Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

И Бугарија ја смета Грција за окупатор на Егејска Македонија

Во бугарскиот учебник по историја и цивилизација за 11 клас, издаден во средината на минатата декада, на кој пишува дека е задолжителен, во одделот „Бугарија за време на Балканските војни“, меѓу другото, стои: „Грчките воени власти ја ставаат раката врз поголемиот дел од Егејска Македонија... Насекаде окупациските власти (грчки и српски, н.з.) го подготвуваат доаѓањето на српската и на грчката цивилна администрација...“




Турскиот командант на Солун му го предава својот меч на грчкиот крал Константин

Брисел не бара историско помирување од Софија и од Атина

Годинава ќе бидат одбележани точно сто години од почетокот на Првата балканска војна, која претставуваше увод во подоцнежната Букурешка мировна конференција и поделба на Македонија меѓу Грција, Србија и Бугарија. Се чини, токму во тоа време од пред точно еден век лежат и многу од проблемите што денес се јавуваат на Балканот, а кои се поврзани со нашата земја. Токму во тоа време лежат и изворите на сите денешни обиди да ни се наметне поинаков поглед на нашата историја, дури и под закана за блокада на нашиот прием во Европската Унија.

Пред извесно време бугарскиот пратеник во Европскиот парламент, Евгени Кирилов, побара да се формира комисија што би работела на усогласување на македонската историја со ставовите на нашите соседи.

Тоа, од друга страна, претпоставува дека Бугарија, како земја што во ЕУ влезе приближно две децении по Грција, претходно ги усогласи своите историски погледи со тие на Атина. И кај едните и кај другите во поглед на историјата нема многу спорни прашања, освен, се разбира, прашањето на Македонија (и Тракија, која историски гледано е бугарска земја, а токму по тие бурни времиња и припадна на Грција). Значи, на кој начин и како Бугарија и Грција ги имаат усогласено своите различни историски гледишта околу Македонија, како услов за добрососедски односи, како што тоа сега се бара од нас?
Прашањето не е нималку наивно. Бугарите ја сметаат Македонија за нивна, бугарска, а тука спаѓа и Егејска, односно Беломорска Македонија. Наспроти тоа, Грците се сметаат за ослободители на истиот простор. За Бугарите, Балканските војни, односно 1912 и 1913 година се години на погром, години на национална катастрофа, за Грците, тоа се години кога конечно, по многу векови, Македонија одново се врати таму каде што припаѓа. Очигледно, двете страни имаат непомирливи позиции, но ако се имаат предвид бриселските стандарди и лекциите што ни се делат за тоа како Германија и Франција се помириле, треба да се очекува дека Грција и Бугарија овие разлики во погледот кон Македонија ги изедначиле.

Меѓутоа, изгледа дека тоа не е така. Во бугарскиот учебник по историја и цивилизација за 11 клас, издаден во средината на минатата декада, на кој пишува дека е задолжителен, во одделот „Бугарија за време на Балканските војни“, меѓу другото, стои:

„Грчките воени власти ја ставаат раката врз поголемиот дел од Егејска Македонија... Насекаде окупациските власти (грчки и српски, н.з.) го подготвуваат доаѓањето на српската и на грчката цивилна администрација...“


Бугарската војска влегува во Солун во текот на Првата балканска војна

Грци и Срби

Ова е интересно. Грција и Бугарија, како членки на ЕУ, би требало да го имаат поминато тестот за добрососедски односи, а сепак во бугарскиот учебник стои дека Грците се окупатори на Егејска Македонија. Значи, тоа не е спорно ни за Евгениј Кирилов, ни за Софија, па ниту за Атина. Не се сеќаваме дека некој се обидуваше од ова да создаде посебен бенчмарк за Софија, додека преговараше за прием во ЕУ. Оттука, каде е проблемот ако во македонските учебници по историја стои дека Грците се окупатори на Егејска Македонија? Како може истата работа, кога ја пишува во македонски учебник, да биде доказ за територијални претензии, а кога ја пишува во бугарски учебник, да биде знак на добрососедство?

За волја на вистината, кај нас не може ниту да се најде зборот окупација. Во нашиот учебник по историја за седмо одделение пишува дека по Балканските војни Македонија била поделена и дека нејзините делови биле „анектирани“ од соседните држави. И нормално, потоа следува тирада за тешките последици врз македонскиот народ. Што има во тоа нешто полошо и пострашно од напишаното во бугарскиот учебник?

Во споменатиот учебник на нашите источни соседи, пак, стои и дека во „меѓусојузничките спорови за распределување на одвоените територии од Турција, Грција тврдо се придржувала кон принципот на фактичка окупација“. Станува збор за тоа дека Бугарија, Грција и Србија, пред почетокот на Првата балканска војна, склучија меѓусебни договори со кои определија која држава колкав дел ќе добие од европската територија на Турција, вклучувајќи ја тука и Македонија. Проблемот за Бугарија се појави кога и Грција и Србија отстапија од нивните претходно замислени аспирации кон Македонија. Србија зазеде поголем дел од тој што во Бугарија се сметал за некакво нејзино природно право, а Грците не само што го зазедоа Солун, туку ја минаа и реката Вардар, доаѓајќи до Кукуш и Дојран, територии што Софија ги смета за свои. Србите во Првата балканска војна го освоија и Кавадарци, што не беше предвидено во бугарско-српските договори за сојуз против Турција. Грците влегоа длабоко на територијата на Македонија, а Бугарија се надеваше дека таа ќе се задоволи со Крит и со териториите до Костур, сметајќи го преостанатиот дел како нешто што е нејзино според сите природни и општествени норми.
Оттука, формулацијата за грчка и српска окупација на Македонија, имајќи ги предвид и малцинствата Срби и Грци во Македонија, е нешто што е сосема нормално. Тоа така останало во бугарските учебници и до ден-денес и не претставувало никаков проблем при приемот на Бугарија во НАТО и во ЕУ. Поаѓајќи од тоа, создавањето некаков случај од оваа проблематика, кога станува збор за Република Македонија, изгледа доста лицемерно и уште повеќе го зацврстува впечатокот кај граѓаните на Македонија за нееднаквиот третман на Брисел кон нас.

Мали лаги

Како и да е, позициите на Грција и на Србија за задржување на териториите од Македонија што нивната војска ги окупирала ја предизвикуваат Втората балканска војна. Во меѓувреме, Бугарија се уверува дека „Франција го крева гласот против прекумерните бугарски желби“, дека „Англија останува верна на традиционалните претпочитувања на Грција“, и во таква ситуација Грција и Србија во мај 1913 година склучуваат нов договор со кој ја делат Македонија приближно во рамките на денешните граници. Според бугарскиот учебник, тоа „болно ги засега бугарските национални интереси“, што повторно нé води кон нерешен историски конфликт меѓу двете членки на ЕУ.

Зад новиот сојуз на Грција и Србија, според бугарскиот образовен систем, пред сé застанува Франција, која инсистира против Бугарија да застане и Романија. Тоа и се остварува и, како што ќе се покаже подоцна, ја одигрува можеби клучната улога во Втората балканска војна и во поделбата на Македонија.

Поради сето ова, поради фактот што Грција и Србија инсистираат Атина да ја задржи Егејска Македонија, а Белград Вардарска (покрај Косово што за никого не е спорно), ноќта меѓу 16 и 17 јуни 1913 година бугарскиот генерал Савов ја напаѓа грчката војска. Почнува Втората балканска војна. Бугарската војска добро се справува на два фронта против грчката и српската армија, но тогаш третиот фронт го отвора Турција, а четвртиот романската војска.

„На крајот од јуни, близу половина милионска романска војска ја минува северната граница и доаѓа на 30 километри од Софија“, пишува во бугарскиот учебник. Тоа, и според нашите историчари, е всушност клучниот момент во Втората балканска војна. Ангажирана на три фронта, бугарската војска го остава небранет северниот дел од државата и Романците безмалку како на прошетка стигнуваат до Софија. Поради тоа, Бугарија е принудена да признае пораз и да побара примирје. Во цитираниот учебник, сепак стои: „Тогаш, генерал Савов го презема командувањето со трите обединети бугарски армии и ја опкружува грчката армија во кресненскиот регион. Сега веќе Грција моли за примирје за да ја спаси од пораз својата армија“.

Тоа можеби е точно, но генералната слика е дека Бугарија се наоѓа пред слом и дека не можејќи да се справи со големиот број противници, доведувајќи се во подредена положба, едноставно морала да капитулира. Токму затоа, во Букурешт добива само десетина отсто од Македонија, го губи и Одрин, а не успева да ја добие ни Кавала, туку мора да се задоволи со излез на Егејско Море источно од градот (што е всушност катастрофален пораз на Русија). „Овој пат дипломатијата ја лишува армијата од победата“, пишува во бугарскиот учебник, што е доста неточно всадување на некаков херојски импулс кај младите бугарски ученици.

Како и да е, од овие страници се добива слика дека грчката армија е на колена во Егејска Македонија, а дека некои други сили ја оставиле Бугарија без нејзината историска територија. Дали тоа не е вградување територијални аспирации кај младите Бугари кон невината Грција? Секако.

Каде е тогаш проблемот меѓу Република Македонија и Република Грција гледано од овој аспект? Тој практично не постои, па не е јасна желбата на Кирилов да им помогне на неговите грчки браќа. Се разбира, Бугарите имаат проблем околу националноста на населението во Македонија, но тие тој проблем го имаат и со Грците, кога е во прашање Егејска Македонија, па тоа не било причина за создавање какви било комисии или за каква било еднострана ревизија на историјата.

Германско-бугарски сојуз за Македонија


Бугарскиот генерал Бојаџиев со неговиот штаб на македонскиот фронт во Првата светска војна

Во почетокот на Првата светска војна Бугарија зазема неутрална позиција, како и Грција. Наредната година, нашиот источен сосед застанува на страната на Германија, откако на 24 август во Софија е потпишана Тајна спогодба меѓу двете земји. Бугарскиот учебник ги дава централните поенти на таа спогодба:
1. Германија и гарантира на Бугарија придобивање и анектирање на следните територии:
а) Денешна српска Македонија, опфаќајќи ги двете зони, спорната и неспорната...
б) Српската територија што се наоѓа на исток од следната линија: реката Морава со излезна точка на Дунав до местото каде што се спојуваат двете притоки, бугарска Морава и српска Морава; од тој пункт, линијата го следи водоразделот на двете притоки...
2) Во случај Романија за време на конфликтот без да биде предизвикана да ја нападне Бугарија, Германија ќе се согласи Бугарија да ги анектира териториите отстапени со Букурешкиот договор, како и да изврши поправка на границата определена од Берлинскиот договор.
3. Во случај Грција да нападне... Германија ќе се согласи Бугарија да ги анектира териториите на Грција отстапени со Букурешкиот договор...
4) Германија и Австро-Унгарија се обврзуваат на Бугарија да и дадат воен заем од 200 милиони франци.
Овој договор ја внесува Бугарија во Првата светска војна. Кога подоцна Грција застанува на страната на В. Британија и Франција, бугарската војска ја анектира Егејска Македонија, но по поразот на нејзините сојузници во војната, не само што одново ја губи туку останува и без делот од Тракија што го добива во согласност со Букурешкиот договор, а со тоа и без излез на Егејско Море.



Добрите Грци и лошите Срби


Родниот град на Гоце Делчев, Кукуш, запален до темел во грчко-бугарската пресметка во текот на Втората балканска војна

„Владите на Србија и на Грција спроведуваат политика на трајно окупирање и денационализирање во присоединетите територии“, се вели во лекцијата „Бугарија во перипетиите на Првата светска војна“.

Интересно, на учениците во Бугарија соодветно им се раскажува за злосторствата на Србите врз населението во Вардарска Македонија, но никаде нема ниту збор за репресиите што во вознес ги вршат Грците. „Уште потешки се репресиите врз бугарското население во Вардарска Македонија - илјадници Бугари се фрлени во затворите и се казнува секоја духовна пројава на бугарштината“, стои на страницата 238 од учебникот.

Не помеко е третиран и односот на романските власти кон Бугарите во Јужна Добруџа: „Во Јужна Добруџа властите го уништуваат бугарското просветно и црковно дело. Со специјален закон голем дел од земјата на бугарските селани им е одземена и таа преминува во рацете на романските чиновници и колонисти, кои добиваат редица привилегии“.

Што се случува во Егејска Македонија? Учениците во Бугарија за ова тешко дека можат да дознаат. Немаат ни како. Барем не од овој учебник, кој во оваа смисла, најдалеку оди со констатацијата дека од Тракија, Македонија и Јужна Добруџа има 250.000 бегалци.

Во овој дел за улогата на Грција може да се дознае индиректно. На пример, преку опишаната желба на Бугарија да го ревидира Букурешкиот договор, кој е потпишан од страна на нашиот источен сосед, како што се вели „со нож под грлото“.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22546
Без Ботев няма България
02-04-2012, 06:02 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 02-04-2012, 06:02 PM