Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

10.05.2012, 17:19
Европската слава удира во глава



Бугарија и во време на политичка криза во Македонија се заканува со вето

Слободанка Јовановска



Бугарија очајнички сака да биде сфатена сериозно од Македонија. Највисоките бугарски функционери се изредија минатата недела со порака дека треба да се однесуваме соодветно на поддршката што ни ја даваат, а ако не - ќе ни стават вето во ЕУ. Премиерот Бојко Борисов дури не' именуваше со БЈРМ, иако оваа земја го призна уставното име на Македонија. Повод беше некаков инцидент на гробот на Гоце Делчев за кој не знаат ни медиумите овде ни МВР, како и наводното спречување на амбасадорот на Бугарија да положи цвеќе, иако на интернет има снимка како држи и говор во црквата „Свети Спас“. Тамошните медиуми по Смиљковци се натпреваруваат во тоа кој поблиску ќе ја опише Македонија пред распад, а во нашите едвај тоа некој сака да го регистрира, поради впечатокот дека станува збор за намерни и недобрососедски подметнувања од Бугарија, во време кога осетија потенцијал за криза.

Заканата од вето во ЕУ, сепак, се подгрева од поодамна, практично веднаш штом оваа земја стана членка на Унијата. Почна со лавина амандмани во Европскиот парламент, а имаше и еден неуспешен обид (поради интервенцијата од САД) да се услови нашата евроинтеграција со исполнувањето на договорот за пријателство што го турка Софија. Изминативе недели Софија се расфрла поагресивно со ветата, а на удар не е само Македонија, туку и Србија, на која потпретседателката Маргарита Попова и' порача „дека не може да смета дека ќе стане членка на ЕУ ако не ги реши спорните прашања со Бугарија“. Македонија, која ја знае цената од грчкото вето и манирот како спорот да се надувува, ја игнорира бугарската закана, бидејќи е видлив напорот на Софија не да ги решава проблемите туку да ја искористи привилегијата на земја-членка и да ги условува спорните прашања со нашата држава. Затоа, молкот се сфаќа како најдобра одбрана од агресивната желба на нашиот сосед да не „европеизира“ според своите убедувања.

РУТИНСКА РЕАКЦИЈА

Имено, извори од Владата деновиве не сакаа ни да ги коментираат пораките од Софија, со оцена дека моментно имаме посуштински проблеми за решавање. Во МНР реакцијата беше идентична, при што како рутинско го истретираа повикувањето на нашиот амбасадор во бугарското министерство за да му се пожалат. Единствена најава беше дека ќе го испитаат случајот.

Дека ЕУ славата удира в глава и дека Македонија не е ексклузивна цел на закана, се виде и од српскиот пример. Имено, Белград, откако се најави дека ќе добие кандидатски статус, се соочил со пет ултимативни барања од земји-членки на ЕУ, од кои беше најагресивна Литванија, која сакаше да ја блокира одлуката, неофицијално и поради ривалството што го имаат околу кандидатурата во ОН. Белград, пак, беше најизненаден од Романија, земја силен сојузник во спорот околу Косово и други тешки моменти за земјата, која одеднаш се сети дека и' се загрозени малцинствата таму. Вето во ЕУ е и кога Полска ја спречи одлуката за увоз на место од Русија, бидејќи имаше политички спор со таа земја, или кога Холандија неодамна го блокираше влезот на Бугарија и на Романија во шенген-зоната бидејќи не е уверена дека добро се справуваат со корупцијата. Ја прави ли тоа бугарската закана доволно сериозна или не и ќе се остварат ли заканите на еден бугарски европарламентарец дека истиот ден кога ќе го затвориме спорот со Грција, тие ќе отворат спор со Бугарија?

Количеството коментари на бугарските служби на македонските сајтови, што ги издава по некоја заборавена бугарска буква, сугерираат дека намерите се долгорочни, а заканите реални. Тактиката, пак, е фолклорна и може да се види и во Србија, каде што, исто така, освестени Бугари биле спречени да положат венец на споменикот на Васил Левски во Босилеград, кој Софија го смета за бугарски национален херој.

Најкуриозитетно е што реториката за загрозеноста на Бугарите таму не ја сфаќаат ни преставниците на бугарското малцинство во парламентот, кое пак брои само 20.000 преставници, т.е. ниту едно село. Генерално, задачата да ги одмрзнат инаку формално добрите односи на Македонија со Бугарија како да ја презедоа албанските министри, па тројца за еден месец беа таму во официјална посета, т.е. Муса Џафери, Теута Арифи и Фатмир Бесими вчера, а од македонските на почетокот на мандатот во Софија отпатува само шефот на дипломатијата, Никола Попоски. Ако не не' лаже впечатокот дека Софија ја применува грчката тактика, резултатите ќе ги видиме при носењето клулна одлука за нашата држава во ЕУ.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A20E9...6B8BA4DB9F
11-05-2012, 09:14 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 11-05-2012, 09:14 AM