Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9




ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ НА СОСТАНОКОТ НА МИНИСТРИ ЗА НАДВОРЕШНИ НА НАТО?


Сите за еден, Бугарија за ниеден



Со исклучок на Франција и на Португалија, сите присутни министри на состанокот во дискусиите го користеле уставното име на Република Македонија. Министрите го изразиле ставот, особено на Албанија, Хрватска и на Чешка, дека недобивањето покана за членство за Македонија е контра интересите и целите на НАТО. Во ексклузивната изјава за Сител и Вечер, бугарскиот претседател Росен Плевнелиев го потврди она што го знаевме од Самитот - Бугарите си седеле и си ќутеле!




Вашингтон, на состанокот со четирите земји-аспиранти Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Грузија потврди дека останува силен поддржувач на проширувањето.

Состанокот е за да ја реафирмираме политиката на НАТО на отворена врата. Перспективата на НАТО-членство се покажа како моќна мотивација за државите да ги имплементираат тешките, но неопходни реформи, да ги надминат внатрешните, но исто така и разликите со своите соседи и да придонесат за безбедносните операции, од што ќе имаат корист самите, но и меѓународната заедница.

Овој самит треба да биде последниот кој нема да биде самит на проширувањето. Македонија придонесе за регионалната и глобалната стабилност, вклучувајќи и долготрајно учество во ИСАФ и ги исполни клучните критериуми за НАТО-членство. Силно поддржуваме решение на прашањето за името и ги повикуваме двете страни да постигнат договор за Македонија, што е можно побрзо, да стане членка на НАТО" - изјави државниот секретар Хилари Клинтон.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на Самитот во Чикаго побара прием на Македонија и на Црна Гора во НАТО во најкус можен рок, пишува во соопштение на унгарската Влада.
- Проширувањето на НАТО досега се покажа како успешна приказна и интеграцијата мора да продолжи. Унгарската Влада во целост го поддржува приемот на Македонија и на Црна Гора во најкус можен рок, пишува во соопштението на унгарската Влада посветено на Самитот на НАТО во Чикаго.

Во текстот на соопштението се истакнува дека ова бил ставот на премиерот Орбан изнесен на Самитот на НАТО. Унгарскиот премиер ја поддржува Македонија и за отворање на преговорите со Европската унија и нивно водење паралелно со разговорите со Република Грција за спорот за името.

На состанокот на министрите за надворешни работи, на кој присуствуваше и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, нагласено беше дека ако се зборува за мир, стабилност и просперитет на Балканот, тогаш Македонија треба да биде членка на Алијансата. Со исклучок на Франција и на Португалија, сите присутни министри на состанокот во дискусиите го користеле уставното име на Република Македонија. Министрите го изразиле ставот, особено на Албанија, Хрватска и на Чешка, дека недобивањето покана за членство за Македонија е контра интересите и целите на НАТО. За Канада, после сите учества во мировните мисии на Македонија, нема логика за некој кој се однесува како земја-членка да не може да ги користи и бенефициите од членството. Впечатоците на Холандија, која подолго време го следела процесот на разговори за името заслуженото членство треба да се реализира и не треба да се бараат причини за продолжување, иако треба да се реши и прашањето за името.

Во ексклузивната изјава за Сител и Вечер, бугарскиот претседател Росен Плевнелиев го потврди она што го знаевме од Самитот - Бугарите си седеле и си ќутеле.
Рековте дека зборувавте со Турција за многу работи, дали го поддржувате ставот на Турција дека повторното вето за Македонија е непринципиелно, незаконско и на НАТО Алијансата и носи штета?
Јас можам да ви потврдам дека тоа прашање не беше на дневен ред на овој Самит, се занимававме со други работи, изјави Плевнелиев.


А кој е ставот на Бугарија по истото?
Бугарија е силен поддржувач на евроатланските интеграции на целиот регион. Ве охрабруваме да ги исполните сите неопходни услови за да станете членка на НАТО, во што ние силно ве поддржуваме, изјави бугарскиот претседател.


Дури и американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Тони Блер по кусите средби со Иванов најавија дека целосно ќе се заложат за Македонија. Но ние ќе треба да го чекаме следниот Самит на НАТО за кој уште не се знае каде ќе се одржи и ако ги следиме зборовите на Хилари Клинтон, ќе станеме членка на Алијансата.

"Форин Полиси": Без прием на нови членки - преседан во Чикаго
Челниците на НАТО на самитот во Чикаго не донесоа одлука за прием на нови членки во Северноатлантскиот сојуз, што е преседан во однос на сите самити кои се одржани во последните неколку децении, пишува американскиот неделник Форин Полиси". Весникот пишува дека надвор од Алијансата и понатаму се Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Грузија, иако се надеваа на напредок во Чикаго. Министрите за надворешни работи на 28-те НАТО држави се состанаа со претставниците на четирите земји кои бараат членство во Алијансата, но освен љубезна благодарност за учеството на нивните војници во мисиите, не добија ништо друго, коментира Форин Полиси" - Грузија за членство во НАТО ја спречува нерешеното територијално прашање со Русија, додека Македонија спорот за името со Грција, иако Македонија ги исполни сите услови за членство. Неделникот оценува дека проширувањето на НАТО не е меѓу приоритетите на администрацијата на Барак Обама, која многу повеќе е свртена кон завршување на војната во Авганистан и на европската должничка криза која има влијание и на воената алијанса.

Робертсон: Срамно е што Македонија не доби покана за НАТО во Чикаго
Срамно е што Македонија не доби покана на Самитот во Чикаго. Постојаната блокада на македонското членство во НАТО е неоправдана. Македонија ги исполни сите критериуми за членство и игра непропорционална улога во мировните трупи на НАТО-операциите. Самото тоа значи членство, вели поранешниот генерален секретар на Алијансата Џорџ Робертсон во изјава за емисијата Порта" на МТВ.http://vecer.com.mk/?ItemID=75D5F7635597E14998FC97A87AA21878 Тој ги критикува членките на НАТО што не најдоа начин како да ја внесат Македонија во Алијансата, затоа што според него земјата не може сама да го реши спорот со Грција.
- Во 2001-ва Македонија се соочи со реален предизвик за Европа, но и за светот. Со свои сили обезбеди да се надмине еден конфликт со договор што е пример за многу генерации. Дополнителен напор треба да вложат сите за да се надминат сите пречки за македонското членство. Спротивно, основачките принципи на Алијансата ќе бидат предадени, истакнува поранешниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон.


ИВОНА Талевска,
специјален известувач од Чикаго

http://vecer.com.mk/?ItemID=75D5F7635597...A87AA21878

Как ви Ивона дето я хванаха да плагиятсва чужди текстове.
Тове е водещото заглавие на вестника - не някаква колонка на последна страница.

http://www.plusinfo.mk/vest/10870/Frapan...arnji-list


http://www.plusinfo.mk/vest/31562/Ivona-...rski-tekst
Без Ботев няма България
23-05-2012, 05:03 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 23-05-2012, 05:03 AM