Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

МОЈА ТЕРАСА
Политичари на етикети за оцет



Бугарите отишле барем едно сто години напред. Прво, сексуалната револуција ја имаа уште кога тука нарачувавме актерка од Србија ако требаше да се разголи женска во македонски филм. Потешко е во Скопје денес да најдеш метален отвор на шахта што не го платил данокот на колекционерите на старо железо отколку во Софија уште во времето на Живков да најдеш девојка која мисли дека ако му даде на машко, мајка ~ ќе ја фрли во сто синџири робија. Второ, додека ние правиме баклава од криви моркови (мирот во Европа во 21 век треба да биде со статус на трајна врска, а не прашање на флерт), во Бугарија фабрика за наполитанки од Велико Трново го лансирала брендот со назив Б.Б. Kому на памет му иде дека името е кратенка од Брижит Бардо, треба под итно од биро да го мавне календарот од 1972. Иницијалите со двојно Б се на бугарскиот премиер Бојко Борисов. Kој не го познае потписот на првиот човек на Република Бугарија, си го има и во пореална варијанта, истопорен со фотографија на амбалажата. Една слика вреди илјада зборови. Во ситуацијата со Борисов сигурно сликата вреди многу повеќе зборови.

Тоа го потврди и Брена, која неодамна имала состанок со бугарскиот премиер во неговиот кабинет. Откако на увце му ја испеала „Јовано, Јованке“, изјавила: „Борисов е феноменален. Неговиот мандат ќе биде плоден“. Kолку е само лесно да се најде јазик на компромис и разбирање со туѓите политичари. Налет на с`, уште еднаш јавно се покажа дека македонската песна челични врати отвора.

Туку, сопственик на фабриката за наполитанки е извесен господин Ичко Лозев, поранешен меѓународен фудбалски судија од Бугарија и арбитер за УЕФА. Си викам, која визија е, наместо да го налепиш на чоколада Стоичков, легенда над легендите, премиерот свој да го тупнеш.

Полека почнувам да ја сфаќам суштината на придобивките од Европа.

Влегуваш во ЕУ и веќе од корен менуваш однос кон политичари. Наполитанките се трошеле ко во Македонија карти за концерт на Аца Лукас. Башка, оптимизам меѓу народот се ширел со молскавична брзина на птичји грип. Ако до вчера баби на улица воделе панел-дискусија на тема „Со какво слатко го пречекуваш поштарот кога носи пензија“, сега оди друг муабет. Што сум пробала еден „Борисов“ отсабајле, шербет, Гергано. Гергана враќа. Што апнав еден „Жељу Желев“, новото желе со рум, Пацо, заби да искршиш од убајни. Викаат дека с` што се случуваше минатата недела упатува на тоа дека кроце кинисал дијалогот со ЕУ така што фабриките за слатки треба да почнат да размислуваат проевропски.

Ако мериме на таков начин, тогаш сигурно е дека Kире Лазаров станал голем европскептичар. Отишол на прием кај претседателката на шпанската покраина Мадрид со патики. Додека неговите соиграчи се дуздисале во лакирана „ципела“, Kире штедел на обувки. Читам на интернет како луѓево на разни форуми му го удираат сеирот. Некултурно било да се оди така на гости. Луѓе, човекот е Македонец, знае дека штом отидеш кај политичар, почнуваш да слушаш ветувања од типот ридови и долини. А ако почнеш да слушаш ветувања од типот ридови и долини, најпаметно е да фатиш штрафта. Kако да киднеш најбрзо, освен со патики. Затоа, оставете ми го Лазаров. Човекот отишол со дополнителна опрема која целосно соодветствува на пригодата.

Очигледно е дека кај нас уште долго време штом ќе ги видиме сликите на политичарите, ќе значи само едно нешто. Доаѓаат избори. Тогаш ветуваат дека под нивните фотографии и потписи се крие тон чоколадо, дека е доволно само да ги заокружиме броевите и чиниш си изгребал добитен вредносен лоз, ќе откриеш мед и млеко доволни да најадат и да напијат цела Македонија. А народот на крајот добива само уште една доза киселини во желудник.

Тоа е нашата вистина. Пробај да ги залепиш домашниве „политици“ на производи Made in Macedonia и потоа чекај јавно спалување, а фирмата да прогласи стечај. Единствено на што може да бидат аплицирани, а да има бизнис-логика, се производите од линијата на витамин Ц, оцет, сода бикарбона, корнишони.

Полесно ќе се договориме Сирма Војвода да стане бренд отколку кој било современ лик. Ако мојата маленкост се прашува, тогаш вистинско име за џебна наполитанка во Македонија е една наша млада пејачка. Мала и слатка на изглед, а има доволно чоколадо во себе. Сепак, репер треба да биде македонската јавност, а не јас. Доколку мериме по актуелност, тогаш ги предлагам следните брендови.

„Султан Сулејман“, оригинал турски локум со долг рок на употреба. Производот ќе има афродизијачки додаток, односно стимулативно дејство на потенцијата.

„Сникерс“ за македонскиот пазар треба да се преименува во „Бо Мекелејб“.

Гуми за џвакање - „Букефал“. Kолку повеќе ги џвакаш, толку поголеми стануваат.

До „Евровизија“ хит е „Kалиопи“, половина темно, половина бело чоколадо.

Ми падна шеќерот од муабетот. Одам да каснам една згодна „Членка на партискиот подмладок“ со додаток од мед и ореви. Партијата не ми е важна.

Жарко КУЈУНЏИСКИ

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=02F476E732...B8B939BA00
Без Ботев няма България
21-03-2012, 06:27 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 21-03-2012, 06:27 PM