Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Датум: 16.05.2012, 12:16
Гораните и Бошњаците во Косово по бугарски пасоши



Барањата на голем број граѓани на Косово за српски и македонски пасоши сега добија сериозен „конкурент“: пасошите на Бугарија. Со овој документ тие веруваат дека ќе им се отвори можноста за работа во некоја од земјите членки на ЕУ, пренесува агенцијата ИНА, повикувајќи се германското радио Дојче веле.

За Гораните и Бошњаците во Призрен се формира здружение на Бугари, иако овие заедници официјално не постојат во Косово.

Според истиот извор, во присутво на претставници на бугарската амбасада во Приштина и Агенцијата на Бугарите надвор од Бугарија, пред два месеца формирано е здружението на Бугарите на Косово, со седиште во Призрен.

- Иако официјално тоа се негира, во име на здружението се собираат документи за членство, главно од општина Драгаш, и со скратена постапка за една година се добива бугарско државјанство и пасош - стои во информацијата.

Претставниицте на Бошњаците имаат различен став околу ова прашање. Едни во него гледаат како „поделба“ на нивната заедница и формирање нова бугарска заедница, поради што апелираат до ЕУ да го запре овој процес.

Поранешниот косовски министер за здравство, Садик Идризи, бугарските пасоши ги гледа како „решение за економските проблеми“.

- Луѓето повеќе не се задоволни од македонските и српските пасоши, зашто во оваа фаза повеќе тежи бугарскиот пасош, бидејќи со него може да добијат работа во земјите на ЕУ, за еден месец или за една година - вели Идризи.

Додека функционерите имаат различни толкувања за ова, голем број жители од реонот на Призрен, а во последно време и од други делови, секодјевно одат во Софија за да го финализираат добивањето пасош.

Постапката за добивање на овој документ од пет сега е намалена на една година, и за да го добијат пасошот во рака потребни им се околу илјада евра. (В.Т.)

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...E642B0DCFC
17-05-2012, 08:08 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 17-05-2012, 08:08 AM