Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

САД знаат дека Грција и Бугарија се полоши од Македонија


Македонската влада се меша во судството и во медиумите, гони политички противници, констатираат САД во последниот извештај за човековите права во 2011 година. Ништо подобри не се ниту Грција, која не ги признава малцинствата, и Бугарија, која не ги почитува правото на слободно здружување и правата на затворениците. Но Македонците ги нема во извештајот за Бугарија!




Стејт департментот за човековите права за 2011 година

Извештајот на Стејт департментот на САД за човековите права за 2011 година во Македонија констатира влошување на состојбите во повеќе области, а многу подрастичните кршења на малцинските и другите човекови права кај нашите соседи Бугарија и Грција, истиот извештај ги забележува со повнимателен тон.
Македонската влада нецелосно го почитува владеењето на правото, што се одразува во нејзиното мешање во судството и во медиумите, во селективното судско гонење на политичките противници, како и во значителното ниво на владина корупција и неказнивоста на полицијата.

Тоа е нејзиниот најважен проблем. Ова е констатацијата на администрацијата (Стејт департмент) на американскиот претседател Барак Обама во најновиот извештај за состојбата со човековите права за 2011 година.

Покрај ова, Америка е загрижена за кревките меѓуетнички односи помеѓу Македонците и Албанците и за, како што пишува во извештајот, дискриминацијата против Ромите и други етнички и верски малцинства.
Состојбата со затворите и (зло)употребата на службената положба на полицајците веќе години наназад е рак рана на македонското правосудство, која ја констатира и Стејт департментот.

Она што е карактеристично за нашите соседи, пак, од кои две земји се членки на ЕУ и на НАТО, Бугарија и Грција, а една е членка НАТО, Албанија, според извештајот, е кршењето на малцинските права, ограничувањето на слободата на говорот и нецелосното почитување на правосудниот систем во секоја земја поодделно. Но Стејт департментот овој пат во извештајот за Бугарија не ги споменува Македонците, ниту нивната партија ОМО Илинден-Пирин.

Во Грција нема малцинства, има само муслимани

Грчката влада верува дека со договорот од Лозана во 1923 година дала точна дефиниција и дефинирани правила што е тоа малцинство во Грција. Според договорот, Владата признава единствено муслиманско малцинство во оваа земја, констатира којзнае која година по ред администрацијата на американскиот претседател Барак Обама за постоењето на малцинства во Грција.

- Во оваа земја има групи граѓани што се идентификуваат себеси како Турци, Помаци (словени-муслимани) Власи, Роми Аврианти (православни христијани што говорат албански) или Македонци. Некои членови од овие групи треба да бидат идентификувани како малцинства или јазични малцинства. Некои од членовите на заедницата на Помаците веруваат дека ним од државата им е забрането да се идентификуваат спротивно од досега и дека тие не се дел од турската говорна заедница.

Владата не го признава постоењето на словенскиот дијалект, кој се нарекува „македонски“ од оние што го говорат во севернозападниот дел на оваа земја. Сепак, мала група од оние што го говорат дијалектот инсистираат себеси да се нарекуваат „Македонци“, име кое е ознака што генерира строга реакција кај остатокот на граѓаните од оваа земја. Овие личности тврдат дека Владата има политика дизајнирана да ги обесхрабри тие да го користат сопствениот јазик. Владини официјални лица, но и судовите на оваа земја ги негираат барањата на словенските групи себеси да се идентификуваат со терминот „Македонци“, бидејќи се верува оти 2,2 милиони етнички (но и лингвистички) грчки граѓани истовремено го користат терминот „Македонци“ за да се идентификуваат како такви - пишува во извештајот за состојбата со човековите права на американскиот Стејт департмент за 2011 година.

Во извештајот е забележан и експертскиот извештај на Обединетите нации од 2009 година, во кој пишува дека Грција мора да се повлече од своите ставови дали има македонско и турско етничко малцинство во оваа земја и дека грчката власт не треба да ги прекршува меѓународните правила со кои се нарушуваат слободите за лична идентификација, слобода на изразување, слобода на здружување на малцинствата, како и изразувањето на етничките слободи на сите граѓани.

- Судејќи според извештаите на локалните, но и интернационалните здруженија и организации за човекови права како што се Доктори без граници, Амнести интернешенел, Агенција за фундаментални права и други, Грција континуирано ги нарушува човековите права за притвор на илегалните имигранти. Луѓето не можат слободно да ја критикуваат Владата јавно, но и приватно, без притоа да не претрпат последици и притисоци бидејќи самата држава не го практикува критицизмот - пишува во извештајот.

Во извештајот уште се објавени информации што велат дека во Грција се забележани изолирани и повремени антисемтиски повици, кои се шират преку изјави на одредени медиуми и интернет-блогови.

Бугарија дава лажни податоци

Бугарија не само што не ги признава малцинствата туку не ги почитува ниту основните права на здружување и слобода на говор на граѓаните што сакаат да формираат политички партии што би се занимавале со заштита на правата на своите малцинства е генералната забелешка во извештајот за човековите права на Стејт департментот.

- Невозможно е малцинствата во оваа земја, кои се 9 проценти од вкупната популација, да формираат свои политички партии. Меѓународни надгледувачи утврдиле дека овие државни бројки што се однесуваат на бројот на малцинствата во Бугарија биле неточни бидејќи на последниот попис повеќе од 600.000 луѓе не го одговориле прашањето за нивното етничко потекло - пишува во извештајот.

Иако упатуваат критики, во извештајот на американскиот Стејт департмент никаде не се споменува непочитувањето на Бугарија на пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, со која се налага дека државата мора да овозможи регистрација на ОМО Илинден-Пирин како политичка партија, која се залага за заштитата на правата на македонското малцинство во Бугарија. Веднаш по пресудата, но и години подоцна официјална Софија во сите пригоди истакнува дека пресудите што се однесуваат на ОМО Илинден-Пирин се исполнети со исплаќање соодветна отштета.

Како и во другите балкански земји, слободата на говорот е сериозен проблем и за Бугарија.
Бугарскиот новинар Баирјаманов бил отпуштен од работа оти ја критикувал работата на лидерите на бугарските политички партии, истиот добивал и закани по животот и животот на неговото семејство.
- Во октомври минатата година, од засега неутврдени причини, експлодирал автомобилот на Сашко Диков, директорот на кабелската телевизија „Канал 3“. За овој случај, за кој сѐ уште се води истрага, најверојатно станува збор за притисок врз новинарите - пишува во извештајот.

Иако е членка на Европската Унија, состојбата со затворите во Бугарија не е ништо подобра од Македонија, која најмногу е критикувана поради лошите услови во кои престојуваат затворениците, како и од несоодветниот третман на полицијата и другите стручни луѓе, за кои, пишува во извештајот, не се доволно обучени да работат со затвореници.



Во извештајот за Бугарија, Стејт Департментот избегнува да ги спомене Македонците

Албанија да расчисти со трговијата со човечки органи на Косово

Воените злосторства од војната во Косово поврзани со случаите на трговија со човечки органи на воените затвореници на УЧК, корупцијата и слободата на говорот, се деловите на кои најмногу се концентрирани критиките на американскиот Стејт департмент во последниот извештај, кога станува збор за Албанија.
- Решавањето на случајот со трговијата на човечки органи оди бавно, иако во јануари беше формирано парламентарно тело на Советот на Европа, кое издаде резолуција со која ги повикува меѓународната заедница и владите на Србија и Косово да извршат заеднички притисок за решавање на случајот на европскиот пратеник Дик Марти насочен против УЧК - заклучува Стејт департментот во извештајот за Албанија.
Од друга страна, извештајот ги забележува и проблемите на албанската држава, за која, како што пишува, верува дека врши социјална дискриминација насочена против членовите на Ромите и балканските Египќани. Во делот за малцинствата се посочува и дека од неодамна официјално е дозволено во Албанија малцинствата да добијат официјален статус на државотворни малцински групи.
- Владата на оваа земја ги дефинирала Грците, Македонците и Црногорците како национални малцинства.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22590
Без Ботев няма България
28-05-2012, 03:47 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 28-05-2012, 03:47 PM