Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Расте паниката во Грција по откритието на ХИВ-позитивни проститутки

Расте паниката околу откритието дека во Атина се проституираат жени, носителки на вирусот на сида, соопштуваат грчките медиуми.

До овој момент се утврдени 14 случаи. Тестови се направени врз 100 жени.

Министерот за заштита на граѓаните Михалис Хрисохоидис на својата страница на Фејсбук ги коментираше острите реакции што ги предизвика одлуката на властите да ги лиферуваат сликите на ХИВ-позитивните жени.

Тој ги нарече преувеличени и подвлече дека станува збор за заштита на јавното здравје, посочува грчката телевизија „Скај“.

Министерот за здравство Андреас Ловердос од своја страна ја потенцира и големата одговорност што ја имаат и клиентите на проститутките.

Според него, овие кои имаат сексуален контакт без средства за заштита треба да бидат подведувани под кривична одговорност, соопшштува телевизијата.

Во Центарот за превенција на болести (КЕЕЛПНО) се обратиле приближно 2.000 граѓани, кои побарале информација.

Телевизијата „Антена“ посочува дека станува збор за мажи на возраст меѓу 35-45 години со семејства и деца.

Во своето електронско издание грчкиот весник „Прото тема“ ја опишува историјата на една од жените, која е Бугарка.

Според информацијата, до 12-годишна возраст таа живеела во Казанлак и од мала била нарекувана „казанлашка роза“.

Во Грција таа работила под името Елефтерија (слобода) во јавна куќа водена од поранешен припадник на грчката полиција.

„Прото тема“ пишува дека нејзините три деца биле дадени на семејства без деца, на припадници на полицијата.


http://sitel.com.mk/dnevnik/balkan/raste...rostitutki
Без Ботев няма България
03-05-2012, 05:28 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 03-05-2012, 05:28 PM