Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарите по храна во Малешевијата



Кризата во ЕУ ги испраќа соседите на Шопинг во Македонија
Високите цени и ниските плати во Бугарија секој викенд носат најмалку по 150-200 бугарски државјани, главно жители на пограничните места, на шопинг во Берово и во Делчево.

Есапот на обичниот бугарски граѓанин покажал дека цените во Македонија се пониски најмалку за 20 отсто во однос на оние во Бугарија. Овој факт пазарувањето во Македонија го прави исплатливо, и покрај цената од 5 евра за повратна карта што секој викенд бугарските граѓани ја плаќаат за да дојдат дотука.
За повеќето од нив пазарувањето кај нас не е начин да се заштеди, туку буквално да се преживее:
- Јас живеам со месечна пензија од 80 евра, а цените се двапати повисоки од тука. Кажете ми дали може да се опстане со толку мала пензија. Овде, кај вас, некои пензионери земаат и по 200 евра, а јас живеам со трипати помали примања - вели пензионерка од Добротино, Република Бугарија.

Меѓу оние дојдени да пазаруваат во Македонија најмногу има пензионери и работници. Очекувано, во криза најмногу се мисли на храна, па пазарот и маркетите се најпосетуваните места во Делчево.

Дека пазарувањето кај нас е исплатливо покажува и едноставна споредба на цените. Килограм шеќер во Бугарија чини 65 денари, во државава е 43 денари, зелката таму е 40 денари, тука 20 денари, јаболката се 75 денари во Бугарија, додека кај нас 30 денари. Доматите на делчевскиот пазар можат да се купат за 60 денари, додека во Бугарија чинат 120 денари, зелената салата кај нас е 10 денари, исто колку и лукот, додека во Бугарија чинат по 15 денари.

- Од Бугарија овде дојдов со 100 лева (околу три илјади денари), а потрошив 60 лева (околу илјада и осумстотини денари). Купив шеќер, масло за јадење, прашок за перење, купив колку што ми треба за да го поминам месецот. Зеленчук и овошје, колку за оваа недела, зашто повеќе и не може да стои. Истите работи во Бугарија ќе ги платев 100 лева, можеби и немаше да купам сѐ за тие пари. За мене, пазарувањето овде е исплатливо - вели жител на Буково, Бугарија.

Но од шопинг-туризмот, освен Бугарите, сметка имаат и Македонците. Викенд-туристите во време на криза, кога според последните податоци на Заводот за статистика потрошувачката на храна во Македонија е намалена за три проценти, за овој дел од државата значат многу. Повеќето делчевски дуќани преживуваат единствено со парите што бугарските граѓани ги трошат овде. Најголема заработувачка од шопинг-туризмот имаат маркетите и продавачите на зелениот пазар, а по нив се рестораните:

- Јас имам ќебапчилница и најголемиот промет ми го прават токму Бугарите. Да не се тие, нема да можам да опстанам. Нашите граѓани малку купуваат сендвичи и ќебапи, но Бугарите за време на викенд се хранат исклучиво кај нас - вели Јован Деливанов, сопственик на ќебапчилница во Делчево.

Делчево и Берово спасот го гледаат во бугарските граѓани. Атмосферата во Малешевијата е идентична како онаа од пред 20 години, кога Македонците пазаруваа во Бугарија за евтини пари. Сега, сѐ е исто само што пазарот не е од онаа, туку од оваа страна на границата.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22588
Без Ботев няма България
26-05-2012, 04:42 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 26-05-2012, 04:42 AM