Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Весникот на Македонците во бугариЈа го однесоа фантомски води
Тужба за заплена на „Македонски глас“


Македонците во Бугарија најавуваат уште една тужба против државата пред судот во Стразбур откако не успеаја да ја најдат правдата околу скандалозната заплена на билтенот „Македонски глас“. Лани на 31 јануари, на ден пред почнување на пописот, цивилни претставници на Државната агенција за национална сигурност (ДАНС) влегле во просторијата на печатницата „Ираник-М“ во Благоевград и без да имаат каков било судски документ тие го заплениле целиот тираж на билтенот од 2.500 примероци, а притоа ги притвориле и сопственикот на печатницата Стојан Михајлов и уште еден вработен.

Навидум целата работа е јасна, па Стојко Стојков, претседател на ОМО „Илинден“-ПИРИН во име на неформалната група македонски активисти - Пирински македонски информациски центар, која го издава билтенот, поднел две тужби со барање да се врати запленетиот тираж на билтенот и да се казнат сторителите на тоа скандалозно дело. Следејќи го целиот случај, се добива впечаток дека тој личи на мрачна полициска сторија од времето на најтешкиот комунистички режим. Иако инспекторите влегле во печатницата на 31 јануари 2011 година, а за тоа писмена изјава дал и нејзиниот управител Михајлов, на жалбите Стојков добил одговор дека такво нешто не се случило.

„Побарани и добиени се писмени изјави од МВР-Благоевград, 02 РУП-Благоевград, ТД „НС“-Благоевград. Од тие изјави се утврдува дека на 31.1.2011 претставници на наведените институции не спровеле операција во наведената печатница, не се конфискувани писмени материјали и во МВР-Благоевград не е задржано лицето Стојан Николов Михајлов“, пишува во одговорот на жалбата Иван Димитров, прокуратор при Реонската прокуратура на градот Благоевград.

Во дописот на жалбата од Стојков, прокураторот се повикува на изјава на Михајлов, кој практично негира дека имало полициски упад во неговата печатница „Ираник-М“.

И покрај доказите што Стојков ги приложил во жалбата до апелација при што приложил и платена сметка од 1.000 лева за печатење на билтенот, Kрасимир Kожухаров, прокуратор во Апелативната прокуратура, го потврдил претходното решение.

Стојков вели дека е точно оти таков исказ видел од Михајлов.

- Тој исказ е даден под полициска присила. Практично тој дал два различни исказа. Kако и да е, јас сега се консултирам со адвокати и можно е доколку има основа, правдата да ја барам пред Судот за човекови права во Стразбур - ни изјави вчера Стојков.

За случајот со запленетиот тираж на билтенот е запознаен и СЕЕМО, чии претставници завчера во Софија се сретнаа со Стојков.

Во досегашното издавање на „Македонски глас“ никогаш не се случило да биде запленет или забранет некој негов број, освен тој на ден пред пописот. Причините за таквата акција треба да се бараат во објавените содржини во весникот и во кои е објавен повик до Македонците во Бугарија на пописот на населението да се изјаснуваат како Македонци.

Христо Ивановски
#
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E27AB5C580...EA02676BB1
Без Ботев няма България
05-04-2012, 04:51 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 05-04-2012, 04:51 PM