Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

15.05.2012, 16:59
Софиската филхармонија го отвора „Скопско лето“



На 21 јуни во МОБ Филхармонијата ќе претстави разновидна програма под диригентство на Борјан Цанев и солистката на виолина Ана Кондратенко

Тина Иванова

Концертот на Софиската филхармонија, под диригентство на Борјан Цанев и со солистката на виолина, Ана Кондратенко, ќе го означи почетокот на 33. издание на културната манифестација „Скопско лето“. Следејќи ја традицијата, и годинашново „Скопско лето“ почнува на 21 јуни, а концертот ќе се одржи во Македонската опера и балет во 21 часот. На свеченото отворање му претходи изложба на цртежи под наслов „Поврзувања - Скопје, Ниш, Софија“, која ќе биде поставена во Културно-информативниот центар.

Софиската филхармонија досега гостувала неколку пати во Македонија во својот полн состав. Овој пат, оркестарот досаѓа со свои 70 членови, а пред македонската публика ќе се претстави со дела од бугарски и македонски композитори - „’Рченица“ од суитата „Тракиски танци“ од Петко Стајнов и Македонски танц бр. 3 од Александар Лековски. На програмата се и Седмата симфонија од Бетовен, како и Концертот за виолина и оркестар во а-мол од Александар Глазунов, на кој како солист ќе се претстави македонската истакната виолинистка Ана Кондратенко.

Директорот на „Скопско лето“, Мирко Стефановски, истакнува дека договорите за гостување на Софиската филхармонија во Скопје започнале пред две години, и иако со мали финансиски проблеми, конечно, успеале да го донесат овој исклучителен оркестар, што е значаен потег и за соединување на културата меѓу двете држави. „Ова е само уште еден пример за значајна културна соработка меѓу Македонија и Бугарија. Конечно, успеавме да потпишеме договор и да ја затвориме финансиската конструкција за да ја имаме Софиската филхармонија на отворањето на ’Скопско лето‘, оркестар кој е мошне значаен во светот на класичната музика“, рече Стефановски на вчерашниот прес.

Генералниот директор на Софиската филхармонија, Јавор Димитров, и директорот на Културно-информативниот центар на Бугарија во Македонија, Димитар Христов, го искажаа своето задоволство за гостувањето на овој оркестар со голема традиција зад себе. „За нас е мошне значајно ова гостување, но особена чест ни е што на концертот ќе ја промовираме и македонската и бугарската композиторска школа“, рече Димитров. Тој додаде дека еден сегмент од оваа меѓународна соработка ќе биде посветен на промоција на млади талентирани музичари. Христов, пак, рече дека е особено значајна соработката меѓу министерствата за култура на Македонија и на Бугарија, и тоа ја продолжува традицијата на соработка меѓу двете култури.

До 31 јули, односно до крајот на своето годинашно патување, „Скопско лето“, чиј организатор е Дирекцијата за култура и уметност на Скопје,

ќе понуди многубројни настани, претежно од областа на музиката, опфаќајќи повеќе жанрови, но и од театарот, филмот, ликовната уметност. Меѓу нив се театарските претстави „Грев или шприцер“ на Сашко Насев, во режија на Дејан Дамјановски на Драмски, „Еколошка бајка“ во режија на Наташа Поплавска на Театарот за деца и младинци, „Змејовата невеста“ на Димитар Молеров, во режија на Нела Витошевиќ во продукција на Прилепски театар, „Празен град“ на Дејан Дуковски во режија на Бојан Трифуновски, премиерата на „Госпоѓица Јулија“ на Стринберг во режија на Саулиус Варнас на МНТ, концертите на повеќе ансамбли на народни игри и песни, на оркестарот „Маракеш“ од Дрезден, на музичарот Васко Серафимов, кој наедно ќе го промовира и својот најнов компакт-диск, концерт на новата македонска група „Кабадајас“, на пијанистките Јасна Аврамовска и Славица Мицевска, на групата „Фабула Раза“ од Унгарија итн. Ќе бидат пставени и неколку македонски и странски изложби, а и годинава е содржана традиционалната манифестација „Кафе-кино“ која ќе се одржува во Забавниот парк „Луна“. „Скопско лето“ завршува со концертот „Симфони“ на групата „Леб и сол“ и Младинскиот оркестар, под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...8F37F6F3F2
16-05-2012, 09:43 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 16-05-2012, 09:43 AM