Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33

ЕУ: На Германија и Бугарија веќе не им се заканува опасност од санкции

Европската комисија денеска предложи Германија и Бугарија да се симнат од листата на земји на кои им се заканува опасност од воведување санкции, откако успеале да го намалат својот дефицит под границата на ЕУ од три отсто од бруто домашниот производ.

Во соопштението на Комисијата се наведува дека акциите што биле покренати против овие две земји заради прекумерниот дефицит сега можат да се укинат, откако Германија во 2011 година го намали својот дефицит на еден отсто, а Бугарија на 2,1 отсто, што е далеку под целта на ЕУ, пренесуваат француските медиуми.

-Комисијата заклучи дека е постигнато намалување на прекумерниот дефицит во овие земји, се наведува во сооопштението на ова извршно телот на ЕУ.

ЕК предвидува дека дефицитот на Германија во 2012 година ќе опадне до 0,9 отсто, односно на 0,7 отсто во 2013 година, додека бугарскиот дефицит годинава ќе се намали на 1,9 отсто, а следната година на 1,7 отсто.

http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/eu-na...od-sankcii
Let me hear you make decisions without your television.
31-05-2012, 07:49 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Gnoj - 31-05-2012, 07:49 AM