Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Американците ја натераа Бугарија да се откаже од „Белене“

Власта во Софија вели дека бугарско-рускиот проект за изградба на атомска централа на Дунав е прескап и неисплатлив. Опозициските партии, пак, ја обвинуваат Владата дека потклекнала на барањата од Вашингтон, Бугарија да ја намали енергетската зависност од Русија. Тие бараат референдум за „Белене“ и најавуваат гласање недоверба на Владата




За владата проектот „Белене“ е прескап и неисплатлив

ОПОЗИЦИЈАТА ОБВИНУВА

Бугарската политичка сцена сѐ уште се бранува по одлуката на владата на премиерот Бојко Борисов да се откаже од изградбата на атомската централа „Белене“. Власта вели дека бугарско-рускиот проект е прескап и неисплатлив, а опозицијата го обвинува Борисов дека ги предал националните интереси и дека им потклекнал на барањата од Вашингтон, Бугарија да ја намали зависноста од Русија. Опозициските партии бараат референдум за „Белене“ и најавуваат гласање недоверба на Владата за водење неуспешна енергетска и економска политика.

Бугарскиот премиер Борисов минатата недела објави дека Софија одлучила да го раскине договорот со руската компанија „Атомстројекспорт“ за изградба на атомска централа со јачина од 2.000 мегавати во градот Белене на реката Дунав. Борисов како главни причини за откажување од „Белене“ ги наведе заштитата на животната средина и растечката цена, која до крајот на изградбата на централата би требало да достигне 10 милијарди евра. Бугарската влада најави дека на местото на „Белене“ може да се изгради централа на гас, а веќе изградениот реактор што беше наменет за оваа нуклеарка би можел да биде продаден или модификуван и инсталиран во единствената бугарска атомска централа „Козлодуј“.

- Ги немаме тие пари и нема шанси да ги натераме државата и наредните неколку генерации да плаќаат за тоа – изјави бугарскиот премиер, кој претходно телефонски разговараше со старо-новиот претседател на Русија, Владимир Путин.

На одлуката за откажување од проектот веднаш реагираа опозициските партии, а особено бугарската социјалистичка партија (БСП), која ја предводеше коалициската влада што во 2008 година потпиша договор за изградба на „Белене“ со Путин.

Петар Димитров, бивш министер за економија и за енергетика од редовите на БСП, најави дека опозициските партии во парламентот ќе почнат консултации за гласање недоверба на Владата поради водење неуспешна енергетска и економска политика.

- Одлуката за откажување од „Белене“ е катастрофална грешка, направена под притисок на САД и го осудува единствениот технолошки сектор на Бугарија на бавна смрт. Американците, а не Борисов, одлучија за судбината на „Белене“. Верувајте дека Бугарија ќе биде принудена да увезува струја за 15 години – тврди Румен Овчаров, пратеник од редовите на БСП и бивш министер за економија и енергетика.

САД: ОТСТРАНЕТЕ ЈА ЗАВИСНОСТА ОД МОСКВА

Овчаров, кој ја напушти претходната влада во 2007 година поради корупциски скандал, вели дека потегот на Борисов ја отвора можноста за „Марица исток 3“, чија цена е трипати повисока. Италијанскиот енергетски гигант „Енел“ лани ја заврши продажбата на мнозинскиот удел во бугарската термоелектрична централа „Марица исток 3“ на американскиот инвестициски фонд „Контур глобал“. Централата е лоцирана во рударскиот комплекс „Марица исток“ во јужна Бугарија, од каде што земјата обезбедува 30 отсто од потребите за струја.

Во меѓувреме, московски „Комерсант“ пренесе изјави од неименувани руски функционери што учествувале во преговорите за „Белене“, кои велат дека одлуката на Софија да се откаже од проектот е политичка и дека е донесена под влијание на САД. Весникот посочува и на тајните американски дипломатски документи што ги објави Викиликс, кои укажуваат дека американската амбасада во Софија и американската компанија „Вестингхаус“ вршеле притисок врз бугарските власти. Ројтерс наведува дека Брисел и Вашингтон долго време изразуваат загриженост дека руската централа „Белене“ ќе ја зацементира бугарската зависност од Русија. САД неодамна ја повикаа Бугарија да вложи поголеми напори за диверзификација на енергетските извори и да и стави крај на својата енергетска зависност од Русија.

„КРАЈ ЗА НУКЛЕАРНАТА ЕНЕРГИЈА ВО БУГАРИЈА“

Во екот на препукувањата меѓу власта и опозицијата изминативе неколку дена, бившиот бугарски претседател Георги Парванов најави дека ќе го обнови проектот „Белене“ ако неговите социјалисти дојдат на власт.

- Ова е крај за нуклеарната енергија во Бугарија, освен ако нова влада не го обнови проектот „Белене“. Доколку БСП дојде на власт, ќе организира референдум за судбината на атомската централа - изјави Парванов.

Тој призна дека поранешната владина коалиција, предводена од социјалистите, која владееше од 2005 до 2009 година, направила грешки во преговорите за цената на „Белене“ и додаде дека виновниците би требало да бидат казнети за тоа. Парванов го критикуваше планот на владата на Борисов, реакторот изграден за „Белене“ да биде поставен во „Козлодуј“, нагласувајќи дека реакторот нема да биде „помалку руски отколку што е сега“, алудирајќи на ветувањето на Борисов дека нема да поддржи изградба на исклучиво бугарско-руска нуклеарка додека е на власт. Парванов, кој вели дека ќе се обиде да ја врати лидерската позиција во БСП од бившиот премиер Сергеј Станишев, смета дека Бугарија би требало да инвестира во двата проекти ако сака да ја развива нуклеарната енергија. „Белене“ беше еден од трите големи бугарско-руски проекти, кои Парванов ги поддржа како претседател, заедно со нафтоводот Бургас-Александрополис и гасоводот „Јужен тек“. Владата на Борисов лани се откажа од изградбата на нафтоводот поради финансиска неисплатливост.

Борисов викендот реагираше на обвинувањата од опозицијата, нагласувајќи дека одлуката за откажување од „Белене“ била најдобрата што ја донел досега.

- Најблага дефиниција за проектот „Белене“ е шпекулантство, зашто всушност е криминал – изјави Борисов, додавајќи дека е бесмислено и да се одржува референдум за централата и да се врти во круг нешто што било почнато пред три децении.

РУСИЈА ГО ЗАДРЖУВА ПРИСУСТВОТО

Бугарскиот премиер веднаш по објавувањето на одлуката за откажување од „Белене“ го испрати во Москва својот министер за економија Делјан Добрев. Тој по состанокот со руското раководство објави дека „Атомстројекспорт“ нема да бара обесштетување од Софија поради раскинување на договорот, иако медиуми шпекулираа дека руската компанија може да бара и до една милијарда евра.

- Ќе платиме само за тоа што е изградено досега – изјави Добрев, додавајќи дека точната сума ќе биде определена до крајот на април (бугарските медиуми велат оти таа ќе изнесува 180 милиони евра за изградениот реактор од 1.000 мегавати).

Руските претставници на средбата со бугарскиот министер истовремено изразиле подготвеност да учествуваат во трансформацијата на реакторот за да може да биде инсталиран во „Козлодуј“.

Другиот руски енергетски гигант, „Газпром“, пак, изразил заинтересираност за изградба на централа на гас на местото каде што требаше да биде изградена „Белене“. „Газпром“ се согласил да ги намали цените на гасот за Бугарија за 11,1 отсто. Источниот сосед покрива 90 отсто од домашните потреби за гас со увоз на енергентот од Русија. За возврат, Софија се обврзала да ја забрза изградбата на бугарскиот дел од гасоводот „Јужен тек“. Бугарија на гасоводот „Јужен тек“ му додели статус на проект од национален интерес, овозможувајќи што побрза изградба на гасоводот, кој би требало да пренесува руски гас преку Црно Море до Јужна и Централна Европа, заобиколувајќи ја Украина.

Проект стар над три децении

Проектот за изградба на атомската централа „Белене“ во северна Бугарија датира од 1981 година, а првпат беше прекинат по девет години поради финансиските проблеми со кои се соочуваше земјата и притисокот од еколошките здруженија, кои се противеа на изградба на нуклеарка во сеизмички активен регион.
Одлуката за обнова на проектот е донесена во 2002 година, а четири години подоцна Бугарија постигна договор со руски „Атомстројекспорт“ за изградба на нуклеарката со два реактори од по 1.000 мегавати. Изградбата на „Белене“ повторно беше замрзната во 2009 година, кога од проектот се повлече главниот инвестициски партнер, германскиот енергетски гигант РВЕ, кој како главни причини ги наведе неизвесноста и неисплатливоста на проектот. Неможноста да најде нов западен инвеститор и да се одговори околу цената ја натера Софија да се откаже од „Белене“.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22546
Без Ботев няма България
02-04-2012, 06:04 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 02-04-2012, 06:04 PM