Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарки во потрага по повисока плата во Турција

Алие Исмаилова долго време не ги посетила децата и внуците во родната Бугарија




Таа живее и работи кај семејството Озтурк во богатата истанбулска населба Улус. Алие им ги чува двете деца - седумгодишната ќерка Мелис и тригодишниот син Бурак. Освен тоа, пере и готви.

- И во Бугарија би можела да работам како куќна помошничка. Во Софија можеби би заработувала по 1.000 лева месечно, односно околу 500 евра. Овде во Истанбул сум далеку од дома, но заработувам повеќе. Најдов многу добро семејство. Зошто би заминала? Сакам да останам во Турција - вели Алие.
Економскиот бум беше проследен со зголемување на платите во Турција, кои се значително повисоки од платите во Романија и во Бугарија - држави на ЕУ. Турските плати се неколкупати повисоки од платите во земјите како Ерменија и Грузија. Затоа илјадници жени од соседните држави работат како негувателки и дадилки во Турција, нагласува Дојче веле.

Есин Озтурк познава голем број семејства во Турција кај кои работат домашни помошнички од овие земји.

- Главно тоа е стручна работна сила, жени што завршиле соодветно образование во земјите од бившиот Источен блок. Може да се случи да најдете квалификувана медицинска сестра или воспитувачка.
Нормално, ним луѓето многу полесно им ги доверуваат децата. Турчинка со вакви квалификации тешко би работела во приватно домаќинство - вели Озтурк и додава дека Турчинка би барала многу повисока плата.

Но мал е бројот на лицата што имаат дозвола за работење. Официјално, тие се туристи и имаат право да останат во Турција само три месеци. До неодамна ваквите одредби можеа лесно да се заобиколат. Лицето можеше само да ја премине границата по истекувањето на дозволените три месеци и повторно да се врати во Турција, на уште три месеци. Но од 1 февруари тоа повеќе не е можно. Кој во Турција престојувал 90 дена нема право да се врати во земјата во наредните 90 дена. Голем број ерменски и грузиски доселеници што работеле во семејства ја напуштија Турција пред законот да стапи во сила за да ги избегнат високите казни, пренесува „Хуриет“. Другите побараа од турската влада да не се спроведува законот.

- Го молам турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган да спречи законот да стапи во сила. Ги хранам и образовам децата со парите што ги заработувам тука - изјави Софија, 47-годишна Грузијка, подготвувајќи се да го напушти Истанбул и да се врати во Тбилиси.

Министерството за труд на Турција им порача на доселениците дека ќе има исклучоци за оние лица што работат како бебиситери или помошници кај семејствата, кои ќе плаќаат исти давачки како и турските државјани и ќе можат да продолжат да работат дури и ако турски државјанин го бара истото работно место. Турската влада нагласи дека ќе стори сѐ за да го спречи работењето на црно. Околу 100.000 странци без дозвола за престој се премногу за турските власти. Затоа ги заоструваат одредбите за дозвола за престој и воведуваат нови мерки во борбата против проституцијата и работењето на црно во градежниот сектор, нагласува Дојче веле.

Работодавците не сакаат странци

Само 17 отсто од турските компании се одлучуваат да вработат странски работници, што е помалку од светскиот просек од 24 отсто и од европскиот просек од 19 отсто, покажуваат резултатите од едно истражување на агенцијата за вработување „Менпауер“.
Во истражувањето биле опфатени 500 работодавци во Турција, при што 415 рекле дека претпочитаат да не вработуваат странци. Најмногу странци во Турција вработуваат рестораните и хотелите на средоземноморското крајбрежје (36 отсто). Работодавците велат дека најпосакувани работници од странските државјани се Русите (34 отсто), Германците (15) и Украинците (13 отсто). Според „Менпауер“, најчести препреки за странските работници во Турција се проблемите поврзани со визите и дозволите за престој и за работење и со јазичните и културните разлики, пренесува „Хуриет“.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22537
Без Ботев няма България
(This post was last modified: 22-03-2012, 06:13 PM by Топорчо.)
22-03-2012, 06:12 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 22-03-2012, 06:12 PM