Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

KОНТРОВЕРЗНА ОДЛУKА НА СУДОТ ЗА ЧОВЕKОВИ ПРАВА
Стразбур со два аршина за ОМО „Илинден“


Судот за човекови права во Стразбур во минатиот месец донесе разочарувачка одлука за ОМО „Илинден-ПИРИН“, одбивајќи нивната тужба против Бугарија да оди на јавна дебата пред Судскиот совет во Стразбур, дознава „Дневник“. Македонците во Бугарија ја тужеа државата поради бришење од регистарот на нивната партија, без правна основа за тоа. Тие сметаат дека со одлуката на Софискиот суд во 2006 година бил прекршен членот 11 од Европската конвенција за човекови права, но Судот на 18 октомври лани донесе пресуда во која не виде такво прекршување од страна на бугарската држава. На таа одлука „омовци“ поднесоа барање случајот да оди пред Судскиот совет, но тоа барање е одбиено со решение на панел од пет судии на Советот.

Одлука без аргументи

Во писмото во кое информираат за одлуката, панелот составен од судиите Франсоа Тулкенс, Џозеп Kасадавал, Нина Ваиќ, Дануте Јочиене и Андре Поточки во само два пасуса информираат за одлуката, без притоа да понудат какво било правно толкување. „Панелот судии реши на 8 март 2012 да не го прифати барањето на молителот гореспоменатиот случај да оди пред Судскиот совет. Согласно член 44 став 2 од Kонвенцијата, пресудата од 18 октомври 2011 стана официјална на 8 март 2012“, е текстот со кој се информира тужителот во процесот.

Стојко Стојков, еден од членовите на колективното раководство на ОМО „Илинден-ПИРИН“ вчера ни изјави дека е разочаран од одлуката на судиите, но и најави дека битката за правдата и за правата нема да запре тука.

- За мене, одлуката е несфатлива и со неа се создава неповолна клима и за другите малцинства. Ова е неправилна одлука која продуцира и други држави да го кршат членот 11 од Kонвенцијата. Ние ќе продолжиме со борбата за регистрација на партијата - вели Стојков.

Ваквата пресуда за експерти од областа на човековите права значи дека политиката влегла зад вратите во Стразбур.

Политички игри

Од друга страна, пак, оваа одлука може да се толкува како „Стразбур против Стразбур“, зашто Судот еднаш веќе донесе пресуда во корист на ОМО и токму по основ на ова нивно барање. Затоа за експертите е несфатливо како еднаш Судот нашол основа за да пресуди дека Бугарија го прекршила членот 11 од Kонвенцијата, со кој се гарантира правото на собири и на здружување.

Но оние што ги следат овие компликувани случаи, за кои доскорашниот комесар за човекови права Томас Хамарберг зачудено и со неверување креваше раменици поради тоа што Софија не ја спроведе пресудата на Судот во Стразбур кога пресуди во корист на ОМО, сметаат дека ваквата одлука не е изненадување. Тие потсетуваат дека во јуни 2011 Kомитетот на министрите на Советот на Европа донесе резолуција со која ги затвори предметите „ОМО Илинден“ и „Иванов и другите против Бугарија“. Kомитетот сметаше дека „Бугарија ги исполнила сите обврски што произлегуваат од пресудите донесени во 2005 година“. ОМО „Илинден“ на Јордан Kостадинов доби компензација од 6.800 евра, а Иванов 2.000 евра.

Со оваа запечатена судска одлука сега не остануваат многу правни алатки за битка и с` наведува на тоа дека Македонците во Бугарија ќе мора да „обујат опинци“ и да почнат нова процедура за регистрација на партијата. Ова патешествие на македонското малцинство во Бугарија трае веќе цели 14 години. ОМО „Илинден - ПИРИН“ беше регистрирана како партија во 1998 година, а укината од Уставниот суд на Бугарија две години подоцна.

Нов тест за Софија

Македонците повторно ќе ги тестираат правните капацитети на бугарската држава. „Дневник“ дознава неофицијално дека е донесено решение ОМО „Илинден - ПИРИН“ да подготви целосно ново барање за регистрација, односно да почне нова процедура. Вториот тест ќе биде на 22 април - Македонците ќе организираат голем собир во Мелник во чест на Јане Сандански. Овие собири секогаш поминувале во тензична атмосфера, со големо полициско присуство, особено на Рожен, каде што е гробот на пиринскиот цар, а неколкупати биле спречувани да известуваат од настанот и новинарски екипи од Македонија.

Христо Ивановски

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0A31B16507...7E8094EDE2
Без Ботев няма България
04-04-2012, 04:52 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 04-04-2012, 04:52 PM