карактер, но не зборува ништо за мене“, рече Митревски.

„Од друга (многу побитна) страна, ‘Трето полувреме’ не е хитлерски филм. Каков филм е ‘Трето полувреме’ Бојко Борисов не ни може да знае бидејќи не го гледал. Тука завршува неговата компетентност да зборува на оваа филмска тема. Но она што мене особено ме весели во неговата тирада е неговиот ранет восклик: ‘Кај ја најдовте таа тема?’. Со други зборови, Борисов не негира дека тоа се случило – тој само ми замерува зошто јас за таа случка решив да снимам филм. Со други зборови: не е виновен царот што е гол, виновно е детето што рекло дека царот е гол.

И да нема забуна – кога велам ‘цар’, не мислам на Борисов. Мислам на воениот злосторник Борис Трети“, завршува авторот на „Трето полувреме“, филм што од самиот почеток на снимањето, на невидено, предизвикува невообичаено хормонални реакции во Бугарија.

http://www.mkd.mk/36730/makedonija/boris...a-chudata/
Без Ботев няма България
09-06-2012, 01:36 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 09-06-2012, 01:36 PM