Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

БОЈКО БОРИСОВ СМЕТА ДЕКА ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА ЗНАЧИ ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕТЕНЗИИ


Северна Македонија неприфатливо и за Бугарите


Варијантата Северна Македонија како решение за македонско-грчкиот спор за името, за Бугарија е неприфатлива. Бугарскиот премиер Бојко Борисов за телевизијата ТВ Плус изјавил дека нашиот источен сосед не може да се согласи на ваков компромис бидејќи тоа би значело дека Македонија има територијални претензии кон Бугарија.
-Една од варијантите, која стигна и до мене, беше онаа за Северна Македонија, ако не се лажам. И јас кажав дека тоа ние не би го прифатиле, бидејќи утре ќе кажат дека и Благоевград е македонски. Со таква одредница се опфаќаат и бугарски територии. Тоа ќе покрене можност за територијални претензии, смета Борисов.

Сепак, бугарскиот премиер изјавил и дека Бугарија ја поддржува евро-атлантската интеграција на земјите од Западен Балкан.

Владата и Министерството за надворешни работи вчера беа без коментар за ставот на Борисов.
Од грчките политичари, последен за име со географска одредница за севкупна употреба се изјасни лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас. Неговата партија на изборите освои неочекувано голем број гласови. Ципрас, доколку победи на изборите на 17 јуни, ќе работи во рамките на ОН за изнаоѓање заемно прифатливо решение и затворање на долгогодишниот проблем кој спречува суштинска соработка меѓу двете земји и двата народа.
-Преземаме одговорност и гарантираме дека ќе работиме за да дојдеме до заемно прифатливо решение за сложено име со географска одредница за севкупна употреба, кое го предлагавме уште пред многу години. Ако тогаш не послушаа ќе беше решен проблемот кој за жал спречува можност за развој и суштинска соработка меѓу двете земји и двата народи, изјави Ципрас.

http://vecer.com.mk/?ItemID=B9BE31B9C7CC...14EDE32E03
Без Ботев няма България
09-06-2012, 05:34 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 09-06-2012, 05:34 AM