Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

АТАКА: Да се заштитат Бугарите во Македонија



Бугарските крајно-десничарски партии Атака и ВМРО-БНД претставија заедничка декларација во бугарскиот парламент во која се повикува на заштита на Бугарите во Македонија, јави Дојче Веле.

„Македонија мора прво да си ги реши проблемите, за да продолжи на патот кон НАТО", изјави Волен Сидеров, лидер на крајно-десничарската партија „Атака“ пред бугарските пратеници. Во заедничка декларација со ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, се критикува за, како што се вели, репресијата врз Бугарите во Македонија. Сидеров упати критики и до шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов за, како што рече, неговото молчење за случувањата во Македонија.

Лидерот на Атака, побара и промена на содржината во македонските учебници, во кои според него, се фалсификува бугарската историја и преку коу се всадуванасилство и омраза против Бугарите. Според Сидеров неопходна е реформа на специјалните служби во Македонија и запирање на финансирањето на незаконски сепаратистички организации во Бугарија.

Неколку минути по својот настап од собраниската говорница, Сидеров предизвика инцидент кога обраќајќи му се на министерот за култура Вежди Рашидов, инаку припадник на турската заедница, му порача прво да научи да говори бугарски, а дури потоа да се претставува како министер за култура.

На ова реагираа дел од пратениците кои му забележаа за противречната политика на Сидеров, кој само неколку минути претходно побара толерантност кон оние што се декларираат како Бугари во Македонија.

#
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID...E2A6B05A7D
Без Ботев няма България
02-06-2012, 05:54 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 02-06-2012, 05:54 AM