Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ИЗВЕШТАЈ НА ЦЕНТАРОТ ЗА ПРОУЧУВАЊЕ НА ДЕМОKРАТИЈАТА

И бугарските криминалци профитираат од ЕУ


Членството во Унијата значи нови можности за стопанството и за граѓаните на новите земји-членки. Во случајот со Бугарија овие можности очигледно важат и за нелегалните работи и за црниот пазар

Една од трајно замаглените идеи за членството во Европската унија е дека заедницата поттикнува просперитет и ги зголемува можностите за новите земји-членки, за нивното стопанство, за компаниите и за граѓаните. Во анализата на тинк-тенк организацијата „Транзишнс онлајн“ се наведува дека без оглед колку оваа идеја го поттикнува законски регулираното стопанство, во Бугарија таа идеја важи и за криминалните активности.

Иако се проценува дека организираниот криминал опфаќа многу помал процент од бруто-националниот производ на државата отколку пред пристапувањето во Унијата, некои криминални активности забележаа корист од членството или дури биле поттикнати на зајакнување поради приближување на државата кон Западот. Затајувањето ДДВ, проневерите во трговијата со нафтени деривати и нелегалната продажба на цигари рапидно порасна откако Бугарија стана членка на Унијата во 2007 година. Тоа можеби и не е изненадување, но во некоја рака звучи иронично, со оглед на постојаниот притисок од Брисел врз бугарската влада да ја засили борбата против организираниот криминал и корупцијата, на кои всушност им беше овозможено да се развиваат.

Цигарите и нафтата на црно најисплатливи

„Во Бугарија од 2007 година и со влегувањето во ЕУ се отвори широк спектар на нови можности за криминалците од типот на даночни казниви дела, па дел од криминалната мрежа својот фокус го помести кон нови нелегални активности“, пишува во извештајот на Центарот за проучување на демократијата.

Според овој извештај, губитокот, кој произлезе од затајувањето ДДВ на меѓународни програми, се зголемил повеќе од двојно, односно од осум отсто, колку што бил во 2006, се зголемил на 19 отсто во 2009 година. Преку овие програми, трговците, на пример, можеле да лажираат податоци за извоз, за кој патем не се плаќа ДДВ, потоа да земаат даночни кредити за своите трошоци поврзани со продажбата, како и да продаваат стока која не е документирана на домашниот пазар. Или, пак, на пример, можеле лажно да прикажуваат поголем износ на извоз за да добијат даночни олеснувања.

Повикувајќи се на процени на меѓународни нафтени компании, во извештајот како еден случај се наведува нелегалната продажба на енергенти кои претставуваат од 20 до 40 отсто од вкупниот пазар, а кои вредат меѓу 800 милиони и 1,8 милијарда евра. Иако во извештајот не се прикажани ефектите пред и по влезот во ЕУ, авторите наведуваат дека трошоците и данокот во Бугарија на ниво на Унијата во комбинација со растечките цени на нафтата, го направија производот доволно скап за да се поттикне побарувачката за нелегални извори на гориво.

Нешто слично се случило со нелегалната продажба на цигари. По порастот на трошоците, во извештајот се наведува дека „цигарите во Бугарија во релативна смисла станаа најскапи во Европската унија“. Нелегалниот пазар се проценува на 30 до 40 отсто од сите продадени цигари, во вредност од 250 милиони евра.

Се проценува дека во Бугарија дневно се продаваат околу 500 илјади кутии нелегални цигари. Со оглед дека данокот на тутунските производи претставува околу 10 отсто од буџетските приходи (во споредба со околу 1,4 отсто во многу други членки на Унијата), овој нелегален пазар претставува сериозна закана за државните финансии.

Извештајот завршува со предупредувањето дека економските превирања во соседна Грција ќе поттикнат уште поголема побарувачка за дополнителна нелегална продажба на тутунски производи и на нафтени деривати.

Нелегални пари за цели смени цариници

Сепак, очигледно е дека членството во ЕУ само по себе не ги поттикнува овие трендови. Напротив, таквата статистика и тие показатели се значително помали од многу други во некои членки на Унијата. Сите тие нелегални пазари се потпираат на големата корупција, која многу ~ штети на државата.

„Во некои случаи цели смени на царински службеници, полициски службеници од повеќе нивоа добиле дополнителни месечни исплати од нелегална трговија со тутунски производи“, се додава во извештајот.

Истовремено продолжува цветањето на култот на олигарсите во Бугарија, но и во цела Источна Европа, кои ги контролираат легалните бизниси.

„Тие може да бидат директно вклучени во криминалните активности (ДДВ и проневери) и да се потпрат на незаконското лобирање и корупција“, пишуваат авторите, наведувајќи дека во некои општини организираните криминални водачи или формирале свои политички партии или успеале да станат членови на локални општински совети. Ваквите политички кариери потоа се користат за влијание врз трговијата, влијание врз локалните законодавци, законот или судството, како и за манипулација со јавните понуди.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=B19E93ECE5...911B3119AC[/i]
Без Ботев няма България
23-04-2012, 04:54 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 23-04-2012, 04:54 PM