Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарските шини ги пензионираат македонските возови

оридорите се уште неискористен адут на Македонија
Благодарение на географската позиција Македонија со години наназад била крстосница низ која поминувале главните патишта за транспорт на различни видови стоки, но денес транзитот низ земјава, особено по Коридорот 10, е драстично намален. Во 1990-тите по пругите се пренесувале речиси 8 милиони тони различна стока, а во 2010-та биле пренесени само 3,1 милиони тони.

Познавачите велат дека поради турбулентниот период низ кои поминаа поранешните југословенски земји во изминатите години Коридорот 10 се заобиколи и стоката сега најмногу се пренесува по Коридорот 4 во соседна Бугарија. Најавите за издавање на солунското пристаниште и грчките железници под концесија може да предизвика раздвижување на Коридорот 10, кој е природен транзитен пат на стоката од пристаништето до земјите во Централна Европа. Експерти велат дека за подобрување на услугите и за зголемен транзит е потребна конкуренција во железничкиот транспорт во земјава, но и подобрување на состојбите во преостанатите железници во регионот. Воедно, тие укажуваат дека либерализацијата во железничкиот транспорт треба да се спроведе внимателно.

Коридорот 4 пред Коридорот 10

Во Македонија има компании заинтересирани за превоз по железничките пруги на Коридорот 10, кои предупредуваат дека одложувањето на либерализацијата во железничкиот транспорт само ќе придонесе сѐ повеќе стока да се пренесува по Коридорот 4.

- Нашата цел е да го зголемиме обемот на пренесена стока по Коридорот 10 во Словенија за 2,5 милиони тони, при што товарот што ќе се пренесува со железнички транспорт сакаме да се пренесува низ Македонија. Ако се прекине либерализацијата, стоката ќе ја заобиколи земјава и ќе се пренесува со мали бродови низ Јадранско Море, или преку железницата во Бугарија, па кон Словенија - вели Марјан Масич, директор на подружницата на словенечката железница „АБЦ Скопје“.

Според него, стоката што патува за Унгарија природно е да патува низ Македонија и Србија. Сепак, пилот-проект што го воспоставува австриска железница покажува дека Коридорот 4 го презема транспортот од Коридорот 10.

Во „МЖ инфраструктура“ сметаат дека либерализацијата ќе донесе поголема искористеност на инфраструктурата и повеќе финансии.

- Со либерализација ќе се подобри состојбата во „МЖ инфраструктура“, но како би се одразило тоа во „МЖ транспорт“ има повеќе мислења. Владата мисли дека не се подготвени со своите капацитети да се натпреваруваат со други превозници. Но конкуренцијата секогаш носи напредок, повеќе инвестирање во нови превозни вагони, постегната и поефикасна организација и друго - велат во „МЖ инфраструктура“.

Либерализацијата - неопходен потег

Директорот на „МЖ транспорт“ е дециден дека Македонија не може да го изгуби приматот.

- Стока што е наменета за железничкиот транспорт и која патува од Солун кон Европа не може да се пренесува по Коридорот 4 бидејќи е многу поскапо и неисплатливо. Може да ја изгубиме стоката што може да се пренесува со друг вид транспорт, со камиони. По Коридорот 4 се движат линиите што се поврзуваат со Турција - објаснува директорот Оливер Деркоски.

Според него, проблемите што надвиснаа над претпријатието се резултат на економската криза во Грција, поради што е намален обемот на пренос на стока.

Во Македонската транспортна асоцијација при Стопанската комора велат дека либерализацијата е чувствителна тема.

- Интересот е пред сѐ за меѓународниот железнички товарен сообраќај, а двете соседни железнички управи сѐ уште го немаат сторено тоа. Најавите се дека либерализацијата ќе следува, а во меѓувреме треба да се модернизираат капацитетите на постојниот давател на услуги - објаснува Иван Петровски, претседател на асоцијацијата.

Според Петровски, со создавање здрави пазарни правила на игра, конкуренцијата ќе го стори своето и домашните стопански субјекти ќе го почувствуваат бенефитот.

- Доколку периодот на приспособување е закочен од неекономски административни причини, стоката ќе ги пронајде своите алтернативни патишта и Коридорот 10 ќе го изгуби приматот - додава Петровски.

Конкуренцијата меѓу коридорите 4 и 10 ја потврдува и поранешниот директор на Агенцијата за регулирање на железничкиот превоз.

- Коридорите 4 и 10 се конкурентни и предностите и недостатоците им се познати на корисниците. Но либерализацијата на дел од Коридорот 10, односно низ една земја, нема практично значење, доколку другите земји на истиот коридор не дозволуваат превоз на други странски компании. Тоа значи дека странска транспортна компанија, ако стекне статус на превозник, ќе може да вози на територијата на Македонија од Табановце до Гевгелија, не и во Србија и Грција - објаснува Никола Димитровски, додавајќи дека од соседните земји само Бугарија има либерализиран пазар.

Од домашните компании, најголема потреба од железничкиот транспорт имаат индустриските капацитети како „Фени Индустри“ од Кавадарци, „Скопски легури“, „Макстил“ и „Митал“ од Скопје и рафинеријата „Окта“. Погледнато низ призмата на најголемите „зависници“ на железничкиот транспорт, потребно е реструктуирање на „МЖ транспорт“, бидејќи монополската позиција им дозволува непродуктивна комоција.
- Влезот на приватни оператори во Македонија е прашање на време. Но тоа треба да се направи на начин со кој и „МЖ транспорт“ нема да бидат оставени сами на себе. Прво мора да се направи реконструкција на претпријатието, со која ќе почнат да работат рентабилно. Во согласност со сегашната ситуација, како единствен оператор на пругите во Македонија и со одлуката да не се дозволи влез на приватен оператор нивната комоција се зголемува. Треба да им се даде временски рок за кој ќе се подготват за конкуренција, но потребна им е и поддршка од Владата за мерките што ќе ги преземаат - вели Јане Адамчески, менаџер за транспорт во „Макстил“.

Конкуренцијата е двигател на економијата

Тој истакнува дека услуга што ја добиваат во овој период од единственото претпријатие што врши транспорт е задоволителна, но сметаат дека со зголемена конкуренција ќе се подобрат условите за работа.

- Приватните оператори ќе бараат подобрување на железничката инфраструктура, што отвора простор за користење средства од Европската Унија. Но со влез на приватен оператор и подобрување на инфраструктурата во Македонија не се решава во целост проблемот околу железничкиот транспорт. Без решение на проблемите со кои се соочуваат соседните железници и усогласување на работењето меѓу железничкиот превоз во Македонија, Грција и во Србија, нема да имаме осетно подобрување во услугата - истакнува Адамчески.

Претставниците на компанијата „Фени Индустри“ посочуваат дека со влез на конкуренти во железничкиот транспорт природно е да се подобри и услугата, која е дополнителна причина за привлекување нови корисници.

- На МЖ им треба сериозен инвеститор, кој значајно ќе ги подобри инфраструктурата и целокупните услуги. Состојбите какви што се сега, односно застарената инфраструктура и опремата што го забавува самиот транспорт, недостигот од локомотиви, од вагони од повеќе типови, дополнително го прават „МЖ транспорт“ неатрактивен понудувач на транспортни услуги - вели Константинос Даскалакис, главен извршен директор на „Фени Индустри“.


Автор: Петранка Талеска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22569
Без Ботев няма България
02-05-2012, 06:58 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 02-05-2012, 06:58 PM