Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарите побарале 100 илјади евра за копија од Требенишката маска

Испраќавме писма и до Белград и до Софија за да ни изработат копија, за да ги збогатиме збирките во Скопје и во Охрид. Бугарите ни одговорија со понуда од 200 илјади лева, или 100 илјади евра, за изработка на музејска копија од маските. Тоа, се разбира, е премногу скапо, вели Паско Кузман




Пред да ја добие на подарок музејската копија од Златната маска од Требеништа, Македонија уште од поодамна побарала од музеите во Белград и во Софија (каде што се наоѓаат оригиналите) да и изработат копија од маските за потребите на новиот археолошки музеј. Србите воопшто не се одзвале на барањето (за сега да одлучат да подарат копија), додека Бугарите побарале неверојатни 100 илјади евра за изработка на копија, открива за „Нова Македонија“, директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман.

Јавноста не беше одушевена од гестот на српскиот министер за култура бидејќи предмет на подарокот не е оригиналот, туку музејска копија, а тоа што не сме ја купиле оваа копија, а сме можеле скапо да ја платиме онаа од Софија, веројатно нема да го намали нејзиното разочарување.

Скапа бизнис-понуда

- Маската што ја добивме од Белград е подарок. Претходно испраќавме писма и до Белград и до Софија за да ни изработат копија, за да ги збогатиме збирките во Скопје и во Охрид. Бугарите ни одговорија со понуда од 200 илјади лева, или 100 илјади евра, за изработка на музејска копија од маските. Тоа, се разбира, е премногу скапо. Србите, пак, не нѐ удостоија со одговор, сѐ до денес, кога решија да ни ја подарат копијата од маската. Ниту сме платиле за неа ниту, пак, ни побарале пари - вели Кузман.
Музејска копија има право да бара секоја земја од домаќинот на оригиналот (музејска установа) и само тој има право да изработи музејска копија со сертификат.
- Ако се согласи домаќинот, може да ви изработи копија. Но тоа се однесува само на копии што не се комерцијални, оние што се за продажба може да ги изработуваат и други музеи, и тоа и се прави за разни намени, за сувенири и сл. - објаснува Кузман.
Копијата од Златната маска што ја добивме ќе биде изложена во новиот археолошки музеј, кој се планира да биде завршен и отворен оваа или во почетокот на следната година.
Две од маските од оваа некропола се наоѓаат во Народниот музеј во Белград, а две во Софискиот археолошки музеј. Овие артефакти, кои се определуваат како култни предмети, се поврзуваат со верувањата и ритуалите што се правеле за време на погребувањата.
Една од златните маски се наоѓа во Македонија, а пронајдена е во Охрид на Горна Порта, за време на археолошките ископувања на Самуиловата тврдина во 2002 година.

Копии во археолошкиот музеј

Во новиот археолошки музеј ќе бидат изложени 6.000 артефакти, од кои дел реплики на артефакти што легално или нелегално се изнесени од земјава.
Според изјавата на Кузман за „Нова Македонија“ по повод уредувањето на музејот, приоритет на новиот археолошки музеј нема да биде збогатувањето на збирката со откупи или со реституција на вредни артефакти, кои се наоѓаат во сопственост на странски институции или на приватни лица. Највредните артефакти ископани на територијата на Македонија што се наоѓаат во странски музеи ќе бидат застапени со копии.
Меѓу нив се и копиите на златните погребни маски, како и на двата бронзени кратера од Требеништа, кои се наоѓаат во музеите во Белград и во Софија. Според Управата, освен со Белград и со Софија, се преговара и со Археолошкиот музеј во Истанбул за изработка на копија на мермерниот саркофаг со претстава на Александар Македонски од 4 век пред новата ера.
Збирката на музејот ќе биде сместена на првите три ката во зградата на кејот на Вардар, заедно со Уставниот суд и Државниот архив. Таа ќе ги опфати најзначајните археолошки предмети на почвата на Македонија од палеолитскиот период до крајот на 15 век. Во долните простории ќе бидат сместени депото и лапидариумот, односно епиграфски споменици и камени скулптури.

Реплики прави Музејот на Македонија

Музејот на Македонија изработува копии, кои се единствени во Македонија со сертификат, што ја докажува нивната веродостојност. Изработката почна пред повеќе од 20 години и тоа, главно, се копии на експонати од археолошкиот оддел, предмети од праисторијата до словенско-византискиот период. Тие се изработени од различни материјали - керамика, гипс, дрво, бронза, сребро и месинг.
Копиите се изработуваат во визбените простории на музејот во мала работилница. Таму се прават верни копии од најрепрезентативните музејски експонати. Многумина што сакаат да поседуваат парче што зборува за историјата и традицијата на земјава или да подарат оригинален подарок купуваат копија од некој од стоте предмети што се изработуваат во работилницата.
Практиката на изработка на копии почна со само 3 или 4 предмети, по што овој потфат се разви во голем обем, со значителен опфат на производство на музејски реплики во метал, керамика и гипс со добар квалитет. Предметите од керамика и гипс ги прават вработени во музејот, додека за металните предмети (фигури, монети) се склучуваат договори со мали специјализирани работилници.
Ова одделение придонесува со многу значителен дел во музејскиот буџет на нефиксни трошоци. Музејските копии, главно, се произведуваат по нарачка, а некои се достапни и на поголеми настани, како отворање изложби и во продавницата во музејот.


Автор: Весна Дамчевска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22593
Без Ботев няма България
31-05-2012, 04:34 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 31-05-2012, 04:34 PM