Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Експлозии во Бугарија, 9 ранети

Причина за инцидентот најверојатно е човечка грешка, тврдат властите



Човечка грешка најверојатно е причина за низата експлозии што вчера и завчера одекнаа во магацин за муниција кај Сливен во југоисточна Бугарија, изјави бугарскиот заменик-министер за одбрана Валентин Радев. Во инцидентот се повредени најмалку девет работници, од кои двајца посериозно, а тројца други сѐ уште се водат како исчезнати.
Радев за Бугарското национално радио изјави оти во магацинот во сопственост на компанијата „Берета трејдинг“ од Софија не биле почитувани безбедносните стандарди. Тој истакна оти на местото на несреќата биле најдени мобилки иако тие се забранети на вакви локации. Радев посочи оти искра можеби ги предизвикала експлозиите.
Министерството за внатрешни работи предупреди дека парчиња муниција сѐ уште се расфрлани околу магацинот и апелираше до граѓаните да пријават кај надлежните ако забележат нешто. Распрсканите остатоци од магацинот оштетија куќи во две околни села и предизвикаа паника меѓу населението. Од селото Горно Александрово беа евакуирани над 600 жители.
Николај Милошев, директор на Институтот за геофизика при Бугарската академија на науки изјави дека експлозиите предизвикале земјотрес од 1,5 степен според Рихтер, а шефот на бугарските противпожарни служби, Николај Николов, тврди дека јачината на земјотресот била 4,5 степени. Од друга страна, Бугарската академија на науки претходно соопшти оти не регистрирала земјотрес по инцидентот. Експлозиите, сепак, предизвикаа паника од земјотрес кај локалните жители поради неколкуте потреси во земјата минатиот месец. Локалните власти, пак, соопштија дека нема опасност од загадување на водата и на воздухот во регионот од експлозиите.
Ова е шести инцидент во складиште за муниција во Бугарија од 2000-та.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22598
Без Ботев няма България
07-06-2012, 04:59 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 07-06-2012, 04:59 PM