Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Книжевната визита во Софија резултира со 50 преводи

Над педесет дела од македонската литература на бугарски јазик и исто толку дела од бугарски автори на македонски јазик се објавени како резултат на шестгодишното одржување на манифестацијата „Македонска книжевна визита“ во Софија



Настанот се одржува по повод месецот на словенските просветители Кирил и Методиј, а визитата ќе се одржи денеска и утре во македонскиот Културно-информативен центар во Софија.

- Оваа манифестација веќе шест години со големи резултати придонесува за заемната соработка меѓу македонските и бугарските писатели. Досега учествувале педесетина македонски писатели, а како резултат од потрајно значење што таа го овозможи е преведувањето на голем број книги - преводи на македонски и на бугарски јазик - велат од издавачката куќа „Макавеј“, организатори на манифестација и издавачи на книгите.

Книжевната визита ќе почне со антологиски рецитал од современата македонска поезија, во изведба на актерот Томе Витанов. Ќе настапат и поетите Бранко Цветкоски, Паскал Гилевски, Братислав Ташковски, Трајче Кацаров, Јовица Тасевски-Етернијан и други.

Во рамки на програмата предвидена е тркалезна маса на тема „Бугарската и македонската литература во новото столетие - појави и тенденции“, на која ќе учествуваат повеќе македонски и бугарски писатели, теоретичари и издавачи.

„Македонската книжевна визита“ ќе заврши со врачување на наградата „Македонски книжевен Дедал“, која ќе му се додели на современиот бугарски поет, културолог и преведувач Николај Шопов.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22570
Без Ботев няма България
03-05-2012, 05:12 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 03-05-2012, 05:12 PM