Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

БУГАРИЈА ЈА ТРЕСЕ ГОЛЕМА ШЕЌЕРНА АФЕРА

Под истрага бугарскиот газда на битолската фабрика за шеќер


Неколку директори, вклучувајќи го и синот на газдата на фабриката за шеќер од Битола, завршија во притвор под обвинение дека затаиле данок во висина од 200 милиони евра

Тројца директори од компанијата „Литекс“ во сопственост на „кралот на шеќерот“, како што го нарекуваат Гриша Ганчев, меѓу кои и неговиот син Данаил, се наоѓаат во притвор под обвинение за учество во организирана криминална група која со затајување данок ја оштетила државата за 200 милиони евра. Ганчев пред шест години ја купи битолската фабрика за шеќер, каде што веќе не се произведува шеќер од домашна репка, туку од увозна суровина, односно од шеќерна трска. Во таканаречената шеќерна афера обвинетите се товарат дека користејќи ја поволноста како земја-членка на ЕУ, имале разработена шема за затајување данок по основа на ДДВ. Меѓутоа, особено алармантно во целава афера е што еден од притворените дал изјава дека за рафинирање се планирала набавка на шеќер од Чернобил со големо количество на тешки метали.

Од раководството на битолската фабрика за шеќер вчера изјавија дека првпат слушаат за ваков случај. Оттаму отфрлаат каква било можност шеќер од Чернобил да стигнала за преработка во фабриката.

- Такво нешто нема. Суровината за производство на шеќер се купува претежно од Бразил и од други места, но при увозот подлежи на царински надзор. Сите количества што се увезуваат подлежат на санитарни прегледи - велат од фабриката.

Подетаљни информации околу таканаречената шеќерна афера, која ја тресе соседна Бугарија, најавија откако ќе се врати Ѓорги Стоев од странство, менаџер на битолската фабрика за шеќер назначен од страната на „Литекс“.

Иако „4 Ноември“ од Битола е единствената фабрика што произведува шеќер во земјава, таа веќе пет години не се потпира на домашна суровина за работа. Шеќерната репка престана да се откупува од 2008 година. Во Пелагонија некогаш се садеа 5.000 хектари со репка, а годишно во фабриката се преработуваа и до 160.000 тони. Денес се произведуваат годишно до 50.000 тони шеќер добиен од нерафиниран жолт шеќер. Речиси целото производство завршува на македонскиот пазар, со исклучок на мали количества што се извезуваат за Албанија.

По купувањето на фабриката од бугарски „Литекс“, освен што исчезна репката по полињата, без работа останаа четириесетина работници, од кои дваесетина учесници во штрајкот за поголеми работнички права.

Во Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека во земјава досега не влегла ниту една пратка на шеќер која не одговарала на стандардите пропишани со Законот за безбедноста на храната.

- Лани имало повеќе од 650 пратки со шеќер. Направени се над 400 анализи. Освен органолептички, направени се и микробиолошки испитувања на салмонела и други бактерии, а испитувани се и тешки метали. Сите анализи покажале дека шеќерот е со одличен квалитет и дека е безбеден за употреба - вели Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во Управата за јавни приходи, пак, не откриваат дали досега се вршени контроли на работењето на битолската фабрика за шеќер, ниту дали досега имаат откриено некаква неправилност во работењето. Не откриваат ниту дали по ваквите настани во Бугарија ќе ги зголемат даночните контроли, со цел да се открие дали бугарската шема на избегнување плаќање данок и перење пари била присутна и кај нас.

- Не можеме да кажеме ниту дали се спроведени контроли кај тој даночен обврзник, ниту дали има откриени неправилности. Согласно Законот за даночната постапка, податоците подлежат на даночна тајна - велат во УЈП.

Жанета Здравковска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=5F3F1D83BB...85ABBFA93B
Без Ботев няма България
15-05-2012, 07:06 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 15-05-2012, 07:06 PM