Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Една мостра од контамираната бугарска пченица - позитивна

Од осум камиони со пченица од Бугарија, за која постоеше сомнение дека е контаминирана со тешки метали, Агенцијата за храна и ветеринарство утврди дека од трите земени мостри, две биле негативни, а една се покажала како позитивна. Притоа, количините на недозволените материи во неа биле малку над дозволените концентрации.

- Од понеделник ќе бидат направени дополнителни испитувања. Увозникот е веќе казнет парично, а дополнително ќе се види што ќе се прави со пченицата, која сега е блокирана и не е во промет - велат во Агенцијата.

Ова се првични информации врзани за аферата со увозот и пуштање во промет пченица во која било утврдено присуство на тешки метали, од оператор со храна од Битола. Засега нема информации каде и колкави количини од истата пченица биле пуштени во промет. Неофицијално, од еден „спорен“ камион од 20 тони, во промет биле пуштени пет тони, но не се знае дали како добиточна храна или за консумирање во човечка исхрана.

Експертите велат дека оловото и кадмиумот се многу опасни метали, кои ако се најдат во човечкото тело, може да предизвикаат големи здравствени проблеми. Најмногу влијаат на органите за варење, на бубрезите, но и на нервниот систем. Ако го има во крвта во поголеми количини, може да предизвика канцер. (В.А.)


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8F5CB88D75...0E1399F22F
Без Ботев няма България
26-05-2012, 04:49 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 26-05-2012, 04:49 AM