Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Поранешниот бугарски претседател Георги Прванов одликувал меѓународен шверцер на дроги

08.05.2012 - 11:39 |

Балкан

Поранешниот бугарски претседател Георги Прванов, на 2 август 2003 година, на јавна церемонија во Благоевград, го одликувал со Државен орден, меѓународниот дилер на дрога Александар Стоименов, јавуваат бугарските медиуми.

Стоименов, пред повеќе години, бил уапсен во Италија со два килограма хероин. По одлежување на затворската казна во италијански затвор, тој се префрлил во Белгија, каде во Брисел го отворил скандалозниот ресторан „Кошарата“, затоа што се верува дека тоа било главното место за комунистичката тајна служба на поранешна Југославија.

Ресторанот, во тивкиот и мирен дел на Брисел, бил пален два пати.

Стоименов бил роден во Македонија и претходно за шверц на дрога минал извесно време во македонски затвор.

Следејќи новинарска истражувачка сторија, актуелната бугарска тајна служба била информирана дека по пропаста на комунизмот во Бугарија во 1989 година, секое минување на границата на Стоименов било темелно проверувано и истражувано.

За време на своите два претседателски мандата Прванов дал голем број државни ордени и наградил луѓе, од кои некои бил во намала рака контроверзни.

Прванов, исто така, беше посочен како поранешен агент на комунистичката бугарска тајна служба под псевдонимот „Гоце“. Прво тој тоа го негираше, но по притисок на јавноста тој потврди дека соработувал со тајната служба, додавајќи дека тоа го сторил само од „патриотски“ причини.

http://sitel.com.mk/dnevnik/balkan/poran...ercer-na-d[/u]
Без Ботев няма България
08-05-2012, 08:04 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 08-05-2012, 08:04 PM