Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Борисов: „Не снимајте хитлеровски филмови за нас“

Според бугарскиот премиер Македонија не се заблагодарила искрено за добрината и поддршката што ни ја даваат. Со „Северна Македонија“ ќе имало претензии кон бугарската територија, вели Бојко Борисов

Од нашиот известувач
Слободанка Јовановска

Софија - Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера од форум за Балканот во Софија место да објасни зошто ја гледа Бугарија како дел од спорот за името на Македонија, повика да престанел манирот кај нас оваа соседна држава да се преставува како хитлеровска.

„Ние никогаш не се мешаме во други земји. Само кога правите хитлеровски филмови за нас. Бугарија никогаш немала свастика на знамето. Ние никогаш не се мешаме туку напротив, први ја признавме Макеоднија, работевме да ви паднат визите, ви помагаме и сега ни одговоривте - со хитлерски филм. За што се мешавме досега? За Цар Самоил ли се мешавме, за Кирил и Методиј? Или кога ги гоните нашите преставници од паметниците ли се мешаме? Ние сакаме да сме браќа, да се уважуваме и да се почитуваме, да правиме железници, патишта...“, реплицираше емотивно Борисов на новинарското прашање.

Изјавата дека името „Северна Македонија“ не било прифатливо за Бугарија Борисов ја дал, како што рече, само затоа што бил прашан за тоа од новинар и си го кажал мислењето.

Околу инсистирањето на Софија за заедничко славење на празниците со Македонија Борисов потсети дека двете земји за тоа потпишале декларација и сега треба да ја почитуваат. „Зошто место да си ја гледате европската интеграција, вие создавате вакви проблеми. Може да празнуваме секакви празници, соседи сме, но хитлеристи не сме. Ние ги спасивме бугарските Евреи за кои и царот Борис поднесе лична жртва. Од каде ја најдовте таа тема“, рече Борисов.

Според него, тоа било „благодарам“ за нивната добрина, добрососедство и поддршката што ни ја даваат. „Оставите со историјата да се занимаваат историчарите, а ние со финансиската дисциплина, инфраструктурата и други теми“, порача луто Борисов. На прашањето зошто не доаѓа во Македонија, иако посетата ја најави многу одамна, Борисов одговори дека ќе дојде кога ќе добие покана.

„Зар не ве канат, зар не сте добредојден во Македонија“, беше следното прашање на кое тој одговори дека постои одреден начин за канење, па наброја кој се висок функционер од Македонија бил во Бугарија, вклучувајќи го и премиерот Никола Груевски, кој бил добро примен.

Ден претходно Борисов во една телевизиска емисија изјави дека „Бугарија е стриктно против име со географска одредница како можно решение на спорот за името меѓу Македонија и Грција“. Според него, име како „Северна Македонија“ или слично на него е целосно неприфатливо, бидејќи со таква одредница се опфаќале и бугарски територии, што ќе иницирало можност за територијални претензии.

Во изјавата за бугарската ТВ Плус Борисов нагласи дека со Бугарија биле дискутирани повеќе верзии за името на Македонија, вклучувајќи го и „Северна Македонија“. „Реков дека нема да го прифатиме, бидејќи утре може да речат дека Благоевград е македонски“, изјави Борисов, алудирајќи на најголемиот град во Пиринска Македонија.

Шефот на дипломатијата Николај Младенов на прашањето, од каде и' е на Софија идејата дека Македонија може да има територијални претензии кон Бугарија одговори дека единствен начин да бидат затворени сите прашања е да се погледне напред и да се разбереме дека реалната интеграција во ЕУ и НАТО отстранува секакви сомневања за претензии на една земја спрема друга.

„Ние живееме на Балканот, се познаваме многу добро и си ги знаеме навиките и карактерите, па тоа што го кажа денес премиерот сакам категорично да го потврдам, дека Бугарија секогаш ја поткрепува европската ориентација на Македонија. Дали како ќе се реализира зависи од самата Македонија“, одговори заобиколено Младенов, додавајќи дека таа интеграција зависи и од решениетот за спорот со Грција. Тој потсети дека Бугарија прва ја призна Македонија и во тој однос нема никаква промена. Запрашан зошто сепак се покажува ваква лутина кон Македонија и зошто како да владее студен мир межу двете земји и нема взаемни посети, Младенов одговори: „Мене лично и на сите во Бугарија не ни се допаѓа постојаното задевање на Бугарија зашто Македонија не видела ништо лошо од нашата земја“.

Запрашан дали има место за мешање на Софија околу тоа како треба да се вика Македонија, тој одговори дека Бугарија не се вклучува во тој дијалог бидејќи тој е меѓу Макеоднија и Грција. „Но во крајна линија, кога различни варијанти се ставаат на масата и се разгледуваат, ние секако имаме наше гледање за развојот на односите на Балканот“, рече Младенов. Колку подолго земјите се настрана од евроинтеграцијата толку посложени за решавање ќе бидат отворените прашања.

Кои се пак конкретните отворени прашања сега меѓу двете земји, беше следното прашање на кое Младенов одговори: „Има натрупани прашања кои со години наназад останаа без дејствување. На пример, Софија и Скопје немаат се' уште железничка врска, од бугарска страна е изграден а од македонска има доста што треба да се направи. Има определено забавување последните месеци на реализацијата на прекуграничните програми на ЕУ и постојаниот фокус во макеоднија кој што кажал во Бугарија не помага на општественото мислење тука во нашата земја“.


http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...7DA5BAD7A0
08-06-2012, 07:29 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 08-06-2012, 07:29 PM