Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

По лавината реакции Владата ја oтстрани скулптурата на Симеон Радев и на тоа место го постави Жан Моне

Слободанка Јовановска



Споменикот на Симеон Радев експресно беше тргнат од зградата на новото Министерство за надворешни работи, а брзањето беше толку големо, што место неговата - прво била отстранета друга скулптура. Со тоа и се прати брза порака на официјална Софија дека нашето МНР не е разгранок на бугарското (како што беше првата реакција од Софија) и дека Радев не го заслужил местото што за кратко го доби, меѓу првите личности што осамнаа на овој нов објект. Официјално, причината за тргањето на скулптурата е дека таа таму не била ниту планирана и дека се нашла на зградата на МНР по грешка, без да се каже чија и како е можно да се потрошат толку пари за изработка, а да не се знае точно кој треба да виси на МНР, а кој треба да се најде во Музејот на револуционерната борба. Дополнителна тежина на скандалот му даде реакцијата на СДСМ, кои јавно запрашаа - како е можно да се прави скулптура на Радев, кој ставил потпис на распарчувањето на Македонија во Букурешт, а да нема скулптура на Киро Глигоров, претседателот во чие време Македонија стана независна.

Македонски дипломати, без двоумење, и ставањето и тргањето на статуата го нарекоа скандал.

„Вакво нешто, т.е. ставање на скулптура на Радев, воопшто не ни требаше. Направена е грешка и притоа не толку од аспект дали Радев е Македонец или се изјаснувал како Бугарин, туку поради политичките потези на Бугарија сега. Непромислено е во време кога Бугарија прави се' да и' се приклучи на Грција во оспорувањето на нашиот идентитет, да ни се случи ваква скулптура. Не треба да бегаме и од негативните личности и настани во македонската историја, но местото на Радев не е на зградата на МНР, меѓу светски заслужните, туку во Музејот на револуционерната борба“, смета ексминистерот Слободан Чашуле. Стојко Стојков од ОМО „Илинден-Пирин“ не можеше ни да сфати зошто Радев добил ваков третман во Македонија, со оцена дека тој никогаш не им бил важен на Македонците во Бугарија. Генерално македонски дипломати оценуваат дека листата е пренатрупана со личности, дека е вистински скандал што Радев беше ставен па тргнат од зградата, и дека морало да се внимава листата да биде многу селективна и на неа да се најдат само тие што на некој начин имале директна заслуга за Македонија. Од СДСМ, пак, оценија дека одлуката за поставување на статуата е скандалозна и дека потврдува уште еднаш дека проектот „Скопје 2014“ не е само финансиски, туку и идеолошки криминал, кој директно го загрозува македонскиот национален идентитет и историско наследство.

„Јавноста не може да разбере која беше логиката на власта да го одбие предлогот за достоинствено одбележување на ликот и делото на првиот претседател на независна Македонија, а во исто време да го величи оној кој директно учествувал во разнебитувањето на Македонија во 1913 година“, реагира СДСМ.

Од Владата вчера не можеа да прецизираат дали бетонскиот споменик на Радев ќе биде внатре или надвор од Музејот на револуционерната борба, и што бара таков од бетон меѓу восочните фигури. Не кажуваа ни кој го направил „привидот“, односно како е можно да осамнуваат скулптури на личности без некој да има контрола на тоа. Затоа, пак, во соопштението се протна политичка порака дека скулптурата на Радев „Бугаринот“ ќе биде заменета со скулптура на таткото на европската идеја Жан Моне. Официјално се отфрлаше можноста тргањето на Радев да е реакција на потсмевањата на Божидар Димитров од Бугарија, а од МНР дури порачаа дека директорот на бугарскиот Национален институт не е релевантен за да го коментираат. Од таму потврдија дека Министерството учествувало во правењето на листата на „50, 60 или 70 скулптури“ што ќе се најдат на зградата, но дека никогаш не рекле дека меѓу нив на финалниот список е и таа на Радев. „Димитров одамна не го коментираме. Тој е сменет од функцијата (министер за дијаспората) и е нерелевантен“, изјавија од МНР.

Инаку, Димитров вчера изјави дека му се наполнило срцето кога видел дека Радев се нашол на нашето МНР, дека го чека денот кога и негова скулптура ќе осамне во Македонија и дека индиректно се признало дека Македонците се Бугари, а нашето МНР разгранок на бугарското. Па додаде дека очекува еден ден Музејот на Македонија да стане разгранок на бугарскиот, и дека споменици на важни бугарски личности ќе осамнат пред сите министерства во нашата држава. Во бугарското МНР вчера не сметаа дека треба да го коментираат поставувањето и тргањето на скулптурата, а изјавите на Димитров ги оценија како негови лични бидејќи не е дел од власта. Додека траеше драмата овде, во Софија вицепремиерката Теута Арифи имаше средба со министерот Николај Младенов, но на оваа тема немаше ништо во соопштението од нејзиниот кабинет.

„Грешката се случила уште при формирањето на листите на личности за кои треба да бидат изработени статуи. По увидот на превидот, таа е префрлена во Музејот на македонската борба, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунизмот. Во него во различни уметнички форми и контексти се претставени различни истакнати личности од историјата и од различна идеолошка провиниенција, кои ги обележале случувањата на овие простори и имале влијание на случувањата во Македонија, на нејзиниот историски, револуционерен и државен развој. Без разлика на аспектот на нивно согледување на состојбите и процесите или пак контекстот на нивно дејство во однос на државноста и нејзините атрибути, односно нивните позиции по однос на македонското прашање“, стоеше во соопштението од Владата. На крајот како утешителна порака, стоеше дека новата статуа на Жан Моне бесплатно ќе ја гради фирмата „Бетон“, што само потврди дека таа не била планирана, туку извадена од ракав и од нужда.




Статијата е прочитана 5703 пати.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=35B211F12...15521668DA
Без Ботев няма България
12-04-2012, 04:47 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 12-04-2012, 04:47 PM