Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Грција ќе стане Албанија или Бугарија

политиЧарите ги плаШат гласаЧите со соседите





Ако Грција ја напушти еврозоната, ќе се претвори во Албанија - Евангелос Венизелос
Со штедењето сакаат да ја претворат Грција во земја со бугарски плати и со бриселски цени - Алексис Ципрас

Ако Грција ја напушти еврозоната, ќе се претвори во Албанија, предупреди лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос, и порача дека на предвремените избори в недела ќе се решава судбината на Грција во еврозоната. Тој тврди дека во Грција се формира фронт од партии што со своите политики може да ја извадат земјата од монетарната унија.

- Предлозите на крајнолевичарската СИРИЗА за раскинување на спасувачкиот договор со ЕУ и со ММФ ќе ја изнесат Грција од еврозоната и ќе доведат до албанизација на земјата. Нашата Грција е цврста Грција, а нивната Грција е изолирана Грција со драхма - изјави Венизелос, кој беше министер за финансии на Грција кога Атина прифати строги мерки на штедење што ѝ ги наложија ЕУ и ММФ во замена за втор спасувачки пакет.

Тој им порача на гласачите дека не треба да го земаат здраво за готово членството на Грција во еврозоната. Според него, лажни се тврдењата дека Грција по изборите може да ги отфрли строгите мерки на штедење што од Атина ги бараат ЕУ и ММФ во замена за финансиска помош, како и дека Грција не е во опасност да биде исклучена од еврозоната.

Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, ги обвини Венизелос и шефот на Нова демократија, Андонис Самарас, дека се „политички измамници“, кои лажат дека Грција може да се откаже од мерките на штедење на ЕУ и на ММФ до 2015 година, бидејќи договорот се однесува на периодот до 2030-та.

- Дилемата е дали да продолжиме со оваа уништувачка политика на штедење што само носи сиромаштија или да ја прекинеме. Тие сакаат да ја претворат Грција во земја со бугарски плати и со бриселски цени - обвини Ципрас.

Според најновите анкети, СИРИЗА е трета политичка сила во Грција, која на изборите се очекува да освои над 10 отсто од гласовите. Таа би можела да добие мандат за составување нова влада ако ПАСОК и Нова демократија не успеат да освојат доволно гласови или да договорат коалиција.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22571
Без Ботев няма България
04-05-2012, 05:18 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 04-05-2012, 05:18 PM