Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарски и српски „мигови“ сакаат да го чуваат македонското небо

Освен македонскиот воздушен простор, авионите на овие земји теоретски би можеле да го обезбедуваат истовремено небото на Албанија, Црна Гора, Косово и на Босна и Херцеговина, бидејќи армиите на овие земји се наоѓале во слична ситуација како АРМ




Понуди од сите страни за нашето небо



Методи Хаџи-Јанев,
универзитетски професор

Македонската авијација и противвоздушна одбрана дваесетина години сами го чуваат нашето небо, иако досега сме имале неколку понуди оваа функција да ја преземат бугарски и српски „мигови“ сѐ до моментот додека државата стане членка на НАТО. Причина за овие понуди е тоа што нашата армија не располага со свои борбени ловци-авиони, а четирите борбени авиони „сухој“ ни се приземјени засекогаш, бидејќи итно им се потребни поправки. Бугарија и Србија неколку години инсистираат дека се подготвени да испратат цела ескадрила во Скопје, односно меѓу пет и десет воени авиони од типот „МИГ- 29“.

Поевтино од поправка на „сухоите“

За најмените борбени летала и пилоти државата би требало да им плати одредена сума пари на земјите, која би била многу помала отколку да ги поправиме македонските „сухои“ или, пак, да набавиме нови авиони.

Српската понуда за воздушна заштита би важела само до моментот додека не влеземе во НАТО. Тоа е затоа што Белград е воено неутрален и не бара членство во НАТО, по интервенција на Алијансата во 1999 година поради косовската криза. Од друга страна, пак, доколку се потпише договор со Софија, чувањето на нашето небо може да продолжи и по влегувањето во НАТО, бидејќи источниот сосед е веќе членка на сојузот.

Станува збор за практика што е дел од интегрираниот систем за воздушна одбрана на НАТО – НАТИНАДС, кој се применува кај членки што граничат со нечленки. Дел од овој систем се балтичките држави Летонија, Естонија и Литванија, чиј воздушен простор го обезбедува НАТО. Веднаш по приемот во НАТО и Словенија побара помош од Алијансата, а како единствена земја за заштита на нејзиното небо се јави Италија.

Во Министерството за одбрана ниту ги потврдија, ниту ги демантираа информациите. Оттаму објаснуваат дека ние би ја поддржале секоја регионална одлука за која ќе се користат институциите на Северноатлантската алијанса преку новиот концепт на НАТО, „Смарт дифенс“.

Да не го даваме суверенитетот

Универзитетскиот професор, мајор Методи Хаџи-Јанев вели дека досега само се шпекулирало за понудите на авијациите на Србија и на Бугарија.

- Разговорите најверојатно биле водени во многу пониски армиски кругови, а не на дипломатско ниво и затоа нема официјализирана понуда - објаснува професорот.

Хаџи-Јанев вели дека ситуацијата е многу изменета од пред десетина години, кога стигнале понудите, бидејќи нашата држава оттогаш инвестирала многу во борбената техника на воздухопловите.

- Нашите хеликоптери се дигитализирани со израелска технологија за ноќно летање, што, на пример, го немаат како опција авионите дури ни на Србија. Потоа се инвестираше во пилотската академија, која е реткост во регионов. Има најави дека ќе се инвестира во набавки на нови армиски радари итн. Можам слободно да заклучам дека во скоро време ние би биле земја што би нудела вакви услуги на земјите како Албанија, Косово, Босна, Црна Гора, истакна Хаџи-Јанев.

Пензионираниот полковник Благоја Марковски вели дека недостигот од борбени авиони е комплетно решен со новиот концепт на паметна одбрана на НАТО.

- Ако ја прифатиме ваквата услуга од Бугарија и од Србија, сметам дека потегот би бил финансиски оправдан, но проблематично би бил разбран од граѓаните, бидејќи би го дале суверенитетот на нашата земја на армија на некој сосед - вели полковникот.


Автор: Александар Србиновски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22548
Без Ботев няма България
04-04-2012, 04:41 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 04-04-2012, 04:41 PM