Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

KРИСТИЈАН ВИГЕНИН, БУГАРСKИ ЕВРОПАРЛАМЕНТАРЕЦ

Бугарското вето за соседите е како нуклеарна бомба


Заканите на потпретседателката Попова дека ќе го блокираат зачленувањето на соседите во ЕУ треба да се сфатат повеќе како нејзино лично мислење, а не како државна политика на Софија. Евентуалниот таков потег, според Вигенин, може да се спореди со нуклеарна бомба во односите со соседите

Бугарската влада не ја ревидира и не ја менува досегашната политика кон бугарските малцинства во другите држави, но добива загрижувачки сигнали во однос на состојбата на Бугарите во Македонија, вели бугарскиот европратеник Kристијан Вигенин за „Дневник“. Kоментирајќи ја последната изјава на бугарската потпретседателка Маргарита Попова дека Србија нема да стане членка на ЕУ додека не го реши прашањето на бугарското малцинство и дека треба да се развива нова политика кон Бугарите што живеат во странство, вклучувајќи ги бугарските заедници во Македонија, Србија, Молдавија и во Украина, Вигенин смета дека ваквите прашања се решаваат со дијалог меѓу земјите, а не со закани и ултиматуми.

- Потпретседателката Попова е добар правник, но нејзините познавања во областа на надворешната политика се ограничени и сигурно ќе треба време за целосно извршување на функцијата потпретседател на Бугарија. Не сум информиран за иницијативи на владата или претседателот поврзани со ревизија на досегашната политика кон бугарските малцинства – вели Вигенин.

Загрижувачки сигнали

Тој додава дека заканите на Попова со блокирање на членството во ЕУ треба да се сфатат повеќе како нејзино лично мислење, а не како државна политика на Софија. Евентуалниот таков потег, според Вигенин, може да се спореди со нуклеарна бомба во односите со соседите и за него не треба да се зборува ако не се исцрпени сите други можности.

Но тој смета дека состојбата со бугарското малцинство во Македонија е директно поврзана со способноста на Македонија да одговори на основните барања за секоја земја-кандидатка за членство во ЕУ.

- Во однос на Бугарите во Македонија, до нас доаѓаат неколку загрижувачки сигнали и ние ќе продолжиме да работиме на таа тема – вели Вигенин.

Сепак, тој смета дека Бугарија треба да прави многу повеќе за заштита на своите права, за зачувување на јазикот и на културниот идентитет. Според Вигенин, ништо не е направено и за промовирање бугарски инвестиции во областите во кои живеат, недоволно интензивни се врските на тоа бугарското малцинство со Бугарија, а тоа може да се подобри со конкретни активности и со дијалог меѓу државите, а не со закани и ултиматуми или слични активности кои може лошо да влијаат на работите.

Бугарите пишуваат петиции

Дека Бугарија не прави доволно, смета и Владимир Перев, Бугарин од Македонија и член на Здружението на Бугари. Тој вели дека изјавата на потпретседателката Попова била обмислена бидејќи Бугарите во земјава имаат многу забелешки за состојбата во која се наоѓаат.

- Бугарите не се споменати во Уставот на Македонија, никој не ги признава. Тоа се луѓе кои јасно се изјасниле дека се Бугари, но се соочуваат со игнорантски однос – објаснува Перев.

Тој реагира дека се води таква политика така што Бугарите се плашат да проговорат, а во Софија никој не реагира.

За своите проблеми и состојба Бугарите во Македонија напишале неколку петиции кои поранешниот бугарски амбасадор во земјава, Михо Михов, ги проследил во Софија, но оттаму не стигнал никаков одговор.

Жана П. Божиновска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0033EB30FF...F802B0EDF0
Без Ботев няма България
25-04-2012, 05:07 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 25-04-2012, 05:07 AM